Дела од 25 уметнички од регионот се претставени на изложбата „Women about women“, што од 14 до 30 мај се одвива во „Мала станица“ во Скопје. Поставката е дел дел од проектот „The Rise of women in culture in Western Balkan“ кој е поддржан од Европската унија, а чиј куратор е Билјана Јотиќ.
Американскиот Државен Секретар Ентони Блинкен, во рамките на турнејата во северна Европа, денеска во Копенхаген ќе има средби со лидерите на Данска. Потоа тој ќе отпатува за Рејкјавик, главниот град на Исланд, каде што в среда и четврток ќе учествува на министерскиот состанок на Арктичкиот совет, форум на 8 држави, меѓу кои и САД и Русија. Во фокусот на престојот на Блинкен во Рејкјавик ќе биде неговиот состанок со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, прв американско- руски на високо ниво... Читать дальше...
На вчерашните локални избори во Хрватска, според првите нецелосни резултати на Државната изборна комисија, на гласањето за градоначалник на главниот град Загреб најмногу гласови освоил Томислав Томашевиќ од зелено- левата коалиција со околу 45 насто, а во вториот круг се пласирал и музичарот Мирослав Шкоро со 12 проценти од гласовите. Во другите поголеми градови во земјата, најмногу гласови освоиле кандидатот на движењето Центар во Сплит, претставникот на Социјалдемократската партија во Риека,... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура се движи од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени. Според УХМР, утре претпладне... Читать дальше...