Мы в Telegram
Добавить новость

Советники Трампа начали просмотр мер против желающих отказаться от доллара стран

Подмосковные врачи помогли пострадавшему в ДТП с девятью переломами

В студии Postimees Мария Юферева-Скуратовски: многие православные храмы в Эстонии ждет правовой вакуум?

Продолжается отбор заявок в программу «Время Героев»

World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Сентябрь
2020

Новости за 08.09.2020

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 169 случаи на коронавирус во Грција, 35 во бегалскиот камп Мориа

Од 2.000 направени тестови за Ковид-19 на мигрантите, бегалците и вработените во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, потврдени се 35 позитивни лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за миграција и азил на Грција, попладнево соопштија дека завршен е процесот на тестирање во кој биле земени примероци од 1.900 мигранти и бегалци и сто вработени. Заразените биле пренесени во специјално одреден простор за изолација, а освен едно лице кое има симптоми, останатите 34 се асимптоматски. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Столтенберг и Хоти разговараа за регионалната безбедност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на денешната средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти во седиштето на алијансата во Брисел ја поздравил последната рунда преговори меѓу Белград и Приштина кои се водат под покровителство на ЕУ. Како што соопшти НАТО Столтенберг нагласил дека дијалогот е единствениот начин да се постигне трајно политичко решение на Западен Балкан. Дали преку економски може да се дојде и до политички договор меѓу Србија и Косово? Двајцата разговарале и за договорот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Разговорите за преговарачката рамка за С.Македонија продолжуваат во петок

Дипломатите од земјите членки на Европската унија се состанаа утрово во рамките на телото за проширување во Советот на ЕУ, за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија како главна тема на дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е првпат земјите-членки да се состанат за да разговараат темелно за преговарачките рамки за двете земји, но и за новата преговарачка методологија на ЕУ, предложена и усвоена во март оваа година. МИА, повикувајќи се на свои извори... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот Јахоски негира дека ја напуштил ДУИ

Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски попладнево преку писмено соопштение негира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и додава дека на интернет страницата на Собранието е направена техничка грешка. „Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ“, наведува Јахоски. Откако... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Лукашенко- можеби малку предолго сум на власт

Белорускиот претседател Александар Лукашенко за руска телевизија наводно признал дека е можеби малку предолго на власт, додека во земјата расте незадоволството поради исчезнувањето и дополнителното задржување на водечките организатори на опозициските протести. Белоруските гранични власти соопштија дека тие ја уапсиле Марија Калесникова, член на президиумот на Координативниот совет, на границата со Украина, откако цел ден домашната и меѓународната јавност бараше одговори од Минск за нејзиното исчезнување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев бара винариите да останат на договорените откупни цени на грозјето

Винариите да останат на договорените откупни цени од 11 денари за „вранец“ и 9 денари за „смедеревка“, а државата ќе интервенира со ветените четири денари поддршка за овие две сорти и дополнително со два денари за високосортното грозје, изјави премиерот Зоран Заев по денешниот два и полчасовен состанок со лозарите во Кавадарци. Тој најави дека лично ќе разговара со менаџментот на винаријата „Тиквеш“ која, како што рече, треба да го понесе најголемиот товар како најголема меѓу винарските визби. ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 99 заболени со коронавирус, осум починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 од кои двоцифрени бројки има во Скопје-33 и во Охрид- 14. По нив следува Куманово со седум, Прилеп, Битола, Кочани и Делчево со по шест новозаболени, Штип со пет, Тетово четири, Македонски Брод три, Струга и Велес по двајца и Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Виница по еден заболен. Починати се осум лица, двајца пациенти од Тетово, двајца од Охрид и по еден од Делчево, Струга, Скопје и Дебар. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Први количини од руската вакцина спремни за дистрибуција

Руското министерство за здравство соопшти дека првата количина на руската вакцина Спутник за ковид-19 е спремна за дистрибуција до граѓаните. Министерството денеска соопшти дека оваа прва количина на вакцината, која е развиена во московскиот национален истражувачки центар за епидемилогија и микробиологија, ги поминала сите тестови за квалитет и наскоро ќе биде испорачана во регионите низ Русија. Министерството исто така соопшти дека масовното вакцинирање против ковид-19 во земјата ќе почне идниот месец. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицотакис- зголемениот број заболени од коронавирус е поради опуштеноста и раздвиженоста

Здравствената, но и економската криза предизвикани од пандемијата на Ковид-19 беа во фокусот на расправата во грчкиот Парламент на ниво на лидери на партии, по иницијатива на лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата, јави дописничката на МИА од Атина. На расправата што заврши синоќа кусо пред полноќ, а траеше над шест часа, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека лекцијата од летото е дека имало опуштање во општеството во однос на превентивните мерки. „Последното зголемување на случаите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцината против коронавирус тема во американската претседателска дебата

