Во Битола допрва треба да се гради пречистителна станица. Се очекува до 2021 да профункционира. Проектот е започнат во 2013 и ќе чини 30 милиони евра, од кои 85 проценти се средства од ИПА фондовите.
Илјадници граѓани на Словачка присуствуваа на национален собир во чест на истражувачкиот новинар, кој беше убиен минатата недела заедно со неговатат партнерка. На маршот во главниот град Братислава присуствуваше претседателот Андреј Киска. Други маршеви беа планирани во околу 25 градови во земјата. Комеморативни собири се планирани во неколку странски градови, како Лондон, Париз и Брисел. Телата на 27-годишниот Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Куснирова беа пронајдени во нивната куќа во источниот дел на Братислава. Читать дальше...
Грција добила одобрение од меѓународните кредитори за нова и последна транша кредитна помош од 5,7 милијарди евра, во рамките на програмата која формално ќе биде завршена во август, соопшти грчкото Министерството за финансии. Оттаму наведуваат дека префрлањето на 5,7 милијарди евра ќе биде извршено до средината на март, а тоа треба да го одобрат парламентите на држави кај кои е потребна процедура, се вели во соопштението. Со тоа, формално завршува третиот круг евалуација на грчките реформи... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев придружуван од министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше работен ручек со германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих. Од Владата информираат дека било разговарано за официјалната посета на премиерот Заев и владината делегација во Германија и средбата на премиерот Заев со германската канцеларка Ангела Меркел. Потврдено е од двете страни дека станува збор за... Читать дальше...
Со премиерата на документарецот „Локални херои - светски таленти“, прикажувањето на наградуваниот „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, новата програма „Уредник со причина“ во која својот избор прв го претстави Влатко Стефановски во Кинотека на Македонија започнаа да се вртат некои „свежи филмови“ кои полека стануваат мамка за пошироката публика.
Владата времено да го преземе од општините управувањето со цврстиот отпад, предложи вечерва премиерот Зоран Заев на средба со градоначалниците од државата. Според него нема поместување во справувањето со отпадот: „Начинот на организирање на сметот е сериозна економска дејност која учествува во БДП на државата. Ако бидеме паметни ќе создадеме дополнителна вредност во Република Македонија“, рече Заев. Претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов исто така оцени дека постојниот систем за справување со цврстиот отпад е субстандарден и неефикасен. Читать дальше...
Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти оти смета дека е исполнето битието на кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” согласно изјавата на полицајката дека таа била вербално нападната додека ја вршела својата должност на проверка и контрола на неправилно паркирани возила меѓу кои било и возилото на напаѓачот, Бекир Асани кој е функционер на ДУИ, велат од Хелсиншкиот комитет. „Во никој случај не може само физичкиот напад да се смета за исполнување на битието на делото... Читать дальше...
Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович повика на „директни мировни разговори“ меѓу Киев и сепаратистите поддржани од Русија на истоткот на Украина, за запирање на конфликтот во кој од април 2014 година загинаа повеќе од 10.300 луѓе. На денешна прес-конференција во Москва, Јанукович вети дека ќе побара од ЕУ, САД и Русија да помогнат во организирањето на разговорите за реинтегрирање на украински териториии контролирани од сепаратистите. „Има само еден начин за запирање на војната,... Читать дальше...
СДСМ вети и не оствари поврат на 15 проценти ДДВ, Зоран Заев ветуваше дека оваа мерка ќе биде првата на владата на СДСМ и немаше изборен собир на кој Заев не се фалеше дека со оваа мерка секое семејство ќе добива 30 илјади денари, односно 13 плата на секоја календарска година, соопшти опозициксата ВМРО-ДПМНЕ. „Не само што оваа мерка не беше реализирана веднаш, туку не е имплементирана ниту денес, година ипол по изборите во 2016 година. Скоро една година откако Зоран Заев е премиер оваа мерка е се уште мртво слово на хартија“... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата ЕнБиСи изјави дека неговата земја ќе користи нуклеарно оружје само во вонредни околности. Според него, има две причини кои може да ја предизвикаат употребата на нуклеарно оружје. Првата, како што истакна, е нуклеарен напад врз Русија, а втората користење на неконвенционално оружје во напад кога е загрозено постоењето на земјата. Претходно, НАТО како и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп изразија загрижување... Читать дальше...
Претставниците на стечајните работници изразија задоволство поради измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика откако министерката Мила Царовска денеска се сретна со претседателка на Здружението на стечајни работници - УНИТ Лилјана Георгиевска и регионалните координатори на здружението. Владата минатата недела ги усвои измените... Читать дальше...
