Претседателот на Собранието Талат Џафери не прецизираше кои ќе бидат неговите наредни чекори во врска со донесувањето на законот за употреба на јазиците, кој е во трето читање во Парламентот, туку само посочи дека сè ќе биде во согласност со Уставот и собранискиот Деловник. „Претседателот на Собранието не мисли за никакви договори, туку спроведува Деловник и Устав, а договорите се работа на политичките партии“, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Тетово. Читать дальше...
Се очекува гасот да стигне до Битола до 2020 година, па општината почна да предвидува средства за потребната инфраструктура. Упатените, пак, велат дека е нереално да се очекува битолчани наскоро да добијат парно од РЕК, зашто во таков случај комбинатот би требало да произведува помалку струја.
Шефот на кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи, Беким Чолаку, денеска рече дека Романија прво треба да ја признае независноста на Косово за да има кредибилитет да посредува во постигнувањето конечно решение во дијалогот меѓу Косово и Србија. Тој ја поздрави иницијативата на романскиот претседател Клаус Јоханис, кој изрази подготвеност неговата земја на почетокот на 2019 година да ја преземе улогата на посредник во дијалогот Белград-Приштина.
Командантот на американските воени сили во Европа, генерал Кертис Скапароти, предупреди дека Балканот се соочува со засилен таен и отворен притисок од Русија и дека Вашингтон и НАТО треба да сторат повеќе за да спречат дестабилизација во регионот. Тој пред сенатската комисија за вооружените сили денеска рече дека САД не излегле со ефективен одговор на руските компјутерски закани. Скапароти, кој исто така е и главен командант на силите на НАТО, рече дека Балканот е област за која е загрижен кога се зборува за новите закани од Русија.
Главна тема во дневните весници се оставките на членовите на антикорупциската комисија. Весниците исто така пишуваат за проблемите во владината коалиција поради законот за јазици.
Семејството на една почината жена од српскиот град Врање на некролозите излепени денеска низ градските улици, како причина за смртта на нивната блиска ги навеле „ненавремената интервенција и несовесното работење на дежурната екипа во Брзата помош“. Семејството обвинува дека екипата на Брзата помош одбила да дојде на нивниот повик, најавувајќи дека детали за целиот случај ќе изнесе по погребот. Поради целиот случај, кој денеска е една од главните теми во Врање, градскиот Здравствен центар соопшти... Читать дальше...
Британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад денеска оцени дека нападот со нервен отров врз поранешниот руски шпион и неговата ќерка е „дрзок и неразумен чин“ на кој ќе биде „одговорено без двоумење“ кога ќе се разјаснат сите факти. Таа во парламентот изјави дека „огромни ресурси“ се насочени во пронаоѓањето на одговорните за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие беа пронајдени без свест на клупа во градот Солзбери, што доведе до антитерористичка истрага. Скрипал и неговата ќерка се во тешка... Читать дальше...
„Форми во црно“ е насловена изложбата на Мице Јанкуловски што до 7 април се одржува во солунската галерија „Лола Николау“. На оваа поставка, на која гостин му е грчкиот колега Харис Кондосфирис, македонскиот уметник претставува дел од последните сеопфатни концептуални серии од основни форми насликани на платно во кои главни атрибути се минимализмот и мултипликацијата.
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ја осудува заканата врз претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани. „Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување... Читать дальше...
Шефот на Европската централна банка, Марио Драги, денеска изрази загриженост поради најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување такси на увозот на челик и алуминиум. Драги на денешната прес-конференција рече дека првичните последици „нема да бидат големи“, но додаде дека „едностраните одлуки секогаш се опасни“. Тој вели дека трговските спорови треба да се решаваат со мултилатерални преговори во Светската трговска организација. Драги вели дека најважниот аспект од потенцијалните... Читать дальше...
Милош Земан денеска положи свечена заклетва за неговиот втор мандат како претседател на Чешка. Поранешниот комунист со проруски и антимигрантски ставови ја положи заклетвата за заедничка седница на двата дома на парламентот во Прашкиот замок. Прв пат беше избран во 2013 година, а на изборите во јануари повторно победи. Според чешкиот устав, нема да има можност да се кандидира за трет мандат. Земан предизвика контроверзии за време на неговиот мандат со изјавите за омаловажување на муслиманите и... Читать дальше...
ЕУ упати критика до Белорусија за егзекуцијата на затвореникот Кирил Казачок и ја повика владата на претседателот Александар Лукашенко да ја укине смртната казна. „ЕУ очекува од Белорусија, единствената земја во Европа која се уште ја практикува смртната казна неодложно да воведе мораториум на истата како прв чекор кон нејзино укинување“, се наведува во соопштението на Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Казачок беше осуден на смртна казна во декември... Читать дальше...
