Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО, две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето, покажале резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања. Денеска се одбележува 19-тата годишнина од воената операција на НАТО против Србија. Како главна причина за 78-дневната операција, раководството... Читать дальше...
Раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на синдикатот бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР, се наведува во соопштението на МВР, откако денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев изјави дека МВР тапка во место и не превзема ништо освен празни муабети да ги подобри условите на македонскиот полицаец. Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку... Читать дальше...
Околу 7.000 припадници на сириската бунтовничка група и нивните роднини се подготвуваат да ја напуштат источна Гута на подрачјето што го контролира опозицијата на север од земјата, како дел од договорот за евакуација на две од трите упоришта што ги држат опозициските борци источно од главниот град Дамаск , објавија државните медиуми во Сирија. Евакуацијата доаѓа еден ден откако беше постигнат договор меѓу Фајлак ал-Рахман, втората најмоќна бунтовничка група во источна Гута и Русите да се предаде и вториот од трите упоришта во источна Гута... Читать дальше...
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека ќе му предложи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ да ги повлече потписите од Бриселскиот договор. “Јас го потпишав Бриселскиот договор како премиер, јас би го повлекол потписот и би кажал: Не сакате Заедница на српските општини, тогаш не го сакаме ниту ние сето останато. Ќе вратиме се на претходна состојба, а тоа е враќање на српските институции на Косово,” изјави Дачиќ по состанокот со алжирскиот министер за надворешни работи Абделкадер Месахел... Читать дальше...
Околу 1.000 луѓе денеска повторно протестираа во Волоколамск, на околу 100 километри западно од Москва, барајќи затворање на депонијата од која протекува токсичен гас што им штети на десетици деца. Демонстрантите се собраа пред седиштето на локалната администрација, од кои многумина носеа розови ленти во знак на почит кон една локална ученичка која го засрами гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов со пркосен гест за време на претходниот протест. Протестот се случи и покрај фактот што Воробјов... Читать дальше...
Турската армија и силите на Слободната сириска армија воспоставија целосна контрола врз градот Африн во северна Сирија, во рамки на операцијата „Маслиново гранче“. „Сите населби во областа се исчистени од терористите на курдската Партија на Демократска унија и Курдската работничка партија“, се наведува на сајтот на Генералштабот на турската армија. Во текстот се посочува дека продолжуваат акциите за деминирање, со цел да се обезбеди безбедност на локалното население и мирно враќање во нивните домови. Читать дальше...
Две лица загинаа, меѓу нив и еден полицаец во експлозија предизвикана од бомба поставена под автомобил во Александрија во Египет. Четворица други полицајци се повредени од експлозијата, која најверојатно била насочена кон главната полиција за безбедност во Александрија, објави Министерството за внатрешни работи. Експлозијата се случува на само неколку дена пред претседателските избори во Египет, каде што се очекува претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси да биде реизбран. Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот.
Истражители од британската Организација за надзор на податоци влегоа во просториите на "Кембриџ Аналитика" во Лондон, која е обвинета за злоупотреба на податоците на милиони корисници на Фејсбук без нивна согласност. Околу 20 вработени во униформи со ознаката на Организацијата за надзор на податоци доцна синоќа влегле во просториите на фирмата во центарот на Лондон, набрзо откако британскиот Врховен суд издаде налог за претрес. Со судската одлука се овозможува на регулаторниот орган, задолжен за заштита на личните податоци... Читать дальше...
Северна и Јужна Кореја постигнаа договор состанокот на високо ниво да биде одржан во четврток на 29 март во рамките на подготовките за самитот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин во април, пренесуваат агенциите. Цел на самитот на лидерите на Северна и Јужна Кореја е унапредување на односите и решение на ситуацијата на Корејскиот полуостров по повод нуклеарната програма на Пјонгјанг. Јужнокорејскиот министер за обединување Чо Мјунг ќе ја предводи делегацијата во Сеул... Читать дальше...
Грчките телевизии „Скај“ и „Антена“ објавија дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во разговор со грчките новинари рекол оти по средбите во Виена можеби ќе ја посети Атина и изразил желба дека сака да се запознае со Панос Каменос. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, новинарите, кои заедно со грчката делегација пристигнале во Скопје, коментираат дека посетата на Коѕијас поминала во добра и пријателска клима и оти постои хемија меѓу двајцата министри и волја за решение, но дека разликите остануваат непроменети... Читать дальше...
Францускиот полицаец кој вчера се понуди како замена за ослободување на заложникот кој во супермаркет во Франција го држеше вооружен напаѓач, им подлегнал на повредите, соопштуваат официјални лица, а пренесува Би Би Си. "Полицаецот Арно Белтрам загина како херој и покажа исклучителна храброст", изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Белтрам беше меѓу првите припадници на полицијата кој во петокот одговорија на нападот на супермаркет во местотот Треб, во кој загинаа четворица. Белтрам... Читать дальше...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, во Брисел изјави дека Европската унија и порачала на косовската страна дека мора да го исполни договорот за формирање Заедница на српски општини. Сепак тој изрази скептицизам дека тоа и ќе се исполни. “Албанците ќе речат дека ќе го направат тоа следната недела, по стоти пат. Но тоа нема да се направи“, изјави Вучиќ. Тој посочи дека во текот на разговорите биле анализирани точките од седум до 15 од Бриселскиот договор кои Србија ги исполнила... Читать дальше...
Иран ги критикуваше новите санкции на САД против 10-те нејзини граѓани и иранската компанија поради нивната наводна вмешаност во големо хакирање и планот за кражба на интелектуална сопственост, спонзорирана од државата. Министерството за финансии на САД вчера ги обелодени обвиненијата против девет Иранци заедно со санкциите против 10 лица и Институтот Мабна, кој го обвини за хакирање стотици универзитети во име на Иранската револуционерна гарда. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Гасеми, ги нарече обвинувањата "лажни".
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален снег во западните делови, кој кон југ ќе преминува во дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од минус четири до еден, а дневната од 2 до 7 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно, преку денот со краткотрајно наоблачување и со услови за слаб снег на повисоки места, а дожд на пониските
Од што зависи личната среќа? Има ли параметри по кои може да се измери и важат ли истите параметри за сите луѓе на светот без разлика каде живеат? Каде се Македонците според светските испитувања на јавното мислење, што ги прави нив среќни и дали тоа чувство им зависи од парите и економската сигурност?