Добавить новость


World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Март
2019

Новости за 21.03.2019

SlobodnaEvropa.mk 

ДИК ги потврди кандидатурите на претседателските кандидати

Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите за претседател на државата поднесени од Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Од Комисијата соопштија дека на денешната седница ДИК ги разгледала  листите за Претседател на Република Северна Македонија од кандидатите Пендаровски, Силјановска – Давкова и Река, констатирала дека се уредно поднесени и ги потврдила. ДИК најави дека на тројцата кандидати за претседател на државата ќе им подготви решенија за потврдување на поднесените листи. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ана Бландијана, симболот на бунтот, лауреат на СВП 2019

Романската поетеса Ана Бландијана е добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. Наградата ќе ѝ биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на Фестивалот кој ќе се одржи од 21 до 28 август.

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп- да се признае суверенитетот на Израл врз Голанската висорамнина

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е време да се признае израелскиот суверенитет врз Голанските висорамнини, територија што Израел ја одзеде од Сирија за време на војната на Блискиот Исток во 1967 година. "По 52 години, време е САД целосно да го признаат правото и суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина, што е од клучна стратешка и безбедносна важност за  Израел и регионалната стабилност", напиша Трамп на Твитер. Признавањето на контроверзната област ќе значи пресвртница... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Медиуми - Патувања во Брисел, приведувања и преговори за СЈО

Медиумите јавуваат дека Мицкоски и Силјановска беа во посета на Брисел, а Брисел го посети и премиерот Заев. Пишуваат и дека партиите преговараат за СЈО. Се осврнуваат и на судењето за Маѓар телеком и за притворот на екс градоначалникот на Карпош, Јакимовски.

SlobodnaEvropa.mk 

Ферибот се преврте во Ирак, над 70 загинати

Најмалку 71 лице загинаа откако преполн ферибод потона во реката Тигар во северен Ирак, објавија локалните власти. Трагедијата се случи денеска во близина на градот Мосул за време на прославата по повод одбележувањето на Норуз, пред-исламска персиска нова година. Полковникот Хусам Калил, шеф на цивилната одбрана во провинцијата Ниневија, изјави дека многу од загинатите се жени и деца. Тој додаде дека операциите за спасување сѐ уште се во тек. Извештаите велат дека бродот бил преполн со мажи, жени... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ципрас: Одбивање на почеток на пристапни преговори со Северна Македонија во корист на национализмот

Одбивањето на почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија би било одлука во корист на силите на назадувањето и национализмот, рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас, според грчката новинска агенција АНА-МПА, во неговото обраќање за време на подготвителниот состанок на европската социјалистичка патртија во Брисел. АНА-МПА повикувајќи се на грчки владини извори, објави дека во говорот, Ципрас ја споменал и европската перспектива на нашата земја, но и на земјите од Западен Балкан, јави МИА од Атина. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

МАНУ го даде предлогот за ново име на институцијата

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предлага нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Предлогот е усвоен на денешната консултативна седница на која биле разгледани предлозите на Владата: Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ и Национална академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. "По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Општина Сарај нема да ги легализира дивите платформи на Матка

Општина Сарај нема да ги легализира дивите платформи на Матка, но не може ниту да ги урне бидејќи имаат барање за легализација. Ова на денешната средба со медиумите го истакна градоначалникот на Сарај Блерим Беџети. " Ова е стар проблем со Матка и не случајно Општината е единствениот орган, институција што прва се изјасни дека има три бесправни објекти во вид на платформи. Уште во првата изјава кажав дека не сум склон на легализација бидејќи мислам дека не ги исполнуваат условите за легализација... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ДИК: Од утре течат роковите за редоследот на претседателските кандидати

ДИК ја почна седницата на која треба да утврди дали кандидатурите за претстојните претседателски избори се регуларни и согласно законот откако веќе се поднесени оние на кандидатите на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на албанската опозиција, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Комисијата по проверката ќе донесе решение за потврдување на кандидатурите со што Пендаровски, Силјановска и Река и официјално ќе станат кандидати за претстојните претседателски избори. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Караџовски не кажува зошто беше повикан во Обвинителството

Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџовски кој денеска неколку часа беше во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, изјави дека имал службени обврски и не може да каже зошто бил повикан во Обвинителството. Оттаму појаснуваат дека Караџовски е викнат во своство на сведок да даде исказ во врска со предметот по допрен глас објавен во медиумите, односно за допрецизирање на фактите во предметот во однос на додатоците на плати на членовите на Судскиот совет. Предметот беше... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Запленети над 250 килограми кокаин во Украина

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека запрлениле пратка од јужноамрикански наркотици во вредност од околу 51 милиони долари. СБУ велат дека нашле повеќе од четвртина тон кокаин скриен во „контејнери со банани“, за време на инспекција во јужноамерикански карго брод закотвен на пристаништето во Одеса на Црното Море. Во соопштението не е идентификувана земјата на потекло на бродот. „Брзата анализа идентификуваше пакуван прашок како кокаин“, се вели во денешното соопштение на СБУ. „Вкупната... Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Шестмина загинати во напад на ИД во Кабул

По повеќекратни експлозии денеска загинаа најмалку шест луѓе и 23 беа повредени во близина на шиитски храм во кабул, соопштија авганистански официјални претставници. Групата на Исламската држава презеде одговорноста за нападот. Две деца се меѓу повредените во експлозиите, изјви директорто на Службата за итни случаи Мухамад Асим. Имаше контрадикторни извештаи за причината за експлозиите во близина на светилиштето Шахит Карти Шиите и гробиштата во западен Кабул, населба која во голем дел е населена со шиитски муслимани. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Табли со Северна Македонија може да остават „неубави впечатоци“ во Грција

Патоказни табли со новото име Северна Македонија во Грција може да остават „неубави впечатоци“, вели грчкиот министер за инфраструктура и транспорт на Грција, Кристос Спирцис.

SlobodnaEvropa.mk 

„Еко-свест“ ги повикува граѓаните и властите на еколошки пост

За одбележувањето на првиот ден на пролеттаа и меѓународниот ден на шумите, граѓанската организација „Еко-свест“ денеска го започнува првиот еколошки пост, за време на кој ќе се пости од користење автомобили, купување производи во пластика, од шопинг со пластични ќеси, а ќе се оди пеш, со велосипеди, платнени торби и ќе се штеди струја. „Еко-свест“ ги повикува граѓаните да се приклучат на еколошкиот пост бидејќи, како што наведуваат, во последните неколку години нашата земја е погодена од екстремни временски услови... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обвиненија за тероризам против напаѓачот во Утрехт

Холандските обвинители соошптија дека осомничениот за смртоносниот напад во трамвајот во Утрехт ќе биде теретен за „терористички“ убиства, додавајќи дека тој пред судија ќе се појави на 22 март. „Истражуваме дали осомничениот дејствувал единствено од терористички мотив или дали неговите акции произлегуваат од лични проблеми во комбинација со радикализирана идеологија“, се вели во денешното соопштение на обвинителството. Обвинителите велат дека веруваат оти 37-годишниот Гокман Танис, кој е роден во Турција, дејствувал сам. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Центар за 5 години завршени речиси 1200 станови и уште ќе се гради

Уставниот суд времено го укина мораториумот за градење во општина Центар. Градоначалникот порача дека е разочаран и дека општината не се откажува од мораториумот. Во меѓувреме ликот на општината и сега се менува.

SlobodnaEvropa.mk 

Ветувањата надвор од претседателските ингеренции се манипулација на гласачите

До полноќ до Државната изборна комисија треба да се достават кандидатурите за претседател на државата. Откако ДИК ќе им ги прифати, тие до први април, нема да можат да водат кампања. Во изминатиов период пак, имаа секојдневни средби со граѓани во кои ветуваа и работи кои се надвор од нивните ингеренции.

