Велика Британија тестира како нејзините автопати и фериботи ќе се справат со ситуацијата во случај на излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, испраќајќи низа шлепери од регионалниот аеродром до пристаништето Довер. Тестот почна утринава и целта му е да измери колку сериозно ќе биде нарушувањето ако Британија на 28 март ја напушти ЕУ без договор.
Се очекува дека излегувањето од Унијата без договор ќе доведе до царински и тарифни бариери кои би го забавиле брзото движење на фериботите и железничкиот сообраќај меѓу Велика Британија и континентална Европа. Постои загриженост дека сообраќајните метежи околу пристаништето во Довер би можеле да ја попречат трговијата.
Се очекува британскиот парламент наредната недела да гласа за договорот за излез од ЕУ.