Трката за вакцина против коронавирусот стана главна тема во американската претседателска кампања вчера, додека бројот на инфицирани во Соединетите Американски Држави се искачи на 6,3 милиони, а починаа речиси 190 000. Претседателот Доналд Трамп ги обвини демократите за „потценување“ на вакцината, која како што рече би можела да биде достапна пред изборите кои треба да се одржат на трети ноември. Тој и возврати на кандидатката за потпретседателка од Демократската партија, Камала Харис, наведувајќи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски за Денот на независноста- имаме земја потопена со криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во видео честитка за Денот на независноста 8 септември наведува дека „имаме држава со слаби институции, земја потопена со криминал и корупција, намачен и сиромашен народ“. „Мафија, мафија која управува со државата и сака да управува со животите на луѓето. Нашата генерација е тука и чекаме нова шанса. Македонија не успева затоа што на народот му треба пресвртница која ќе ги направи заедничките животи подобри и поуспешни. После 29 години зборуваме... Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Ден на независноста- честитки и ветувања за подобар живот

Премиерот Зоран Заев денеска, на централното чествување на Денот на независноста 8 септември, кое се одржа пред Владата, осврнувајќи се на изминатиот, како што рече, турбулентен период, но и на претстојните предизвици, приоритети и определби, наведе дека земјава ќе продолжи по патот што веќе го трасираше – граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници, општество за сите со европска иднина. „Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Новата Влада влегува во бескомпромисна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО: Владите да не манипулираат со информации за пандемијата

Директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, денеска ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата со коронавирусот. Рајан во Жeнева кажа дека „обидот да им се презентираат поедноставени решенија на луѓето, да долг рок, не е стратегија која победува”. „Ако заедниците проценат дека добиваат информации со кои политички се манипулира или се управувани на начин што не одговараат на реалноста, тогаш тоа, за жал, се враќа како бумеранг“, изјави Рајан. Карантин... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе формира Фонд за млади умови

Формирање Фонд за млади умови, воведување Закон за младинска гаранција, засилена практична настава и продолжување на исплатата од 3.000 денари месечно младински додадок се дел од клучните приоритети на кои Влада ќе се посвети во својот четиригодишен мандат со цел зголемување на вработеноста на младите, објави Владата во својата програма. Главната задача, како што стои во програмата, е да ја вратат довербата на младите во извесна и сигурна иднина во државата, и токму затоа ќе водат таргетирани политики за зголемување на нивната вработеност. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дали преку економски може да се дојде и до политички договор меѓу Србија и Косово?

Премиерот на Косово Авдула Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во минатата недела во Вашингтон потпишаа два документа за економските односи меѓу двете земји. Експертите оценуваат дека тоа е добар чекор, но изразуваат сомневања во остварувањето на крајната цел, помирување на страните.

SlobodnaEvropa.mk 

Животот низ бројки од независноста до денес

Државата од незаисноста до денес бележи зголемена бројка на жители и туристи, повеќе автомобили, помал број на бракови, а поголем на разводи и помалку деца. Платите пак се повисоки и луѓето треба да работат помалку денови за да си дозволат основни продукти за живот.

SlobodnaEvropa.mk 

Осуммина осудени за убиството на саудискиот новинар Кашоги

Државната телевизија на Саудиска Арабија објави дека се соопштени крајните пресуди за инволвираните во убиството на новинарот Џемал Кашоги, откако неговото семејство најави помилувања за пет лица, кои се спасија од егзекуција, објави Асошиетед прес. Кривичниот суд донесе пресуди за осум лица. Петмина добија максимална затворска казна од 20 години, еден доби десетгодишна затворска казна, додека двајца по седум години в затвор. На 2 октомври 2018 година Кашоги, кој беше познат критичар на саудиската власт... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Честитка од Помпео за 8 Септември: САД остануваат ваш цврст сојузник

„Оваа година и честитаме на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ја поздравуваме посветеноста на земјата за регионален и глобален мир и безбедност, што се рефлектира преку ова огромно достигнување“, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во име на владата и американскиот народ во честитиката по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија. „Ние сме охрабрени од напредокот што го постигнавте на патот кон членството во ЕУ и ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за постигнување европска интеграција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грција ќе го зајакне одбранбениот сектор поради тензиите на Медитеранот

Грција планира да купи оружје, да ги зајакне своите вооружени сили и да ја обнови својата одбранбена индустрија, соопшти владата со растот на тензиите со сојузникот во НАТО Турција околу енергетските ресурси на истокот на Медитеранот. Грција, која во 2018 година излезе од економската криза и се бори со економското влијание на кризата со коронавирусот, сака да потроши дел од своите готовински резерви од неколку милијарди евра на својот одбранбен сектор. Премиерот Кирјакос Мицотакис ќе ги претстави... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците во Собрание, онлајн седници само ако мора

Владејачкото мнозинство бара собранието да може да одржува онлајн седници, за да се овозможи функционалност и во време на пандемијата на коронавирус. Опозицијата е децидно против. Експертите со кои разговаравме препорачуваат работа онлајн само ако е нужно.

