Членовите на собраниската Комисија за уставни прашања од СДСМ на денешната расправа по третиот нацрт-амандман, кој се однесува на членот три од Уставот, истакнаа дека со него се прави потврда дека Република Македонија и Грција немаат територијални претензии една кон друга, дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави и го почитува нивниот суверенитот, територијалниот интегритет и политичка независност. Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека амандманот е непотребен и треба да се повлече... Читать дальше...
Со двочасовна блокада на крстосницата на влезот во Струмица од правците на Валандово и граничниот премин Ново Село, активистите на здружението „Здрава котлина“ и граѓани од Струмичко уште еднаш го искажаа своето спротивставување на отворање на Рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“ на компанијата „Еуромакс Рисорсис“. Според организаторите, целта на блокадата е на сите надлежни државни институции заеднички да им се покаже дека трпението е изминато и дека проблемот мора да се реши во полза на општиот интерес на граѓаните од целиот регион. Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се обидоа да ги избалансираат тензиите за време на денешниот состанок во Париз. Претходно, Трамп го опиша како „многу навредлив“ предлогот на Макрон за создавање на европски одбранбени сили. Канцеларијата на Макрон соошшти дека претседателот на САД погрешно го разбрал неговиот предлог, чија цел е да се намали зависноста на Европа од САД за одбрана. По состанокот на 10 ноември, Макрон рече дека е „неправедно европската... Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието ќе поднесе законско решение за покачување на понзиите за 10%, соопшти денеска партијата. Оттаму најавија дека секој месец ќе поднесуваат по едно законско решение кое ќе биде за доброто на граѓаните. „Во услови кога оваа власт ја урнисува економијата и предизвикува социјално и економско цинами на секое поле, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија“... Читать дальше...
Зелени, жоти и црвени налепници на возилата по направена соодветна контрола е мерката за аерозагадувањето која денеска ја најави заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој рече дека трошокот за налепниците ќе биде на граѓаните, а налепниците ќе се добиваат веднаш по донесувањето на законот. Зелената налепница се однесува за хибридните, електртичните и возила кои имаат ЕУРО 5, 6 стандард како и Еуро 4 во кои се вградени уреди за течен нафтен и земјен гас. Тие ќе можат слободно да... Читать дальше...
Бугарија доставила над 30 страници забелешки во учебниците по историја Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на пратеничко прашање во бугарскиот Парламент. Захарова рече дека заедничката Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија веќе имала два состанока, а оти третиот треба да се одржи до крајот на месецов. Захарова вели дека се разгледуваат учебниците по историја и во двете земји... Читать дальше...
Српските вооружени сили денеска изведоа тактичка воена вежба со боево гаѓање под име „Векот на победникот 1918 – 2018“, во чест на стогодишнината од победата во Првата светска војна. Вежбата се спроведе на десет локации со учество на 8.000 припадници на Копнената армија, Военото воздухопловство, Речната флота и други единици. На неа учествуваа 100 тенкови, 100 оклопни борбени возила, 100 артилериски и ракетни систем и 24 авиони и хеликоптери, при што беа употребени околу 103 тони боева муниција и средства. Читать дальше...
Во експлозија во складиште за оружје на југоисток во Турција денеска загинаа четири војници, а повредени се околу 20, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Турското Министерство за одбрана првично соопшти дека во несреќата, што се случила во провинцијата Хакари, се повредени 25 луѓе. Експлозијата се случила за време на користење тешко оружје во воена база во регионот Семдинли во провинцијата Хакири, што е во близина на границата со Иран и Ирак.
Европската унија соопшти дека ги отфрла „изборите“ закажани за 11 ноември во деловите во источна Украина контролирани од сепаратистите, наведувајќи дека тие го кршат меѓународното право и ги поткопуваат договорите од Минск, кои имаат цел решавање на конфликт во Украина. „ЕУ „изборите“ планирани за 11 ноември 2018 година, во териториите кои не се контролирани од Владата, Народната Република Луганск и Народната Република Доњецк, ќе ги семета за нелегални и нема да ги признае“, се вели во денешното соопштение на ЕУ. Читать дальше...
Настани по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна денеска започнаа во францускиот главен град Париз. Повеќе од 60 шефови на држави и влади денеска и утре се очекуваат во Париз на настаните, кои ќе кулминираат на гробот на Напознатиот војник во точниот момент на примирјето, односно кјога војната завршува: 11 минути по 11-от час од 11-от ден на 11-от месец. Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Париз на церемониите. Тој денеска на социјалните мрежи напиша: „Има ли нешто подобро да се прослави од крај на војна... Читать дальше...
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека секоја ревидирана граница со Србија, која ќе произлезе од преговорите за нормализација меѓу двата соседи, нема да биде повлечена по етничка линии. „Ќе работиме заедно да ги дефинирме границите, исто како што направивме со Македонија и Црна Гора, но нема да има граници врз основа на етнички линии“, изјави Тачи во интервју за АФП. „Косово ќе остане мултиетничко исто како и Србија, нема да има раселено население. Регионот ќе биде побезбеден благодарение на овој договор“... Читать дальше...
Триесетдневен притвор добија петте лица осоминичени во случајот на СЈО „Империја“ Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски, кои вчера беа на распит пред судија на претходна постапка, информираат од СЈО. Оттаму наведуваат дека решенијата за одредените притвори ги подигнале ноќеска обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефановска, Претходно медиумите објавија дека петмината осомничени во затворот „Шутка“ се донесени околу 2.30 часот. Во новата истрага... Читать дальше...
Судските служби викендов нема да се обидуваат да му го достават решението за издржување на двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“, велат за РСЕ од судот. Оттаму наведуваат дека една од можностите е решението да му биде испратено на домнашна адреса н а Груевски, а другата е лично да му биде врачено в понеделник, кога треба да се појави на рочиште за случајот „Титаник.“ Груевки треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна во Казнено поправната установа во Шуто Оризаи ... Читать дальше...
Градоначаникот на главниот град на анекитарниот украински регион Крим, назначен од Русија, поднесе оставка на барање на шефот на руската администрација во регионот. Градоначалникот на Симферопол, Игор Лукашјов, како и неговите седум заменици поднесоа оставки на 9 ноември, соопшти канцеларијата на шефот на руската администрација на Крим, Сергеј Аксјонов. Москва во 2014 година го анектираше Полуостровот Крим на Црното Море и постави своја администрација, иако преземањето беше отфрлено од поголемиот дел од меѓународната заедница. Читать дальше...
Како да знаеме дали е вистина тоа што гледаме на телевизија или на интернет, во услови кога технологијата овозможува различни видови манипулација на публиката, од креирање на лажни фотографии до создавање или преработка на лажна содржина, аудио и видео материјал.
Како што неофицијално се дознава судските служби се уште не му го доставиле решението на поранешниот премиер Никола Груевски, откако вчера попладне Кривичниот совет ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО. Веднаш штом ќе го добие решението , Никола Груевски ќе мора да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО., односно за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра, бидејќи во спротивно ќе биде спроведен со полиција. Читать дальше...