Полицијата ги претресува возилата кои излегуваат од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот. Ова е уште еден обид на полицијата да го најде поранешниот премиер Никола Груевски откако претходно вечерва полицајците двапати влегоа во зградата во која живее, но не успеаја да го пронајдат во неговиот стан. Во меѓувреме во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски се наоѓа во седиштето на партијата. Полицијата постапувајќи по потерницата продолжува да трага по Груевски за да го... Читать дальше...
Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски кој се бара со потерница, Димитар Дангов изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој во писмена изјава за ТВ 21 наведува дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додава дека ќе се искористат сите останати правни можности. Во меѓувреме, полицијата постапувајќи по потерницата продолжува да трага по Груевски по вечерашните два неуспешни обида да го пронајде во неговиот дом и да го спроведе на... Читать дальше...
Полицијата вечерва го бара поранешниот премиер Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор. Полицајци и новинарски екипи беа пред зградата во која живее Груевски, но никој не им ја отвори вратата од станот. Дел од новинарските екипи се пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ откако во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски се крие таму. Во моментот кога полицијата ќе го најде, тој... Читать дальше...
Иран продолжи да ги почитува главните ограничувања од Мултилатералниот договор од 2015 година, се наведува во тримесечниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија. Во извештајот се посочува дека на 4 ноември е извршена проверка на резервите на збогатен ураниум, еден ден пред стапувањето во сила на последните американски санкции кон Иран. Неименуван дипломат денеска изјави дека нема индиции дека иранската соработка со МААЕ е променета откако стапија во сила санкциите од САД. САД се... Читать дальше...
Доста разочарани членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ му забалежуваа на Мицкоски дека партијата му се распаѓа и дека се разочани во него. Има многу револтирани и од фактот дека Никола Груевски го нема никаде.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по повод расправата за формирање „европска војска“, денеска предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз. “Задоволни сме поради зголемените напори на Европската унија на полето на одбраната. Добра работа е ако европските сојузници имаат поголеми капацитети, ако подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е што Европа почнува да воспоставува двојни структури”, истакна Столтенберг на форумот „НАТО-Индустрија“ во Берлин. Читать дальше...
Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква (СПЦ) соопшти дека одлуката на Цариградската патријаршија за автокефалност на украинската црква е неоснована, а „одлуката за рехабилитација на расколничките групи е неприфатлива“ и поради тоа Српската православна црква не ги признава. На дводневната седница на Саборот, што се одржа на 6 и 7 ноември, архиереите на СПЦ заклучиле дека Цариградската патријаршија усвои канонски неоснована одлука за рехабилитација и за епископи признала двајца водачи на расколнички групи во Украина... Читать дальше...
Специјалното јавно обвинителство соопшти дека во рамки на истрагата „Империја“ судот донесе решенија за определување на привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица ДПТУ Орка холдинг АД Скопје и ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ Тимох увоз извоз ДОО Скопје. “ Во овој момент, од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, произлегува... Читать дальше...
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека Романија не е подготвена на 1 јануари следната година да го преземе ротирачкото претседавање со Европска унија и ја повика Владата да поднесе оставка. Тој наведе дека ситуацијата „излета од шини“ и оти постои „политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече „несреќен случај на романската демократија“. Вјорика Данчила стана премиерка во јануари годинава, но според експертите, таа има мали извршни овластувањеа, додека Владата ја води... Читать дальше...
По налог на Кривичниот суд, МВР издаде потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Министерството за внатрешни работи потврди дека Основниот суд Скопје 1 издал наредба за приведување на Груевски и побарал издавање на потерница. Од министерството информираат дека постапуваат по добиената судска наредба.
Бугарија одлучи да не учествува во Глобалниот договор на Обединетите нации за миграција, изјави шефот на пратеничката група и заменик претседател на владејачката ГЕРБ, Цветан Цветанов, додавајќи дека тој договор би ги нарушил бугарските национални интереси. Покрај Бугарија, Договорот не го прифатија и неколку други европски земји, како Австрија, Полска и Унгарија, а Хрватска и Словенија се двоумат околу пристапувањето. Договорот пропишува начин како државите треба да се однесуваат кон мигрантите. Читать дальше...
