Над 800 уапсени демонстранти во Судан од почетокот на протестите
За време на протестите загинаа 19 луѓе, меѓу кои и двајца припадници на силите за безбедност.
Амнести интернејшнал соопшти дена загинале 37 луѓе, додека ОН побараа независна истрага за околностите за смртта на демонстрантите.
Министерот за внатрешни работи Ахмед Осман изјави дека досега се одржале над 380 протестни собори.
Протестите против поскапувањето на лебот подоцна се претворија во протести против владата.
Во делови од Судан, како и во главниот град Картум има недостиг од леб. Во Картум од почетокот на минатата година има големи редици за основни намирници, како и за гориво на пумпите.