Фудбалската репрезентација е подготвена за ЕП и верувам дека фудбалерите може да ја поминат првата фаза, вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски. Сè уште не се знае во какви дресови ќе играат, вели тој. Селекторот додава дека има наследници на Горан Пандев, но дека младите треба да се потрудат да ги стигнат неговите резултати. Репрезентацијата е посилна ако има и силни клубови, вели Ангеловски, нотирајќи дека порано половина од репрезентацијата ја чинеле фудбалери од домашни клубови, а сега има еден или двајца.
Вардар е нашиот бренд, гордост на фудбалска Македонија и сите што дозволија да се случи тоа треба да се запрашаат зошто? Несфатливо една екипа која играше во групна фаза на Лига Европа и доби 7 милиони евра да дозволиш да се распадне, вели селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски.