Вкупно 816 демонстранти се уапсени во Судан до почетокот на протестите на 19 декември поради поскапувањето на лебот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. За време на протестите загинаа 19 луѓе, меѓу кои и двајца припадници на силите за безбедност. Амнести интернејшнал соопшти дена загинале 37 луѓе, додека ОН побараа независна истрага за околностите за смртта на демонстрантите. Министерот за внатрешни работи Ахмед Осман изјави дека досега се одржале над 380 протестни собори. ... Читать дальше...
Двајца потпретседатели на италијанската популистичка влада, Луиџи ди Маџо и Матео Салвини, денеска го поддржаа граѓанското свижење „Жолти елеци“ во Франција, кое од 17 ноември протестира против политиките на францускиот претседател Емануел Макрон. „Жолти елеци, не попуштајте“, наведе Ди Мајо, лидер на „Движењето пет ѕвездички“ на блогот на неговата партија. „Ги поддржувам чесните граѓани кои протестираат против претседателот кој владее против својот народ“, наведе Салвини, кој е лидер на екстремно десничарската партија Лига... Читать дальше...
Министерството за здравство соопшти дека денеска до 13 часот МРП вакцина примиле 23 деца. Досега се вакцинирани 1.102 деца. Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), информираат од Министерството и апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата Глаксо Смит Клајн од Белгија. Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, од утре ќе работат во две смени, од 07:30 до 19 часот. Читать дальше...
Бебето, кое беше пронајдено живо од спасувачите во урнатините од срушената зграда во рускиот град Магнитогорск, се освести. Машкото беше поминало околу 35 часа во урнатините на температури под нулата, откако станбената зграда се урна, најверојатно по експлозија на гас. Руската министерка за здравство Вероника Скворцова денеска изјави дека 10-месечниот Иван Фокин почнал да дише без респиратор и дека докторите во клиниката во Москва го исклучиле системот за одржување во живот. Бебето Иван претрпело повреди на черепот... Читать дальше...
Шестмина членови на екипажот загинаа во денешниот бродолом на товарен брод, кој превезувал јаглен, во близина на турскиот брег во Црното Море, соопштија турските власти. Меѓу загинатите е и капетанот на бродот, додека седуммина членови на екипажот биле спасени, пренесува Асошиејтед прес. Турските власти почнале операција за потрага и спасување во морето во областа Самсун кога стигнал повикот за помош од бродот кој пловел под панамско знаме. Во потрагата учествувале еден авион, три хеликоптери и два брода. Читать дальше...
Властите во јужна Германија, Австрија и во Швајцарија денеска затворија патишта и одредени железнички линии поради силниот снег во областа на Алпите. Германската новинска агенција ДПА јави дека 44-годишен човек загинал во Вакерсберг во Баварија кога врз него паднале гранки под тежината на снегот. Тројца скијачи во Австрија и една жена во Баварија умрена во несреќи поврзани со временските непогоди за време на викендот. Надлежните предупредуваат на висок ризик од лавини на северниот дел на Алпите. Читать дальше...
Се надеваме во текот на оваа година и ние да се израдуваме како Автокефална црква, признаени од Вселенската Патријаршија и од останатите помесни православни цркви, изјави владиката Петар, одговарајќи на новинарското прашање во врска со тоа дали и МПЦ може да се надева на томос за автокефалност од Цариград исто како што доби Украинската црква. Тој денеска во Прилеп го благослови традиционалниот Божиќен ручек за околу 500 деца од цела Македонија. Владиката Петар признава дека во моментов нема континуитет во контактите со Цариград... Читать дальше...
Велика Британија тестира како нејзините автопати и фериботи ќе се справат со ситуацијата во случај на излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, испраќајќи низа шлепери од регионалниот аеродром до пристаништето Довер. Тестот почна утринава и целта му е да измери колку сериозно ќе биде нарушувањето ако Британија на 28 март ја напушти ЕУ без договор. Се очекува дека излегувањето од Унијата без договор ќе доведе до царински и тарифни бариери кои би го забавиле брзото движење на фериботите и... Читать дальше...
Српскиот претседател Александар Вучиќ е одликуван со орденот Александар Невски, објавено е денеска на официјалната страница на претседателот на Русија, Владимир Путин. Во соопштението се наведува дека Путин го потпишал декретот за доделувањето на одликувањето Александар Невски за Вучиќ за големиот личен придонес за развојот на мултилатералната соработка со Руската Федерација. Орденот на Свети Александар Невски меѓу другите им е доделен на српските кралеви Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ... Читать дальше...
Нападот врз американската Амбасада не може да ги повреди силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и односи Грција - САД, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со денешниот напад со боја врз американската амбасада во Атина од членови на анархистичката група „Рубикон“, јави дописничката на МИА од Атина. „Го осудуваме фрлањето боја од членови на анархистичка група во дворот на Амбасадата на САД, што предизвика материјална штета. Ваквите активности не може да ги повредат силните... Читать дальше...
Министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шаља, вели дека претседателот Хашим Тачи не може да дава ветувања за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, затоа што одлуката за воведување на таксата ја донесе Владата на Косово, а не претседателот, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовските медиуми ја пренесоа изјавата на Тачи за „Вашингтон Пост“ дека таксата кон Србија и БиХ може да се укине „доколку на Косово му се отвори јасен пат кон постигнувањето конечен мировен договор со Србија“. Читать дальше...
Двајца членови на екипажот на потонатиот брод кај Турција се пронајдени загинати, а седуммина се спасени досега, информираат турските власти. Тие денеска покренаа спасувачка операција, откако еден брод кој превезувал јаглен потона во Црното Море. Властите соопштија дека утринава примиле сигнал за опасност од бродот под панамско знаме кој испловил од турското пристаниште Самсун. Авион, четири хеликоптери и неколку спасувачки бродови трагаат по останатите. Новинската агенција Анадолија објави дека бродот се преполовил при потонувањето. Читать дальше...
Владата на Габон денеска соопшти дека обидот за воен удар бил неуспешен и оти пучистите се уапсени. Група војници денеска се обидоа да ја преземат власта, додека болниот претседател на земјата е во странство. Војниците рано утринава упаднале во радио станицата во главниот град Либревил и го повикале народот „да се дигне“. Во исто време биле слушнати истрели, но владата по неколку часа соопшти дека „ситуацијата е ставена под контрола“. Четворица од петтемина војници кои упаднаа во радиото се уапсени... Читать дальше...
Иако Законот за работни односи подеднакво важи и за младите работници, од Секцијата на млади при ССМ укажуваат дека во пракса најмногу се кршат нивните права. На младите им препорачуваат да бидат синдикално активни и да побараат бесплатна правна помош од синдикатот.
Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина. Полицијата соопшти дека десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност презела анархистичката група Рубикон. Тие изјавиле дека тоа го направиле поради „американскиот империјализам“ и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО,... Читать дальше...
Онлајн купувањето станува сè поактуелно, но потрошувачите се уште не се чувствуваат безбедно и постои страв од е-трговија. Но, ако имате дигитални вештини, можете и сами да се штитите од потенцијални измами, вели Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Под притисок на американската администрација на претседателот Доналд Трамп, косовскиот претседател Хашим Тачи ветил дека ќе преземе значаен чекор кон решавање на ескалирачкото одмерување на силите со Србија, пишува „Вашингтон пост“. Во текстот се наведува дека Трамп невообичаено директно им се обратил на српскиот и косовскиот лидер со тоа што лично им испратил писма во кои ја навестува можноста дека мировната церемонија би можела да се одржи во Белата куќа. Американскиот весник наведува дека Тачи на 21 декември... Читать дальше...
Талибанските милитанти нападнаа позиции на авганистанските безбедносни сили на западот на земја, при што убија 21 полицајци и припадници на провладините милиции, а деветмина биле ранети, соопштија денеска властите. Нападите врз контролните пунктови се случиле синоќа во два различни дела на провинцијата Бадгис во близина на границата со Туркменистан. Властите велат дека во судирите биле убиени најмалку 15 талибанци, а 10 биле ранети. Портпаролот на талибанците изјави дека убиле 34 авганистански... Читать дальше...
Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган планираат наскоро да се сретнат за да разговараат за најавеното заминување на американските сили од Сирија, каде што и двете земји имаат значително воено присуство. Средбата се очекува да биде во текот на овој месец, но се уште не е прецизирано кога и каде. Путин и Ердоган последен пат се сретнаа на 1 декември на самитот на Г20 во Буенос Аирес.
Москва не се грижи за просперитетот на Македонија, Србија, БиХ..., бидејќи ѝ треба нестабилен Балкан за да ги оствари своите цели кои немаат врска со мир и безбедност туку се насочени кон запирање на проширувањето на НАТО и ЕУ со нови членки, велат експертите.
Министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер најави за денеска во Берлин разговори со одговорните за информациска безбедност по повод хакерскиот напад врз стотици германски политичари и познати личности, чии лични податоци беа објавени на интернет. Меѓу хакираните била и германската канцеларка Ангела Меркел. Огромното количество податоци е поврзано со нивната приватна кореспонденција.
Британската премиерка Тереза Мeј ќе побара одложеното парламентарно гласање за нејзиниот договор за Брегзитот да се одржи на 15 јануари, објави денеска Би Би Си, наведувајќи извори во владата. Меј беше принудена да го повлече гласањето за нејзиниот договор во декември, откако оцени дека ќе биде поразена со големо мнозинство.
Не бил постигнат напредок ни на вчерашните преговори во Конгресот околу договор за буџетот и крај на делумното затворање на американската влада. Преговорите меѓу претставници на Конгресот и на администрацијата продолжуваат и натаму. Претседателот Доналд Трамп изјави дека стои зад неговото барање од 5,6 милијарди долари за финансирање на ѕидот на границата со Мексико. Демократите кои ја имаат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот сметаат дека со ѕидот не се решава проблемот со миграцијата во САД.
Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека е „ирационално“ тврдењето оти Турција ќе ги нападне Курдите. Тој прецизираше дека цел на турската војска е Исламска држава, како и припадниците на курдската Единица за заштита на народот и Работничката партија на Курдистан. Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон претходно изјави дека новиот услов за повлекување на американската војска од Сирија е Турција да прифати да ги заштити Курдите во Сирија, кои се сојузници на САД.
Православните христијани чии цркви се водат според Јулијанскиот календар го прославуваат Божиќ.