Претседателот Ѓорге Иванов нема да го потпише указот за прогласување на закон, откако во Собранието беше донесен Законот за јазиците во трето читање. Иванов во видео обраќање вели дека нема да потпише указ за закон, кој е донесен на ваков начин. „Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон“, вели претседателот. Тој вели дека законот на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите. Во услови на блокада на институциите... Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на прес конференција во партиското седиште изјави дека неговата партија нема да го признае законот, а по објавувањето во Службен весник, ќе поднесат иницијатива пред Уставен суд за уставноста на закон. „Имаме флагрантно кршење на Уставот и законите, ја поништија волјата на граѓаните, ова е само чекор кон дното и вие добро знаете дека од оваa одлука никој нема да живее подобро. Читать дальше...
Влажното дрво емитира некаде околу седум –осум пати повеќе ПМ честички од сертифицирано дрво, покажало истражувањето на регионалното здружение на географи „Геосфера“. Предолозите за надминување на загадувањето се разгледуваат во Општина Битола.
Украинската влада им нареди на своите спортисти да не учествуваат на натпревари што се одржуваат во Русија, оти Киев ја обвинува Москва за окупација на нејзината територија. Министерството за млади и спорт издаде декрет со кој им се забранува учеството на членовите на украинските национални спортски тимови на какви било спортски натпревари кои се одржуваат на територијата на Руската Федерација. Министерот Игор Жданов вели дека ја потпишал наредбата, оти, како што вели, „агресорите мора да бидат протерани од глобалната спортска арена“... Читать дальше...
Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, од собраниската говорница, призна дека владата го нема потребното мнозинство за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и додаде дека „ќе ја замоли Српска листа да гласа за договорот“. Посочи дека Договорот треба да се изгласа во парламентот и оцени дека договорот е технички, но оти се претворил во една голема политичка кауза. „Српска листа“ доцна синоќа потврди дека не го менува веќе кажаниот став, а тоа значи дека нејзините десет... Читать дальше...
По донесувањето на Законот за јазиците, од СДСМ преку соопштение реагираа дека случувањата во Собранието потврдиле, како што велат, дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија. А како што се наведува во соопштението, Христијан Мицкоски бил само марионета на Груевски. „Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади... Читать дальше...
Законот за употреба на јазиците беше изгласан со 64 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан. Според ВМРО ДПМНЕ законот не бил донесен, а поранешниот премиер и лидер, а сега пратеник Никола Груевски најжестоко со бунтуваше, па на моменти ситуацијата меѓу него и спикерот Џафери беше тензична.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Крим, на четири дена пред претседателските избори во Русија. Се очекува тој да присуствува на јавни настани за одбележување на годишнината од референдумот на 16 март 2014 година, со кој Москва го анкетираше полуостровот од Украина. Пред да пристигне во Крим, Путин го посети местото каде се гради мост кој се очекува да го поврзе полуостров со руските територии. Изградбата на мостот започна во 2016 година. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков... Читать дальше...
Во организација на Музејот на тетовскиот крај, на тема „Уметност денес – културно наследство утре“, в петок, на 16 ти март, во 19 часот, во Домот на културата „Иљо Антевски – Смок“, ќе биде отворена изложбата на осмото по ред Меѓународно биенале на мала графичка форма „Тетово 2018“.
Со 64 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, Собранието попладнево го изгласа Законот за јазиците во трето читање. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот. Додека пратениците од мнозинството гласаа, опозицијата негодуваше, се собраа пратеници пред говорницата, викаа, фрлаа хартии, а неколку пратеници, меѓу кои и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, отидоа зад говорницата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, и се расправаа со него... Читать дальше...
Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од 15 минути, откако ја започна расправата за Законот за употреба на јазиците, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално да се изјаснат и оневозможија седницата да продолжи. Тие ја окупираа говорницата и на Џафери не му дозволуваа да зборува. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му го исклучи и микрофонот на Џафери, по што тој даде пауза. Џафери на излегувањето од собраниската сала имаше и кус вербален дуел со Груевски.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон во Астана се сретна со неговиот казахстански колега Нурсултан Назарбаев со кого разговараше за билатерални односи на двете земји. Неколку документи кои беа потпишани по средбата вклучуваат и договор, според кој, на народите од Таџикистан и Казахстан им се дозволува престој од 30 дена без регистрација и до 90 дена со регистрација во соседната земја. Назарбаев изјави дека нема нерешени прашања меѓу земјите и го нарече Таџикистан најважниот стратегиски партнер на Казахстан. Читать дальше...
