Какви нови услови ќе ни постави ЕУ? Ќе се испитуват ли наводите за сомнителниот мазут? Што е спорно со изградбата на Универзитетот на Плаошник и автопатот Кичево - Охрид. Тоа се дел од темите кои предизвикале најмногу ваши коментари.
Идејата тие што заработуваат повеќе да плаќаат и поголем данок е уште полегитимна во време кога економијата се опоравува од ковид, велат властите. Поранешниот гувернер Петар Гошев вели дека се промовираат стари теми, кои служат за замајување на јавноста, но дека власта не е способна за промена.
За случајот „Двојник“, осудени се службеници во МВР, но истрагата ќе се проширува за да се види дали и кој од повисоката хиерархија во МВР бил вмешан. Според нив, обвинетите треба да се гонат и за фалсификување на патни исправи.
„Државно спознорирано киднапирање на комерцијален лет“. Вака го оценуваат европските лидери инцидентот со принудното слетување во Минск, на авионот од Атина до Вилнус. Најавени се санкции против Белорусија.