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсени демонстранти кои се против преименување на Астана

Полицијата во Астана уапси околу 20 луѓе кои протестираа против преименувањето ан казахстанскиот главен град, откако поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев на 19 март даде оставка од функцијата по скоро 30-годишно владеење. Пред полицијата да ги уапси, демонстрантите кои протестираа пред канцеларијата на градоначалникот во Астана, беа соочени со десетици луѓе кои поддржуваат преименување на градот. Нема инфорамции дали против демонстрантите се поднесени обвиненија. Казахстанскиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Фудбалската репрезентација против Латвија под името БЈРМ

На официјалната интернет страница на УЕФА стои дека македонската фудбалска репрезентација вечерва на натпреварот против Латвија ќе настапи под името БЈР Македонија, во рамки на натпреварите за квалификациите за Европското првенство. И Фудбалската федерација се уште e Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), а на интернет страницата на ФФМ е наведено дека „А репрезентацијата на Македонија“ го одржала последниот тренинг пред натпреварот со Латвија за квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Од... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Караџовски како сведок повикан на распит во Обвинителството

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдуваат од Обвинитеството. Оттаму појаснуваат дека Караџовски е викнат во своство на сведок да даде исказ во врска со предметот по допрен глас објавен во медиумите, односно за допрецизирање на фактите во предметот во однос на додатоците на плати на членовите на Судскиот совет. Предметот беше оформен во декември минатата година по објавите на медиумите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Два отсто раст на просечната плата

Просечната плата во јануари оваа година изнесувала 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика, со што просечната нето плата по вработен во однос на истиот месец минатата година бележи зголемување за два отсто. ДЗС наведува дека растот се должи на зголемувањето на просечната месечна плата во секторите здравствена и социјална заштита 9,6 отсто, рударство и вадење камен 8,3 отсто и образование 5,3 отсто. Просечната бруто плата во јануари 2019 година изнесувала 36.386 денари и бележи зголемување за 3,3 отсто, според податоците на ДСЗ.

SlobodnaEvropa.mk 

ЦСУ - Ѓубришта долги 30 километри по течението на Вардар

Преку 300 диви депонии и над 1.500 селски буништа и ѓубришта има на територијата на Македонија според сознанијата на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, кој посети над 200 депонии низ цела држава во акција која е дел од проектот „Креативни заедници на ЦСУ“ поддржан од УСАИД. Според нивните податоци најзагрозени со депонии и ѓубришта се Полошкиот, Скопскиот и Кумановскиот регион, а како што е наведено, „најубавите и најразвиените“ депонии кои „најдобро“ го упропастуваат пејзажот ги одбележале... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп: јавно да се објави извештајот на Мулер за руското мешање

Американскиот претседател Доналд Трамп побара да се објави во јавноста конечниот извештај на специјалниот советник Рoберт Мулер за истрагата во врска со руското мешање во претседателската кампања во 2016 година. „Нека видат луѓето“, изјави тој, додавајќи дека скоро двегодишната истрага била „смешна“. Неговите коментари доаѓаат по шпекулациите дека Мулер е на крајот од истрагата во за врските на изборниот штабн на Трамп со руски претставници.

SlobodnaEvropa.mk 

Во Франција воено засилување за протестите на „Жолтите елеци“

Припадници на француската воена антитерористичка мисија „Стражар“ ќе бидат дополнително разпоредни в сабота за време на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“, соопшти француската влада. Целта е одржување на јавниот ред и мир откако на протестите во минатата сабота дојде до нереди и насилства на париската авенија Елисејски полиња. Властите изразија решеност да одговорат на секаков вид насилство на протестите на ова движење кое ги организира од 17 ноември лани поради незадоволство од општата државна политика.

SlobodnaEvropa.mk 

Тереза Меј е решена да го спроведе Брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е решена да го спроведе Брегзитот и ги повика пратениците да ја поддржат спогодбата која на два пати парламентот ја одби. „Се надевам искрено дека пратениците ќе ја поддржат спогодбата за која преговарав со Европската унија“, рече Меј, која вчера побара од Унијата одлагање на датумот на почетокот на Брегзитот кој е предвиден за 29 март. Лидерите на ЕУ денеска за тоа ќе расправаат на дводневниот самит во Брисел.


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus