Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Караџовски не кажува зошто беше повикан во Обвинителството

Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџовски кој денеска неколку часа беше во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, изјави дека имал службени обврски и не може да каже зошто бил повикан во Обвинителството.


Оттаму појаснуваат дека Караџовски е викнат во своство на сведок да даде исказ во врска со предметот по допрен глас објавен во медиумите, односно за допрецизирање на фактите во предметот во однос на додатоците на плати на членовите на Судскиот совет.


Предметот беше оформен во декември минатата година по објавите на медиумите дека Судскиот совет донел одлука за за зголемување на платите на неговите членови и платите на судиите во висина од 35 отсто од основната плата.


Прашан дали станува збор за доделувањето на надоместоци, Караџовски рече дека имал обврски во оваа зграда и дека не може да каже во врска со што.


Во врска со тоа дали тој ги потпишал надоместоците од 35 проценти за двата месеци изминатата година, Караџовски рече „да, нормално јас сум претседател на Судски совет и претседател на Судски буџетски совет“.


" Одлуката за надоместоците за тие три месеци. Одлуката дека се обезбедени средства и решенијата за исплата на додатоци на плата ги потпишав јас, а за мене мојот заменик", изјави Караџовски.


На новинарско прашање дали и зошто не била поканета министерката за правда на таа седница, одговори дека ресорната министерка е секогаш поканета.


"Сите министри биле уредно секогаш поканувани, а во наредниот период и со телефонски јавувања и пораки е поканувана лично од моја страна. Ниту еден министер ниту еднаш не беше на седница на судски буџетски совет јас од кога сум претседател на судски буџетски

совет. Како член на судски буџетски совет министерот за разлика од членувањето во судски совет е со право на глас", изјави Караџовски.


 


 


 


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus