Собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржа четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани. Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај потврдување на македонскиот идентитет, да стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите... Читать дальше...
СДСМ денеска соопшти дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „може да се подготвува само за пораз на какви било избори“, како реакција на изјавата на лидерот на опозицијата дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претстојните претседателски избори. Од СДСМ велат дека се што прават Мицкоски и „антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на амнестија на Груевски и блокирање на иднината на земјата во ЕУ и НАТО.“ Денеска Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус... Читать дальше...
СДСМ денеска соопшти дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „може да се подготвува само за пораз на какви било избори“, како реакција на изјавата на лидерот на опозицијата дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претстојните претседателски избори. Од СДСМ велат дека се што прават Мицкоски и „антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на амнестија на Груевски и блокирање на иднината на земјата во ЕУ и НАТО.“ Денеска Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус... Читать дальше...
Собраниската Комисија за уставни прашања ја почна расправата за четвртиот и последен нацрт-амандман, односно за амандманот 36 со кој се предлага да се замени членот 49 од Уставот, што произлегува од потребата за имплементација на Договорот од Препа меѓу Македонија и Грција. Со нацрт-амандманот, како што појасни премиерот Зоран Заев, се предлага и се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на историското и културното наследство на македонскиот народ, како и... Читать дальше...
Претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Косово Хашим Тачи се сретнаа во Париз каде сеодржува стогодишнина од крајот на Првата светска војна. Тачи на социјалната мрежа објави дека во саботата вечер имал, како што наведе, одлична средна со американскиот претседател. Тачи на Твитер анпиша дека Трамп изразил целосна поддршка за постигнување на договор меѓу Косово и Србија. „Синоќа имав одлична средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој изрази 100% поддршка за законски обврзувачки договор меѓу Косово и Србија. Читать дальше...
На стотици жеени во Иран им бешее дозволено да присуствуваат на финалето на Азиската лига на шампион во Техеран, објавија локалните медиуми, во она што се сеташе за важен чекор за ставање на крај на децениското исклучување на жените да присуствуваат на важни фудбалси натпревари. Поголемиот дел од жените кои го гледаа фудбалскиот тим Персеполис од Техеран како игра против јапонскиот тим Антлерс на стадионот „Азади“ во Техеран, рекоа дека се роднини на играчи, членови на женски фудбалски тимови или вработени во фудбалсакта федерација. Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Битола. Тој посочи дека доколку парламентарното мнозинство донесе одлука, неговата партија е подготвена и за предвремени парламентарни избори. „ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци, ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се посилно, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус, кој ќе се одржи напролет, а доколку парламентарното мнозинство одлучи... Читать дальше...
Компаниите снабдувачи со електрична енергија најдоцна до 3 декември треба да аплицираат на јавниот тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија, што го распиша Владата во септември согласно новиот Закон за енергетика кој треба да се реализира до крајот на годинава. Главните критериуми за избор се фирмата да има капитал од 20 милиони евра, искуство во дејноста и способност за испорака на сметки, а пресудна ќе биде цената што ќе ја понудат за маржата за покривање на нивните трошоци. Читать дальше...
Воена вежба изведуваат армиските и полициските специјални сили на воениот полигон „Криволак“, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, помогнати од единици на АРМ и МВР, соопшти АРМ. Вежбата „Есенска бура“ има цел за унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани. Армијата соопшти дека денеска и утре ќе биде изведена заедничка обука на единицита на специјални задачи ЕЗС „Тигар“ и армиските „Волци“ каде... Читать дальше...
Десетици светски лидери присуствуваа на церемонијата во Париз за одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна. На 11 ноември беше прекинат четиригодишниот конфликт во кој загинаа најмалку 10 милиони војници и милиони цивили. Францускиот претседател Емануел Макрон и околу 70 шефови на држави и влади, вклучително американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, застанаа пред Триумфалната капија на дождливото време... Читать дальше...
Собраниската комисија за финасирање и буџет денеска треба да ја заврши расправата по Предлог-измените и доплнувањата на Буџетот за 2018 година во второ читање, која започна во петокот, а може да трае најмногу три дена. Министерот за финансии Драган Тевдовски образложи дека ребалансот се базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП. Тевдовски рече дека со ребалансот се очекува да се подобри фискалната позиција на општините... Читать дальше...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на неговиот австриски колега му кажа дека Русија неправедно се обвинува за шпионажа, откако Виена соопшти дека испитува поранешен австриски полковник за наводна шпионажа за Москва која траела децении. Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Лавров зборувал за „несуштински обвинувања“ додека на 10 ноември зборувал на телефон со австрискиот министер за надворешни работи карин Кнајсл. Лавров рече дела Виена треба да ги дискутира наводите приватно идиректно со Москва... Читать дальше...
Сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина одржуваат избори, кои Киев и Западот ги сметаат за „нелегални.“ САД и ЕУ соопштија дека изборите на 11 ноември во областите Доњецк и Луганск кои се контролирани од сепаратистите поддржани од Русија, дополнително ќе ги попречат напорите за ставање крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 10.300 луѓе од април 2014 година. Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека изборите „претставуваат уште еден пример на руската субверзивна активност.“... Читать дальше...
Прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е политички мотивиран од страна на актуелната криминална и ненародна власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека премиерот Зоран Заев преку политичката хајка против Груевски „сака да ја дефокусира јавноста од промената на името преку амандманската расправа за промена на Уставот и катастрофалниот ребаланс на буџет, која ја отсликува неспособноста на власта.“ „Партиското „Кацарска судство“ во срамен и монтиран случај го осуди Никола Груевски за непостоечко дело... Читать дальше...
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска денеска е во посета на Француската Република каде на покана на претседателот на Емануел Макрон ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, соопштиј Кабинетот на претседателот. На церемонијата што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз, ќе се обрати Макрон, а предвидено е присуство на лидери чии земји се бореле во Европа од 1914 до 1918 година, како и земјите кои испратиле свои контингенти да војуваат во Европа. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево, особено на север, додека на југ се очекува облачно претпладне. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен, соопшти УХМР. Во Скопје попладне времето ќе биде сончево, а ќе дува и слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде до 18 степени. Утринава имаше магла во Скопско, Тетовско и Струмичко, во останатите делови од земајава имаше мала до умерена облачност и понекаде дуваше и слаб променлив ветер.
Има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието, вели вицепремиерот Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Но процесот ќе биде во консултација со меѓународни партнери, вели тој.
Не се амбицираме дека од утре Македонија ќе ја направиме европска, туку ако секој нареден ден ни е подобар од претходниот, во смисла на конкретни резултати, ние имаме добар тренд на трансформација на државата, вели вицепремиерот Бујар Османи за РСЕ.
Припадниците на Движењето против уставните промени „Македонија Блокира“ достави протестни писма до пратениците на опозицијата кои гласаа за отворањето на прашањето за уставни измени. Тие вечерва ги посетија домовите на охридските пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на кои им го предадоа писмото во кое се апелира од нив како народни избраници да ја почитуваат волјата на граѓаните на Македонија, кои според нив, го кажале својот став по уставните измени со неизлегувањето на Референдумот. ... Читать дальше...
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува состанок за актуелната политичка состојба во земјата, затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски, како и за посетата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки, на конгресот на Европската народна партија. Тони Михајловски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на партијата изјави дека листата за прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ не завршува кај пратеникот Никола Груевски.