Поголема група албански граѓани денеска од Франција се вратени во Албанија, откако тамошните власти им го одбиле барањето за азил. Од Минстертвото за внатрешни работи во Тирана потврдуваат дека станува збор за 178 албански државјани, кои се транспортирани со авонски лет, овозможен од фрацуската канцеларија за миграција и интеграција. Од министерството додаваат дека други летови на доброволна или принудна реадмисија на албански граѓани ќе има и следната недела од граничната полиција во соработка со ФРОНТЕКС и земјите на дестинација. Читать дальше...
Уште еден поранешен советник во кампањата на Доналд Трамп се најде во центарот на медиумите одговарајќи преку интервјуа на судската покана на специјалниот советник за руското мешање во претседателските избори во САД, Роберт Мулер. Сем Нунберг, кој му помагаше на Доналд Трамп во лансирање на претседателската кампања во серијата интервјуа за американски телевизии, најпрво кажа дека нема да одговори на судската покана за сведочење која ја добил од Мулер. Нунберг истрагата ја нарече лов на вештерки... Читать дальше...
Библиотеката во Куманово ќе го дигитализира најдолготрајниот локален весник „ Наш Весник“. Пристап до весникот ќе имаат сите граѓани, не само членовите на библиотеката.
Најмалку 30 лица, претежно жени и деца загинале во западна Индија кога камионот во кој се превезувале паднал. Според првичните наоди во истрагата, возачот изгубил контрола над камионот на еден мостот во државата Гуџарат, по што камионот паднал во исушено речно корито. Полицијата наведе дека во камионот имало 60 лица. Индиските патишта остануваат меѓу најопасните на светот и секоја година во сообраќајни несреќи животот го губат повеќе од 150 илјади лица. Причините се лошиот квалитет на патиштата како... Читать дальше...
„Женски приказни“ е насловен симфонискиот концерт, што во четврток на 8 март, на Меѓународниот ден на жената, ќе го одржи Македонската филхармонија. Солист во изведбата на бетовеновиот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 ќе биде извонредната пијанистка Олга Шепс од Германија, а со оркестарот ќе диригира нашата Елена Митревска која кариерата успешно ја гради на европските сцени.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев ги поздравил реформите што ги прави Владата, вклучително и позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите. Во нивниот телефонски разговор попладнево позитивно бил оценет Договорот со Бугарија во кој покрај подобрување на билатералните односи помеѓу двете држави се гледа и придонес за односите меѓу соседите во регионот, соопштува владината прес служба. “Генералниот секретар Гутереш... Читать дальше...
Сопственикот на Амазон, Џеф Безос е на врвот на годинешната Форбсова листа на милјардери со богатство во вредност од 122 милјарди долари. По него следуваат Бил Гејтс со 90 милјарди и Ворен Бафет со 84 милјарди долари. Следни на листата се и сопственикот на најпознатите модни брендови Бернард Арнаулт и на Фејсбук, Марк Цукерберг. Меѓу десетте најбогати се и браќата Чарлс и Дејвид Коч, американски богаташи кои се познати како главни финансиери на екстремно десни и конзервативни струи во САД, кој за... Читать дальше...
Претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи продолжението на 32. седница на која на дневен ред беа над 35.000 амандмани за Законот за јазиците. Почетокот на седницата се одложуваше во текот на целиот ден. Седницата, според информациите од Собранието, ќе биде дополнително закажана. Официјални информации зошто е одложено продолжението нема. Иако во текот на целиот ден имаше комуникација помеѓу претседателот на Собранието и пратеничките групи, не е постигнат договор како да се излезе од ситуацијата... Читать дальше...
Берлин и Анкара ќе соработуваат по прашањето за надминување на кризата во Сирија и се залагаат за територијална целост на државата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пред средбата со германскиот колега Зигмар Габриел. Габриел изјави дека покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН режимот за прекин на огнот во Источна Гута не се почитува, а освен тоа продолжуваат и борбите во Африн. Се планира случувањата во реонот на Африн, каде што Турција изведува воена операција... Читать дальше...
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави денеска дека во наредните недели ќе започне процесот за прераспределба на вработените по Рамковен договор кои биле распоредени на работни места, но седеле дома. Тој порача дека е оптимист и дека позитивно ќе го решат проблемот. Според него, направена е анализа на вработените и кои се нивните професионални искуства и образование, а во предвид ќе се земат и потребите на институциите.
Турција нема да се откаже од купување на противвоздушните ракетни системи С-400 од Русија, дури и во случај САД да воведат санкции кон неа, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ердоган нагласи дека Вашингтон не рекол ништо за грчката набавка на ракетните системи С-300 од Русија, а сега вели дека нема да и дозволи на Турција да купи комплекси С-400, оценувајќи го таквиот договор како грешка и заканувајќи се со санкции кон Анкара. “Ние немаме намера никому да даваме отчет. Решително... Читать дальше...