Тринаесет поддржувачи на Украина во ЕУ упатија предупредување до властите од земјата дека имплементацијата на важните реформи е „само почеток или заостанување“, според документот до кој дојде Радио Слободна Европа. Во документот наречен „Одржување на Украина на реформскиот пат“, земјите членки на ЕУ посочуваат дека претседателските и парламентарните избори во наредната година ќе бидат тест за земјата. Документот бил потпишан од претставници на Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Ирска, Летонија... Читать дальше...
САД се надеваат на скорашен договор меѓу Грција и Македонија за името, вели амбасадорот Бејли. Тоа ќе им помогне и на двете земји и на регионот, додава амбасадорот. Тој ги осуди и заплашувањата кон новинарите.
Британија ќе протера 23 руски дипломати како дел од пакетот мерки против Москва која го игнорираше дадениот рок за да објасни како нервен гас развиен за време на Студената војна бил искористен за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во земјата. Британскиот премиер Тереза Меј пред законодавците изјави дека дипломатите имаат една недела да ја напуштат земјата, посочувајќи дека се идентификувани како „непријавени разузнавачи“. Таа изјави дека протерувањето на руските дипломати од Британија... Читать дальше...
Кусо по почетокот на собраниската седницата на која на дневен ред е Законот за јазиците претседателот на Собрание, Талат Џафери даде пауза од еден час. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се одржи состанок на мандатно-имунитетна комисија за да се расправа за целата процедура околу законот. Тој зборуваше повеќе од предвиденото и доби неколку опомени од претседателот на Собранието. Џафери го прескокна Законот за јазиците, по што пратениците гласаа за други два закони, кои се исто така се на дневен ред на оваа седница. Читать дальше...
Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција. „Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот“, изјави амбасадорот Бејли за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус... Читать дальше...
Почна продолжението на 32 собраниска седница на која на дневен ред се амандманите на Законот за употреба на јазиците во трето читање. На седницата присуствуваат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, при што повеќето од нив се пријавија за збор. ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 35 илјади амандмани за законот. Пред почетокот на седницата пред собранието се одржаа протести против донесувањето на законот. Седницата за законот требаше да се одржи во минатата недела, но поради немање договор меѓу владејачките партии... Читать дальше...
Пред почетокот на седницата на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, граѓани протестираат пред Собранието против негово донесување. Улицата пред Собранието е затворена за сообраќај и има полициско обезбедување. Продолжението на 32. собраниска седница на која е третото читање на законот беше закажана за 13 часот, но се уште не е започната. За законот има над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Македонија е чекор напред кон конечно решавање на спорот, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Точниот датум за доаѓањето на Коѕијас се уште не е утврден, но се очекува тој во Скопје да пристигне во наредната недела. Тој повтори дека секое решение за спорот ќе оди преку медијаторот на ОН, Метју Нимиц и оти тоа ќе биде постигнато со заеднички компромис во интерес на двете страни.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека работната група за рудникот Казандол утврдила неправилности, при што за една недела ќе се знае дали има правна основа за раскинување на договорот со концесионерот. Според него, пробиени се сите рокови. Владата по вчерашната седница заклучи дека се исполнети условите за раскинувањето на договорот со концесионерот на Казандол. Од Владата соопштија дека го задолжиле Министерството за економија во рок од седум дена... Читать дальше...
Кремљ изрази надеж за подобрување на односите со САД по номинацијата на Мајк Помпео за американски државен секретар. Според Кремљ, билатералните односи не може да се влошат. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков повика на конструктивен и трезвен пристап во односите меѓу двете земји. Помпео се соочува со сослушување во Сенатот за потврдување на неговото именување каде се очекува да биде прашан за неговиот пристап кон Русија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија и нејзините сојузници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија. Во обраќање пред членовите на локалната администрација во Анкара тој порача дека е воспоставен специјален коридор за евакуција на цивилите од градот. Турската армија вчера соопшти дека заедно со сојузниците целосно го опколиле Африн.
Казахстанскиот суд го осуди поранешниот министер за економија Куандик Бишимбајев на 10 години затвор под обвинение за мито и проневера. Дел од останатите обвинети беа осудени на казни затвор од 2 до 7 години, а дел добија ослободени врз основа на законот за амнестија од минатата година. 37 годишниот Бишимбајев беше уапсен од страна на антикорупциската служба во јануари, минатата година, по неколку недели откако претседателот Нурсултан Назарбаев му даде отказ од функцијата. Тој беше обвинет дека... Читать дальше...
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков уште еднаш негираше дека земјата е поврзана со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и дека нема да прифати неосновани обвинувања и ултиматуми. Тој изрази надеж дека најавени мерки од британските власти ќе бидат засновани врз здрав разум, предупредувајќи дека Русија ќе одговори на нив. Скрипал и неговата ќерка Јулија беа нападнати со нервен гас во британскиот град Салсбури и се наоѓаат во критична состојба. Британскиот премиер Тереза Меј се очекува денеска... Читать дальше...