Американскиот Државен Секретар Ентони Блинкен, во рамките на турнејата во северна Европа, денеска во Копенхаген ќе има средби со лидерите на Данска.
Потоа тој ќе отпатува за Рејкјавик, главниот град на Исланд, каде што в среда и четврток ќе учествува на министерскиот состанок на Арктичкиот совет, форум на 8 држави, меѓу кои и САД и Русија.
Во фокусот на престојот на Блинкен во Рејкјавик ќе биде неговиот состанок со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, прв американско- руски на високо ниво од преземањето на функцијата американски претседател од страна на Џо Бајден.
Блинкен ја потврди американската поддршка за Украина
Состанокот, кој доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон поради Украина и руските хакерски напади во САД, главно ќе биде посветен на подготовка на самитот меѓу Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, планиран за јуни.
Стејт Департментот соопшти дека Блинкен, меѓу другото, ќе ја предупреди Русија дека веќе не смее да се меша во внатрешните прашања на САД, Украина и на други земји.