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска објави дека се сретнал со неговиот руски колега Владимир Путин, кој му изразил поддршка во напорите за постигнување конечен договор со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Средбата се одржала во Париз, каде што Тачи и Путин беа меѓу бројните светски лидери кои присуствуваа на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна. „Во Париз првпат се сретнав со претседателот на Русија, Владимир Путин. Дијалогот за нормализирање... Читать дальше...
Полската европратеничка Ана Фотига предлага создавање нов оддел во Европската комисија посветен на борбата против пропагандата, како и поголеми ресурси за справување со руските дезинформациски кампањи. Во нацрт-извештајот, во кој Радио Слободна Европа имаше увид, се предвидува антипропагандната единица да добие „соодветни кадровски и финансиски ресурси“ за да може да биде ефикасна. Европскиот парламент треба да дискутира за извештајот овој месец. Во прикриената критика до шефицата на европската дипломатија... Читать дальше...
Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека судија на претходна постапка го замрзнал имотот на осомничените во случајот Империја на СЈО. По барање на обвинителството, судот „определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката“. Исто така биле привремено забранети финансиски трансакции на фирмите кои се сомничат и судот им наложил на повеќе банки да го запрат одливот на пари од сметките на фирмите. Читать дальше...
Според упатените, немотивираноста и недостигот на соодветните вештини се главните причини поради кои голем дел од работната сила во земјава не е активна и не бара работа на пазарот на трудот.
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до 4,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 4,5 денари за литар и ќе изнесува 67 денари, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за четири денари и ќе чини 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари и ќе се продава за 64,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува... Читать дальше...
Припадниците на турската крајбрежна стража почнаа акција за потрага и спасување на 10 мигранти, кои исчезнале откако денеска потона нивниот чамец во Егејското Море. Чамецот потонал крај брегот на Дикилија, во провинцијата Измир, во близина на грчкиот остров Лезбос, јави Анадолија. Спасувачката операција е почната откако двајца мигранти успеале да допливаат до брегот и да побараат помош. Не е познато од која земја се мигрантите.
Под слоганот „TABOO OR NOT TABOO?“, од 13 до 21ноември, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“. Лауреат на годинешнава манифестација е хрватската писателка Славенка Дракулиќ.
Осомничените во Империја „испрале“ најмалку 10,5 милиони евра, покажуваат првичните истраги. Одбраната на осомничените ги обжaли одлуките за притвор. Адвокатите велат дека нивните клиенти нема да избегаат. „Империја“ на СЈО засега опфаќа 13 луѓе и мрежа на фирми, но истрагата се проширува.
Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека противниците на мирот го попречуваат постигнувањето мировен договор меѓу Косово и Србија, бидејќи се свесни дека еден таков договор ќе ги наруши нивните деструктивни планови, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи на својата страница на Фејсбук денеска објави дека на Мировниот форум во Париз побарал поддршка за напорите на двете земји и на Европа „за јакнење на мирот преку дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија“. „Противниците... Читать дальше...
Вкупните приходи во државната каса во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна презентација на Предлог-буџетот за следната година пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите. Тоа значи дека владата предвидува буџетот догодина да биде за речиси 293 милиони евра поголем од годинашниот. За наредната година се предвидува економски раст од 3,2 проценти. Истиот раст беше предвиден за годинава... Читать дальше...
Никола Груевски како политичар беше посветен на јавноста и изглегуваше во медиумите и по неколкупати дневно. Сега од петокот нема никаква објава од него, a аналитичарите имаат поделени мислења.
Собраниската комисија, за пет дена ги усвои нацрт-амандманите на Уставот и покрај најавите за жестока борба на опозицијата. Познавачи велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема многу простор за блокирање.
Најмалку шестмина луѓе загинаа денеска, а десетмина се повредени во самоубиствен бомбашки напад во близина на протест во Кабул, каде што стотици луѓе протестираа против, како што велат, неуспехот на владата да го заштити шиитското хазарејско малцинство од талибанските напади. Авганистански безбедносни извори за Радио Слободна Европа изјавија дека бомбашот го активирал експлозивот пред да стигне до демонстрантите. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако талибанците и Исламската држава во минатото извршуваа слични напади. Читать дальше...
Со сослушување на вешти лица од МВР кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека сè уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство на Косово. Сите останати обвинети се присутни во судница. Застапници на обвинението... Читать дальше...