Обвиненија за тероризам против напаѓачот во Утрехт
„Истражуваме дали осомничениот дејствувал единствено од терористички мотив или дали неговите акции произлегуваат од лични проблеми во комбинација со радикализирана идеологија“, се вели во денешното соопштение на обвинителството.
Обвинителите велат дека веруваат оти 37-годишниот Гокман Танис, кој е роден во Турција, дејствувал сам.
Три лица беа убиени во трамвај во западниот дел на Утрехт за време на пукањето на 18 март, а петмина други беа повредени.
Танис беше уапсен по седумчасовна потрага. Инспекторите откриле писмо меѓу другите докази во автомобилот кој беше користен за бегство, за кое велат дека укажува на тероризам.