Он-лајн магазинот Глобус пишува за судиите кои биле на услуга на претходната власт. Неделникот Фокус се осврнува на двете кривични пријава против претседателот Иванов, а Капитал анализира за парите кои се вртат во бизнисот со медицински канабис.
Жителите на Аеродром попладнево одржаа нов протест пред „Мајчин дом“ против рестартирањето на изградба на деветкатницата. Револтираните граѓани порачаа дека се разочарани што и покрај нивните протести зградата сепак ќе биде изградена. “Сакаме Аеродром да дише и бараме оставка од градоначалникот Златко Марин затоа што се покажа дека тој не умее да ги исполни своите предизборни ветувања. Деновиве сме сведоци на промена на Уставот, што значи дека возможно е да се промени и ДУП-от”, изјави активистката Искра Манојлоска од иницијативата. Читать дальше...
Турција е информирана, дека ќе биде исклучена од американските санкции против Иран, но сѐ уште не ги знае сите детали, изјави денеска министерот за енергетика Фатих Донмез. Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно соопшти дека САД ќе ослободат од санкции осум земји кои увезуваат нафта од Иран и прецизираше дека списокот ќе биде објавен во понеделник. “Сакам да го изразам моето задоволство од оваа изјава. Ние од секогаш сме велеле дека ваквите санкции можат да имаат негативен ефект врз мирот... Читать дальше...
Властите во Техеран соопштија дека Иран не е загрижен поради повторното воведување на американските санкции за нафтениот и финансискиот сектор на земјата. “САД нема да можат да спроведат никакви мерки против нашата голема и храбра земја. Ние имаме знаење и способност да ги водиме економските работи на земјата”, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави повторно враќање на санкциите кон Иран... Читать дальше...
Подолг и посеопфатен состанок на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, би можел да биде одржан на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, најави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека пократка средба помеѓу Путин и Трамп ќе има во Париз на 11 ноември, на прославата на стогодишнината од завршување на Првата светска војна. Самитот на Г-20 (19 најразвиени земји во светот и Европска унија) ќе се одржи во Буенос Аирес од 30 ноември до 1 декември.
Триесеттина фотографии од неговото актуелно творештво, обединети под заеднички наслов „Скриени шепоти“, се претставени на изложбата на академскиот уметник Мухамедали Алили – Дали што од 1 ноември се одржува во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември, објавено е на интернет страницата на Собранието. Една недела подоцна, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците, членови на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја одби жалбата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која побара да се укине мерката за замрзнување на имотот бидејќи, како што соопштија, со тоа ѝ се нанесува штета на партијата. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка, кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев оствари средба со новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ, со кој разговарал за аспектите на одбраната на реформите во безбедносниот сектор и членството на Македонија во НАТО. Како што соопштува владината прес служба, претставникот на НАТО, Јанковиќ ги поздравил храбрите чекори кои актуелната Влада ги презема во поглед на имплементирање на реформите и подготвеноста на земјата да стане дел од Алијансата. Тој исто така, изразил уверување... Читать дальше...
САД ги укинаа санкциите против двајца турски министри, соопшти денеска американското Министерство за финансии. САД воведоа санкции за турскиот министер за правда Абдулахит Ѓул и за министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, во август, поради апсењето на американскиот пастор Ендрју Бренсон во Турција.Бренсон беше ослободен во октомври и се врати во САД. Турција исто така ги укина санкциите кон американскиот министер за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен и министерот за правда Џеф Сешнс како реципрочна мерка... Читать дальше...
Денеска се одржал првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања со Грција. Од министерството за надворешни работи соопштија дека состанокот се одржал во пријателска атмосфера, во согласност со духот и принципите на Спогодбата од Преспа. “Двете страни го усвоија Деловникот за работа на ЗИКЕ и се согласија за динамиката на идните состаноци, а согласно членот 8 од Спогодбата од Преспа, беше донесена заедничка одлука да се... Читать дальше...
Лични податоци на 257.000 корисници на „Фејсбук“, вклучувајќи и приватни пораки на 81.000 корисници, се достапни онлајн од почетокот на септември, а наводно биле дистрибуирани од руски хакери, јави Би-би-си на руски јазик. Податоците биле објавени на онлајн форум од хакери, кои тврдат дека имаат пристап до лични податоци на 120 милиони кориснички налози и нудат на продажба еден профил за 10 центи. Како што јавува Би-би-си, од медиумот контактирале со петмина корисници од Москва, Белгород и Перм... Читать дальше...
Преспанскиот договор ќе има повеќе придобивки за просперитетот и економскиот заеднички развој на Југоисточна Европа, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со колегите од Бугарија и Романија Бојко Борисов и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Варна, Бугарија. Ципрас истакна дека во периодот меѓу двете претседателства со Европската Унија, актуелното бугарското и претстојното романско се случил договорот од Преспа кој според него е историски. “Во периодот меѓу двете претседателства... Читать дальше...