Шефот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека иранскиот претседател Хасан Рохани го уверил дека на жените наскоро ќе им биде дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари во земјата, иако за тоа ќе биде потребно време. Иранскиот министер за внатрешни работи Салман Самани неодамна изјави дека на 35 жени им бил забранет влез на натпревар на стадионот Азади во Техеран. Групи за права на жените соопштија дека некои од нив биле уапсени. Но, Самани негираше и посочи дека жените само биле пренесени на адекватно место. Читать дальше...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со полициската службеничка Јасмина Јаначковска во врска со вчерашниот настан во кој таа беше вербално нападната додека извршуваше работни задачи на крстосницaтa на булевар "Гоце Делчев" и улица "Филип Втори" во Скопје. Јаначковска, како што соопштуваат од МВР, на прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, таа објаснила дека со Бекир Асани имала само вербална расправија... Читать дальше...
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски изјави денеска дека не чувствува одговорност за ревизорските извештаи, бидејќи не бил посочен во нив и од тие причини нема намера да поднесе оставка на функцијата. Според него, случајот е инструиран, а извештајот кој бил за внатрешна употреба со неговото вадење во јавноста има за цел да се дискредитираат членовите и комисијата. Тој на средбата со Комисијата за политички систем во Собранието посочи и дека извадени се... Читать дальше...
Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос денеска изјави дека врз основа на сложено ерга омнес име, може да се најде достоинствено, заемно прифатливо и одржливо решение на прашањето за името. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос посочил дека за тоа потребна е волја и од двете страни.
НАТО како и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази загриженост за тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата земја развила ново нуклеарно оружје. Путин за време на неговото традиционално обраќање до нацијата порача дека новото оружје на Русија има неограничен дострел и може да го избегне американскиот антиракетен систем. Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску изјави дека предупредувањата на Путин до НАТО сојузниците за... Читать дальше...
Русија и Украина направиле размена на заробени гранични чувари. Нивната размена се случила денеска во близина на контролниот пункт Хоптивка кој се наоѓа на границата меѓу двете земји. Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави веста и на Фејсбук напиша дека властите ќе продолжат да прават се што е во нивна моќ за да го обезбедат ослободувањето на другите државјани на земјата кои се заробени од страна на проруските бунтовници, кои ја имаат контролата врз источна Украина. Руската Федерална... Читать дальше...
Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски не постигнале согласност околу повлекувањето на спорниот Правилник за обележување на брашното и затоа бил одложен нивниот денешен состанок. Според Љајиќ, усогласувањата ќе продолжат во текот на викендот. Тој предупредува и дека ќе се воведат контрамерки, ако не се постигне заеднички прифатливо решение и тоа ќе биде на штета на стопанствениците од двете страни... Читать дальше...
Моменталната состојба во Собранието ги става на коцка стратегиските интереси на Македонија. Треба да се повлече Законот за јазици за да се одблокира работата на парламентот, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп при што двајцата лидери изразиле загриженост за тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за ново атомско оружје. Според соопштението, Меркел и Трамп сметаат дека тоа ќе има негативен ефект врз меѓународните напори за контрола на вооружувањето. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков негираше дека Русија ги прекршила меѓународните договори за вооружување. Според него, говорот на Путин... Читать дальше...
Магистралните гасоводи целосно ќе бидат завршени до 2020 година и ќе бидат донесени до општините, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој не прецизира кои се опциите за набавка на гас во Македонија, а аналитичарите оценуваат дека засега единствена можност е рускиот гас.
Политички изјави преку кои беа повторени старите пораки, анализираат упатените по завршувањето на балканската турнеја на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Држете се до реформите и решавајте ги проблемите со соседите ако сакате да бидете дел од ЕУ, порача Јункер.
Авганистанските власти соопштија дека во експлозија на автомобил бомба во источен Кабул загинало шест годишно девојче, а 14 лица биле повредени. Според полицијата, целта на нападот бил конвој на странски сили. Се уште никој не презема одговорност за нападот.
Состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ кој требаше да се одржи денеска во Скопје е одложен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека разговорите меѓу двајцата министри на кои треба да се најде решение за проблемот со увозот на српското брашно продолжуваат во наредните денови. Откако македонската влада донесе нов правилник за увоз на брашно со што се поскапува таа постапка... Читать дальше...
Врховниот суд во Атина денеска го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски. Рочиштето поради отсуството еден од адвокатите е одложено за 9 март. Грујевски и Бошковски остануваат во атинскиот затвор „Коридалос“. Тие во Грција, веќе имаат три различни и меѓусебно неповрзани процеси, едниот за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна... Читать дальше...