SlobodnaEvropa.mk 

Неисплатената плата во културата остави 3 илјади луѓе без здравствено осигурување

Проблемот со неисплатената јулска плата на културните работници им отвори и проблем со здравствено осигурување затоа што биле одјавени. Од синдикатот очекуваа набрзо решение за проблемот.

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Хоти на средба со шефот на НАТО, Столтенберг

Премиерот на Косово Авдулах Хоти, како што објави на Фејсбук, денеска ќе се состане со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Во вторник, во Брисел се среќавам со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кому му благодарам за неговата подготвеност. Косово е благословено со своите пријатели, од двете страни на Атлантикот“, напиша Хоти на Фејсбук. Хоти: Ќе отвориме амбасада во Ерусалим, покрај предупредувањата од Брисел Од 12 јуни 1999 година, меѓународната мировна мисија на НАТО... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Исчезнатите белоруски активисти се во Украина

Тројца високи организатори на опозицијата кои исчезнаа на 7 септември и се стравуваше дека биле киднапирани од безбедносните сили за да се задушат тековните масовни протести против претседателот Александар Лукашенко, ја преминале границата со соседна Украина, според белоруските гранични власти. Сите тројца се клучни фигури на Координативниот совет што се залага за мирна транзиција на власта откако белоруските изборни претставници го прогласија Лукашенко за победник на изборите на 9 август. Членот на президиумот на Координативниот совет... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вархеи и Палмер разговараа за помирувањето меѓу Србија и Косово

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи рече дека разговарал во Берлин со високиот американски функционер Метју Палмер за економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово. Вархеи изјави дека со специјален пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, разговарале за „взаемниот ефект на договорите потпишани во Вашингтон и работата на ЕУ“ за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Претходно Вархеи во Брисел се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Европскиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Прославата на Денот на независноста со мерки за заштита

Владата денеска од 10 часот на отворено ќе ја организира централната прослава по повод 29 години од прогласувањето на независноста и самостојноста на државата, на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Свеченоста ќе се одржи во посебни услови согласно со здравствениот протокол на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание. Пред централната прослава по повод 8 Септември ... Читать дальше...


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Ru24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Ru24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Ru24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

С Эрдоганом пора заканчивать. Турция готовится 9 мая в США нанести России предательский удар в спину

Синоптик Жуков рассказал о погоде в Москве и Подмосковье в начале мая 2024 года

Подмосковные врачи помогли пострадавшему в ДТП с девятью переломами

В студии Postimees Мария Юферева-Скуратовски: многие православные храмы в Эстонии ждет правовой вакуум?

Музыкальные новости

Алсу ире белән аерылышканмы?

Собянин: В поликлиниках Москвы внедрят расшифровку рентген-исследований через ИИ

Сергей Лёвкин: утверждены изменения в СП по инженерной защите территорий, зданий и сооружений от оползней и обвалов

Более 100 студентов посетило СЛД Курск в рамках акции «Неделя без турникетов»

Новости России

В студии Postimees Мария Юферева-Скуратовски: многие православные храмы в Эстонии ждет правовой вакуум?

В Подмосковье открыт Кубок России по бодибилдингу

Собянин сообщил о начале работы сезонных ярмарок выходного дня

Во Владивостоке мошенника лишили свободы за хищение 18 миллионов рублей

Экология в России и мире

Публичная и тайная жизнь одного из самых ярких российских адвокатов XIX века в новом историческом детективе “Плевако”

Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24

Олимпиада по финансовой грамотности МГУ проходит при поддержке СберСтрахования жизни

Новые коллекции Dagon и elisabetta

Спорт в России и мире

Линетт сыграет против Соболенко во втором круге турнира WTA в Мадриде

Вторая ракетка Казахстана опустилась в чемпионской гонке WTA

Медведев остался лучшим среди россиян в обновлённом рейтинге ATP, Рублёв — восьмой

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский

Moscow.media

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)

Суд не стал менять приговор экс-главе наркоконтроля Свердловской области

Дубненского отдела вневедомственной охраны Главного управления Росгвардии по Московской области, который тренирует юных тхэквондистов.

Глава МЧС доложил Владимиру Путину о паводковой обстановке в Оренбургской, Курганской и Тюменской областях











Топ новостей на этот час

Rss.plus






С Эрдоганом пора заканчивать. Турция готовится 9 мая в США нанести России предательский удар в спину

Собянин сообщил о начале работы сезонных ярмарок выходного дня

Вольная борьба: В Грозном состоится якутский финал первенства России

Продолжается отбор заявок в программу «Время Героев»