Руски транспортен авион се урна во близина на воздушната база Хмеимим во Сирија при што загинаа сите 32 патници. Руски медиуми јавија дека 26 патници и 6 членови на екипажот загинале кога транспортниот авион се урнал при слетувањето во базата. Според нив, несреќата најверојатно е предизвикана од техничка грешка. Медиумите цитираат извори од Министерството за одбрана, според кои, немало пријавен напад врз авионот.
Властите на Азербејџан соопштија дека пожарот во центарот за рехабилитација од употреба на наркотици во Баку при кој загинаа повеќе од 25 лица на 2 март бил предизвикан од обид за самоубиство, при што осомничениот за случајот е уапсен. Според обвинителството, пациентот Махамад Мамадов кој не сакал да биде лекуван во центарот го предизвикал пожарот. Тој е обвинет за убиство и за уништување на имот.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за враќање на неговиот пасош. Одбраната на Мијалков, според судот, на 21 февруари побарала да му се укине мерката за претпазливост. Мијалков е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство за кои се водат судски постапки.
Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека неговата земја не може да посочува виновници без повеќе информации за тоа што ја предизвикало ненадејната болест на поранешниот руски шпион и на неговата ќерка. Но, тој порача дека обидите за одземање на живот нема да поминат неказнето. Состојбата на Сергеј Скрипал и неговата ќерка и натаму е критична. Тие беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во Салсбери во јужна Англија. Полицијата се сомнева дека тие биле изложени... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев на рочиштето за случајот „Поткуп“ изјави дека обвинението било конструирано за да биде спречен политички да дејствува додека беше лидер на опозицијата. Заев изјави дека преку снимката која не била целосно прикажана ќе се докаже дека тој немал намера да прими поткуп.
Претседателот на Киргистан, Соронбај Џинбеков изјави денеска дека Русија се уште не донела одлука дали и е потребна уште една воена база во неговата земја. Џинбеков говорејќи за прв пат пред новинарите од неговото назначување истакна дека прашањето за поставување дополнителна база со цел да се обезбеди воздушниот простор над Киргистан било покренато пред тој да стане претседател.
Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ изјави дека е невин и дека обвинението против него е бесмислено. Според него, обвинението било конструирано со цел да биде спречен политички да дејствува додека беше лидер на опозицијата. Заев порача дека станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР за тој да престане со проектот „Вистината за Македонија“ односно објавувањето на таканаречените бомби. Тој очекува дека со прегледувањето на доказите ќе се потврди дека станува... Читать дальше...
Јужна Кореја соопшти дека постигнала согласност со Северна Кореја за одржување на самит при крајот на наредниот месец. Според соопштението, двете земји се согласиле нивните лидери во меѓувреме телефонски да разговараат. Советникот за безбедност на претседателот на Јужна Кореја, Чунг Еуи Јонг изјави дека самитот ќе се одржи во Панмунјом, кој се наоѓа на границата меѓу двете земји.Тој посочи и дека Северна Кореја ветила дека ќе го замрзне нуклеарното и ракетно тестирање додека трае дијалогот со Јужна Кореја.
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека во однос на евентуален договор со Грција треба да се држиме до меѓународната пракса, а за идентитетот нагласи дека не може да се разговара. Грчките медиуми, пак, јавуваат дека е постигнат договор за три поглавја - името, опсегот и акронимите.
Судот денеска ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб во случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев за примање на мито. Судијата Дарко Тодоровски го одби барањето на одбраната на Заев да бидат отфрлени ПИ-мерките и посочи дека снимката била прибавена на законит начин и може да се користи како доказ во случајот. По неколку одложувања, започна судењето за „Поткуп“ во кое Заев се товари дека барал околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека биле принудени да ја прекинат испораката на помош во сириската енклава источна Гута која е под контрола на бунтовниците поради влошување на безбедносната ситуација. Портпаролот на организацијата во земјата, Инги Седки изјави дека поголемиот дел од конвојот кој сочинувал 46 камиони со помош бил испорачан во градот Доума во источна Гута, но мисијата била прекината пред остатокот од помошта да биде истоварена. Според локалните власти, 9 камиони со... Читать дальше...
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски поднесе оставка од функцијата. Оставката Тантуровски ја доставил до Собранието. Вчера оставка од ДКСК поднесе и нејзиниот член Горан Миленков. Обвинителството пред некој ден отвори истрага по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на ДКСК. Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари. Тантуровски ги негираше наводи на ревизорите и рече дека не планира да поднесе оставка.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска изјави дека е прифатливо контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми во Македонија, согласно новиот Правилник. Министерот за трговија на Србија Расим Љајиќ утре доаѓа во Скопје на разговори со Николовски за решавање проблемот со увозот на српско брашно во Македонија. Љајиќ претходно најави дека Србија од утре воведува контрамерки, бидејќи освен купување време од Македонија... Читать дальше...
Законот за јазици е ставен на дневен ред на денешната собраниска седница, но се уште е нејасно дали ќе се расправа за 35-те илјади амандмани на опозицијата или тој ќе биде одложен.