Неколку жени кои се собрале во Техеран со цел да го одбележат меѓународниот ден на жената биле уапсени. Активисти за права на жените соопштија дека тие ќе одржат мирен протест пред министерството за труд повикувајќи за поголеми права. Според социјални медиуми, жените кои се обиделе да протестираат биле спречени од безбедносните сили.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека компромис со Косово би се постигнал само ако двете страни отстапат од максималистички барања. Тој по средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис посочи дека побарал од него вклучување во решавање на проблемот, бидејќи земјата ќе претседава со ЕУ на почетокот на 2019 година. Според Вучиќ, Србија не го разгледува признавањето на Косово. Јоханис посочи дека решението за Косово мора да биде фер и одржливо и ја потврди подготвеноста за активно вклучување во решавањето на проблемот.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на синоќешниот неформален состанок на Владата ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот за името. Коѕијас, како што јавува „Иефмерида“, ги презентирал и новите елементи кои биле додадени во нацрт-документот. Коѕијас се очекува да дојде во посета на Скопје со цел да го достави нацрт-договорот на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис... Читать дальше...
Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили изјави дека властите се подготвени да направат повеќе чекори со цел да го зачуваат правото на визна либерализација. Тој по средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Брисел порача дека Грузија презема активна и одговорна позиција во секое прашање кое било покренато од партнерите на земјата и ќе направи се да има поефективна и функционална долготрајна соработка. Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска разговараат за загриженоста... Читать дальше...
Портпаролот на британскиот премиер Тереза Меј порача дека нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал е ужасен и несовесен криминален чин. Британските власти соопштија дека состојбата на 66 годишниот Скрипал и неговата 33 годишна ќерка Јулија и натаму е критична, по четири дена откако беа најдени во несвесна состојба на клупа во Салсбери. Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд изјави дека употребата на нервен гас на британска почва е безобразно и оти мора да престанат шпекулациите кој стои зад нападот. Читать дальше...
Македонија во трговските односи треба да се етаблира како стабилна држава, која за приоритет ги има интересите на своите граѓани, но треба да ги почитува меѓународни договори. Затоа треба да се внимава при носењето одредби, велат упатените.
Министрите за внатрешни работи од Европската Унија денеска на средба во Брисел ги разгледуваат прашањата за соработка со Западен Балкан во областа на безбедноста и миграцијата. Еврокомесарот Димитрис Аврамопулос оцени дека соработката ќе помогне земјите од Западен Балкан да се приближат кон ЕУ.
Прво членовите на ДИК си поднесоа оставки откако во јавноста се обелодени исплаќање на високи суми, а сега истото го прават и членовите на Антикорупциската комисија по сомнежите во јавноста за сомнителни трошења. Упатените сметаат дека не е проблемот во законите, туку во начинот на избор на луѓето.
Стотици жени учествуваа во маршот во авганистанскиот главен град Кабул по повод 8 март со цел да им порачаат на властите дека треба да им дадат глас, да им обезбедат образование и заштита од насилство. Шефицата на Независната комисија за човекови права, Сима Самар им порача на жените во авганистанската армија да пријават било какви злоупотреби од нивните надредени. Таа истакна и дека никој нема право да го коментира физичкиот изглед на жените или да зборува со нив без почит.
Синот на шефот на талибанците во Пакистан, Мулах Фазлулах и други 19 лица биле убиени во американски напад со беспилотно летало во Авганистан. Пакистанските власти соопштија дека Абдулах Фазлулах бил убиен во покраината Кунар на 6 март кога еден тренинг камп за самоубиствени бомбашки напади бил погоден со две ракети. Двајца други регионални команданти на пакистанските талибанци Гул Мохамед и Устад Јасин кои ги тренирале бомбашите самоубијци исто така загинале во нападите.
Гласајте или ќе најдете геј во креветот. Тоа е пораката на виралното видео кое ги повикува луѓето да гласаат на претседателските избори во Русија. Различни форми на притисок се применуваат по опозициските повици луѓето да останат дома на денот на гласањето.
Гласајте или ќе најдете геј во креветот. Тоа е пораката на виралното видео кое ги повикува луѓето да гласаат на претседателските избори во Русија. Различни форми на притисок се применуваат по опозициските повици луѓето да останат дома на денот на гласањето.
Австриската полиција уапсила авганистански државјанин за поврзаност со нападите со нож во Виена при кои тешко беа повредени 4 лица. 23 годишниот осомничен бил приведен откако избодел 20 годишен маж, исто така од Авганистан. Полицијата се уште истражува дали осомничениот имал врска и со нападот на австриско семејство еден час претходно исто така во главниот град. Сите тројца членови на семејството, родителите и нивната 17 годишна ќерка, како и жртвата од Авганистан се здобиле со повреди опасни по животот. Читать дальше...