Трамп- да се признае суверенитетот на Израл врз Голанската висорамнина
"По 52 години, време е САД целосно да го признаат правото и суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина, што е од клучна стратешка и безбедносна важност за Израел и регионалната стабилност", напиша Трамп на Твитер.
Признавањето на контроверзната област ќе значи пресвртница во американската политика седум дена пред доаѓањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.
Веќе некое време, Нетанјаху бараше САД да го признаат суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина.