Романската поетеса Ана Бландијана е добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. Наградата ќе ѝ биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на Фестивалот кој ќе се одржи од 21 до 28 август.