Се уште нема став од надлежните институции за вакцините Синофарм откако истражување во Србија покажа дека една петтина од вакцинираните не развиле антитела. Докторот Никола Пановски смета дека ако се создаде колективен имунитет не е важно кој има или нема антитела.
Професорот Никола Пановски вели дека мерењето на антитела не е потребно. Ако се создаде колективен имунитет, како што и ние го имаме сега природно и ќе го засилиме со вакцини, не е битно кој има, а кој нема антитела. Ако 80 отсто се заштитени, тие ќе ги заштитат и останатите, вели Пановски.
Македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев утре ќе имаат средба на скопскиот аеродром, а потоа уште околу еден час и во авионот Скопје - Рим можност да разговараат за отворените прашања меѓу двете земји. Што се знае за позициите на Скопје и Софија пред нивната средба?
Властите во повеќе држави регистрираат пораст на разни индивудуалци и криминални групи кои фалсификуваат таканаречени Ковид пасоши, и така остваруваат големи профити. Некои дури и ги продаваат преку интернет за малку пари. Со овој проблем се занимава и Интерпол.
По кој критериум се одредува приоритет во набавка на возила во македонските институции е прашањето што се наметна по најавата за нови 45 возила на лизинг. Некои институции не го обновиле јавниот парк речиси две децении, и се уште возат „олдтајмери“ како Застава и Југо Корал 45, постари од 40 години.
„Архетипови“ е насловена петтата самостојна изложба на дигитални графики на македонската уметничка М-р Билјана Билбилоска, што од 18 до 26 мај, се одржа во новиот салон на галеријата „Ко-Ра“ во Скопје. Во делата таа се фокусира на универзалните форми и визуелните константи.