Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11-ти месецов влегол во Црна Гора и истиот ден излегол од државата, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. „По повод наводите објавени во медиумите, како и интересот на медиумите за ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дека поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, во интерес на информирање на јавноста ве известуваме за следното: Никола Груевски влегол во Црна Гора... Читать дальше...
Европската комисја денеска за 20 милиони евра ја намали финансиската помош за Молдавија за периодот 2017 – 2018 година, поради загриженост за владеењето на правото и демократското назадување на земјата. Финансиката помош за земјата од ЕУ првично изнесуваше 140 милиони евра за двете години. Исто така, комесарот за проширување Јоханес Хан за РСЕ изјави дека програмата за макро-финансиската помош од 100 милиони евра за земјата сега е суспендирана до понатамошно известување, откако привремено беше замрзната во јули. Читать дальше...
Стратешка програма со фонд од 1,5 милиони најави Владата за решавање на проблемот со загадениот воздух. Еколошките граѓански организации реагираат дека тоа е „лажна борба против аерозагадувањето“, во услови кога само партиите од буџетот ќе земаат по 4,5 милиони евра годишно.
Поранешниот премиер Никола Груевски со автомобил во сопственост на амбасадата на Унгарија ја напуштил Албанија преку преминот „Хан Хоти-Муриќан“, на албанско-црногорската граница, соопшти денеска секторот за граница и миграција на албанската државна полиција, потврдувајќи официјално дека осудениот Груевски во Унгарија заминал преку Албанија. „Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанијана на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на... Читать дальше...
Медиумите се преплавени со вести за тоа дека поранешниот премиер побара азил во Будимпешта. Неговото бегство се анализира од сите аспекти. Медиумите пишуваат и за притворот за Јанакиески и Божиновски и за најавениот попис.
Поранешниот премиер Никола Груевски ја напуштил Албанија на 11 ноември во 19 часот, потврдиле албанските влсати откако извршиле верификација на системот на граничните премини, јавуваат албанските медиуми, пренесува МИА. Според извештаите, Груевски од Албанија излегол преку граничниот премин Хан Хоти-Муриќан на границата со Црна Гора, а бил во дипломатско возило на унгарската амбасада и поседувал пасош на негово име. Телевизијата „Топ ченл“ повикувајќи се на сигурни извори известува дека од прегледот на TIMS системот на премините... Читать дальше...
Во „Мала станица“ во Скопје, в сабота, на 17 ноември во 19 часот, како заокружена фаза од проектот „Во моите чевли“, ќе биде отворена изложба на модни фотографии чии модели се лица со посебни потреби. Проектот има за цел да ги разбие стереотипите околу поимањето на убавината.
На четворица чувари во затворот во рускиот град Челјабинск им беа одредени затворски казни за претепување на заробеник до смрт. Судот во Челјабинск го прогласи за виновни четворицата мажи за злоупотреба на моќ со насилство и ги осуди на затворски казни од три до осум години. Осудениот Султан Исаров во декември 2015 година беше пронајден мртов во затворот „Колективна колонија бр.2“. Затворските власти првично тврдеа дека станува збор за самоубиство. Но, околу 500 затвореници започнаа штрајк со глад... Читать дальше...
Хрватскиот суд наложи гаранција во износ од околу милион евра за да го пушти основачот на задолжената хрватска компанија „Агрокор“, Ивица Тодориќ да се брани од слобода. Окружниот суд во Загреб денеска објави дека Ивица Тодориќ треба да го врати пасошот, како и дека нема да може да патува надвор од главниот град, ако биде ослободен со кауција. Тодориќ е обвинет за лошо управување со производителот на храна „Агрокор“ и за проневера на милиони евра. Тој беше уапсен во Лондон пред една година врз основа на европски налог за апсење... Читать дальше...
Во Грција во моментов престојуваат над 74.000 баратели на азил, соопштија грчките власти, наведувајќи дека прават напори за подобрување на условите во мигрантските центри на островите. Во последните месеци околу 6 илјади лица од центрите на островите се преместени во внатрешноста на земјата, изјави грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас. Тој рече дека состојбата во центрите е тешка, дека во нив се сместени околу 20.000 лица, а оти инфраструктурата е предвидена за 10.000 лица. Во... Читать дальше...
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов демантира дека Претседателот се сретнал со посредник на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, на која наводно се барала амнестија за сега обвинетиот Јанакиески. „Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со... Читать дальше...
Британската фунта денеска падна за 1,48 отсто во однос на американскиот долар по новите превирања во британската влада околу договорот за Брегзит. Министерот за Брегзит Доминик Раб и уште четворица други министри денеска поднесоа оставки. Британската валута вчера оствари раст, откако премиерката Тереза Меј соопшти дека постигнала договор со ЕУ за излезот на Британија од Унијата. Дел од министрите кои денеска поднесоа оставки не се согласуваат со договорот.
Саудискиот обвинител Сауд ал-Моџеб денеска побара смртна казна за петмина обвинети за убиството на новинарот Џамал Кашоги и ја исклучи можноста престолонаследникот Мохамед бил Салман да бил вклучен во злосторството. Според него, Мохамед бил Салман „нема никакви сознанија за овој случај“. Обвинителот денеска во Ријад изјави дека петмина луѓе го наредиле и извршиле убиството на Кашоги, откако „пропаднале разговорите со него“ во саудискиот конзулат во Истанбул. Тој рече дека новинарот бил убиен со смртоносна инјекција... Читать дальше...
Унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата на некои регионални медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, една ноќ минал во оваа Амбасада по што од Меѓународниот аеродром во Тирана заминал за Будимпешта. За тиранската телевизија Топ чанел, од Амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процесите кои се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта. Во меѓувреме, албанската полиција на граничните... Читать дальше...
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска во Приштина рече дека прашањето за азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски е правно, а не политичко прашање. На новинарско прашање дали Унгарија ќе му даде азил на Груевски или ќе го екстрадира во Македонија, Сијарто рече дека имиграциските власти ќе ја спроведат процедурата врз основа на меѓународното право по што „ќе ги видиме резултатите“. Тој денеска во Приштина се сретна со неговиот косовски колега Беџет Пацоли.
Поради основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот Никола Груевски нелегално да ја напушти Република Македонија, Обвинителството почна предистражна постапка. Предметот е оформен по допрен глас. „Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија“, соопшти Јавното обвинителство. Читать дальше...
Отворајте вратите, се брани Македонија, нема назад, ако треба ќе гинеме за Македонија се дел од СМС и вибер пораките коишто си ги разменувале пратеници и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на насилствата во Собранието на 27 април минатата година. На денешното рочиште во Кривичниот суд се читаа пораките од телефонот на пратеникот Крсто Мукоски, кој е еден од обвинетите за насилствата. Во вибер групата, во која се допишувале, пратеникот Јохан Тарчуловски напишал „удрија душманите, нема назад“... Читать дальше...
Портпаролот на владата Миле Бошњаковски денеска информира дека внатрешната контрола на МВР веќе започнала со испитување на евентуална вклученост на претставници од полицијата во планот за бегство на Груевски. МВР истражува на кој начин Груевски ја напуштил Македонија, како и дали имал надворешни помагатели. На денешната прес-конференција, тој рече дека Министерството за правда ја собира потребната документацијата за екстрадиција на Груевски од Унгарија. Потоа таа документација ќе треба да се преведе... Читать дальше...
Тоа што во предлог законот за попис се предлага исклучување на прашањата за етничка и верска припадност не значи бришење на нацијата, велат експертите. Најголемите политички партии засега се воздржани околу ваквите измени, но апелираат дека е најважно пописот да биде професионално спроведен.
САД сметаат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да си ја отслужи затворската казна во својата земја, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за порталот „Политико.еу“. „Во правен и транспарентен процес Никола Груевски беше осуден од македонскиот суд за злоупотреби на службената должност и осуден на две години затвор. Пресудата беше потврдена и од други судски инстанци. Дополнително, Груевски е обвинет во уште четири кривични предмети. Читать дальше...
Неколкумина британски министри поднесоа оставки во знак на протест против нацрт-договорот за Брегзит постигнат меѓу Лондон и ЕУ по неколкумесечните преговори. Преговарачот на ЕУ Мишел Барние и британската премиерка Тереза Меј синоќа соопштија дека го договориле за нацрт-договорот за излегување на Велика Британија од Унијата кој има 585 страници. Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, го закажа Самитот на лидерите на ЕУ за Брегзит за 25 ноември. На Самитот треба да се даде поддршка за договорот. Читать дальше...
Политичките ставови, пропагандните кампањи и контролата на медиумите им се заеднички особини во владеењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан и поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Будимпешта, сметаат аналитичарите.
Парадоксално е личност во чие владеење Македонија беше окарактеризирана како „заробена држава“ токму од Европската комисија да бара азил од земја-членка на ЕУ. Ова му го кажал министерот за надворешни работи Никола Димитров на неговиот унгарски колега Петер Сијарто во телефонски разговор, информира МНР. Димитров ја потенцирал важноста на принципот на владеење на правото, кој претставува темелен европски принцип. Сијарто потврдил дека поранешниот премиер Никола Груевски побарал азил во Унгарија и дека процедурата е во тек. Читать дальше...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја изразил желбата да побара политички азил во унгарска амбасада надвор од Македонија и Унгарија нема никаква врска со неговото излегување од Македонија, вели Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави пред малку новинската агенција Ројтерс. Тој не кажува во која земја е унгарската амбсада во која Груевски искажал намера за барање за азил, ниту како од таму стигнал до Будимпешта. Според него, Груевски не се сретнал со Орбан откако е во Унгарија. Читать дальше...
Државната каса ќе тежи 3,7 милијарди евра, што е за 300 милиони евра повеќе од годинашниот. За власта буџетот е социјален и развоен. Опозицијата досега не се произнела за предлогот. Стопанствениците и економистите, пред кои беше презентиран, имаa одредени забелешки.