Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Владика Петар - Се надеваме годинава и ние да се израдуваме како Автокефална црква 

Се надеваме во текот на оваа година и ние да се израдуваме како Автокефална црква, признаени од Вселенската Патријаршија и од останатите помесни православни цркви, изјави владиката Петар, одговарајќи на новинарското прашање во врска со тоа дали и МПЦ може да се надева на томос за автокефалност од Цариград исто како што доби Украинската црква.



Тој денеска во Прилеп го благослови традиционалниот Божиќен ручек за околу 500 деца од цела Македонија. Владиката Петар признава дека во моментов нема континуитет во контактите со Цариград, но се надева дека наскоро ќе се воспостави, бидејќи МПЦ е втората по Украинската црква која треба да ја добие автокефалноста. Според него, ние никогаш не смееме да загубиме надеж.



„Се надеваме до крајот или во текот на оваа година и ние да се израдуваме како Автокефална црква, признаени од Вселенската Патријаршија и од останатите помесни православни цркви, бидејќи ги исполнуваме, не од сега, туку од поодамна, сите услови за тоа. Само можеби требаше да почекаме да дојде денот да се исполни таа наша надеж и тоа ветување што ни беше кажано од поодамна дека ќе дојде денот и ќе биде признаена нашата света Црква. Сега, контактите и комуникациите не се постојани, но се надевам дека по празниците, или како времето се подобрува, ќе воспоставиме, најверојатно, контакти. Чекаме на нив“, рече владиката Петар.



На прашањето дали следува раскол во Православието по ставот на Москва, владиката Петар смета дека станува збор повеќе за недоразбирања од политички аспект кои со време ќе се надминат.



„Мислам дека овој раскол не е од такви размери. Мислам дека станува збор за недоразбирање, повеќе, од политички аспект. И тоа ќе се надмине, зашто не станува збор за канонски или догматски разлики во верскиот живот, туку тоа се некои политички недоразбирања, кои длабоко верувам дека со текот на времето ќе се надминат“, рече владиката Петар при денешниот престој во Прилеп.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus