До полноќ до Државната изборна комисија треба да се достават кандидатурите за претседател на државата. Откако ДИК ќе им ги прифати, тие до први април, нема да можат да водат кампања. Во изминатиов период пак, имаа секојдневни средби со граѓани во кои ветуваа и работи кои се надвор од нивните ингеренции.