Шпанското обвинителство побара од седум до 25 години затвор за 12 од 18 поранешни каталонски лидери, на кои наскоро ќе им се суди за обид за отцепување на Каталонија во октомври 2017 година. Во писмениот поднесок до Врховниот суд, обвинителството побара највисока казна од 25 години за поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас, кој веќе една година е во затвор. Тој е обвинет дека е главен промотер на незаконскиот референдум за независност на Каталонија, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес. Читать дальше...
Тројца руски полицајци се осомничени дека силувале колешка. Судот во руската република Башкортостан нареди апсење на тројцата полицајци од главниот град на републиката, Уфа. Осомничени се шефовите на полицијата во окрузите Уфа и Кармаскали и шефот на одделението за миграции во Уфа. Одреден им е притвор. Тие се осомничени дека сексуално нападнале 23-годишна инспекторка од Уфа. Министерството за внатрешни работи од Башкортостан денеска соопшти дека тие се отпуштени од полицијата.
Имам докази дека ВМРО и Красимир Каракачанов се издржуваат од продажбата на бугарски државјанства, изјави за БТВ Катја Матева, поранешен директор на Одделот за бугарско државјанство во Министерството за правда. Таа истакна дека во јавност нема да ги презентира доказите и дополни дека не дала согласност за објавување на дојавите кои ги поднела во државната агенција „Национална безбедност“ во 2016 година. Таа е разрешена кон крајот на 2017 година, по дисциплинска постапка, но не знае кое биле мотивите, ниту била повикана да даде објаснување. Читать дальше...
Одбиено е барањето за одложување на затворската казна на поранешниот премиер Никола Груевски, соопшти Основниот суд Скопје 1. Во соопштението е наведено дека Груевски сега ќе има право на жалба до Кривичниот совет во рок од три дена. Неофицијално, има две причини на кои се повикува Груевски во барањето за одложување за издржување на затворската казна. Првата се обврските што ги има како пратеник, пред сè поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставните измени, додека втората причина... Читать дальше...
Дополнителни 187 милиони евра ќе чини изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Со новиот трет анекс на договорот со изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро“, што го усвои денеска на седница Владата по едногодишни преговори, се утврдени дополнителните финансии со кои на терен се најавува интензивирање на градежните работи за автопатот во должина од 57 километри. Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска се пофали дека „по една година домаќински преговори“ заштедиле 95 милиони евра, зашто инаку ... Читать дальше...
Владата денеска на седница го усвои текстот на нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа и заклучоците на македонското Собрание. На прес-конференција во Владата денеска нацрт-амандманите ги соопшти премиерот Зоран Заев, кој рече дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО. Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија... Читать дальше...
По две средби со пратениците од независната пратеничка група кои гласаа „за“ пристапување кон уставните измени, Владата ги вгради нивните барања и четирите амандмани се доставени до Собранието. Процедурата се очекува да трае околу 60 дена.
Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонската берза. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори, а зголемената побарувачка ќе придонесе да се намалат каматите за државата. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го најави министерот за финансии Драган Тевдовски на шестиот Ерсте инвеститорски појадок. „Сведоци сме на раздвижување на Македонската берза. Од почетокот на годинава има значајно зголемување и кај обемот и кај вредноста на МБИ10. Во оваа насока... Читать дальше...
Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, по барање на СЈО, донесе привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“, соопшти Специјалното јавно обвинителство. Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица Европа 92 ДООЕЛ Кочани и НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други... Читать дальше...
Загадувањето на воздухот е „новиот тутун“ од кој годишно умираат околу 7 милиони луѓе, а милијарди се со нарушено здравје, предупредува СЗО. Македонските градови се меѓу најзагадените во светот, но за проблемот се зборува само во услови на високи концентрации.
Холандското државно обвинителство денеска објави дека истрагата за околностите за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хашкиот суд не покажала кога и како поранешниот командант на Генералштабот на ХВО дошол до цијанкалиум. „Истрага за смртта на Слободан Праљак е завршена. Обвинетиот Праљак минатата година изврши самоубиство во судницата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, откако судот донесе пресуда против него. Истрагата не покажа на кој начин и кога Праљак го набавил цијанкалиумот кој го користеше. Читать дальше...
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е домаќин на денешната четиристрана средба меѓу лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна. Премиерите на Бугарија, Грција и Романија, Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за развојот на заедничките инфраструктурни проекти во контекст на поврзување на Балканот. Гостин на Форумот е и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој од вчера престојува во Бугарија. Читать дальше...