Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека официјална Приштина ќе отвори амбасада во Ерусалим, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп и покрај противењето на ЕУ. Хоти рече дека тоа е обврска која ја презела Приштина и оти ќе продолжи со примената на тој договор. По денешната средба во Брисел, тој изјави дека денеска не станало збор за договорот во Вашингтон, но најави усогласување со европската политика во иднина. „Тоа не беше тема на состанокот. Нашата перспектива е интеграција во Европската унија. Читать дальше...
Дванаесетте странски државјани кои во Гевгелија се заразиле со Ковид-19 се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница, информираат од Министерството за здравство. „Според информациите од Институтот за јавно здравје, се работи за полицајци од Чешка, кои работат на граница. Сите се изолирани во карантин во мотел “, посочуваат од Министерството за здравство. Ниту еден од нив немал симптоми, но на тестирањата биле позитивни. Во изолација се ставени сите нивни колеги со кои биле во контакт. Читать дальше...
Лидерот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија и ги повика земјите да инвестираат во јавното здравство. „Ова нема да биде последна пандемија. Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти. Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева. СЗО: Прераното олабавување на мерките е рецепт... Читать дальше...
Приближно 2.700 војници од Соединетите држави, Велика Британија, Полска, Франција и домаќинот Грузија денеска започнаа големи воени вежби во Јужен Кавказ. Мултинационалните воени вежби „Благороден партнер 2020“ (Noble partner) во Грузија се очекува да траат до 18 септември. Во соопштението на американската амбасада во Тбилиси се вели дека вежбите, петти по ред, „се дизајнирани да ги зајакнат регионалните партнерства и да ја зголемат подготвеноста и интероперабилноста на американските сили во реална, мултинационална средина за обука“. Читать дальше...
По Вашингтон, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска во Брисел одржаа нова средба за нормализирање на односите меѓу двете држави под покровителство на ЕУ, со високиот преставник на ЕУ Жозеп Борел и специјалниот посредник Мирослав Лајчак. Вучиќ изјави дека на состанокот била постигната „суштинска согласност“ за три теми: исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата, а била отворена и темата за Заедницата на српски општини. „На масата на дневен ред доаѓаат најважните и најтешките прашања... Читать дальше...
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се појави пред лондонскиот суд во продолжението на правната битка за да се избегне екстрадиција во САД, каде што би можел да добие затворска казна од 175 години. Случајот пред судот во Лондон беше одложен поради мерките за затворање и пандемијата КОВИД-19. На сослушувањето, кое треба да трае четири недели, судиите ќе ги слушнат изјавите на претставниците на американското правосудство, со кои се тврди дека Асанж се обидел да ангажира хакери за да провалат во тајните владини досиеја. Читать дальше...
Рускиот дисидент Алексеј Навални се разбуди од медицински предизвикана кома и се одвикнува од механичка вентилација, соопшти денеска попладне берлинската болница каде тој се лекува. Во соопштението од болницата Шарита во германската престолнина се вели дека состојбата на Навални е „подобрена“ и дека е „ премногу рано да се измерат потенцијалните долгорочни ефекти од неговото тешко труење“, јави ДПА. Навални, еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше пренесен во Германија во коматозна состојба на 22 август... Читать дальше...
Владата не уриваше пред „Мавровка“, туку асистираше на Општина Чаир која уриваше, заради тоа што не успеваа постапките за избор на изведувач, па ние понудивме да асистираме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање дали Владата ќе продолжи со уривањето на дивоградбите. Бесправниот објект кај ДТЦ „Мавровка“ беше урнат минатата недела со механизација на државното претпријатие „Македонија пат“, а по владина одлука. Тогаш, по еден месец откако не можеше да му се открие идентитетот... Читать дальше...
Директна парична помош за работниците и компаните во најпогодените сектори, договорот на определено време да не биде подолг од една година и породилното отсуство да трае 12 месеци, се дел од барањата кои денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги побара од Владата. Премиерот Зоран Заев вети дека ќе бидат прифатени оние барања кои реално во моментот може да се реализираат. На денешната средба со премиерот Заев и владиниот економски тим, синдикалците побараа и сабота и недела да бидат прогласени... Читать дальше...
Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација (влошување) на болеста, соопшти Комисијата. За работничките кои се на продолжено породилно, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година, а продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Последици врз здравјето и по прележан Ковид-19... Читать дальше...
Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал е со стапка од минус 12,7 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДСЗ). Според објавените податоци, во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 4,5 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, образование, дејности на здравствена и социјална заштита од 2,2 отсто и информации и комуникации од 0,9 отсто. „Стандард и Пурс“: Денарот и банкарскиот систем се... Читать дальше...
По шест месеци на отворено море во дрвен брод, локалните власти во Индонезија спасија 300 бегалци од муслиманскиот народ Рохинџа, јави денеска новинската агенција Ројтерс. Дрвениот брод со бегалците бил забележан од локални рибари на неколку километри од брегот на Локсеумава, а спасувачката акција завршила кога мигрантите биле извлечени на копно во близина на местото Ујунг Бланга. „Од 297 бегалци, 181 се жени, а 14 се деца“, изјавил за Ројтерс, шефот на локалната полиција и додал дека едно 14-годишно... Читать дальше...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во среда излегува на протести изјави на денешната прес-конференција, партискиот лидер Христијан Мицкоски. „Имеме историски најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт. Оваа влада има историско најголем пад на БДП каков што немаше ни во воениот конфликт. Народот го чекаат уште потешки денови и делиме задничка грижа и затоа во среда на 9 септември во 18 часот ќе организира протест. Тоа е прв во серијата која ќе ги организираме. Ќе почне од Министерството за правда... Читать дальше...
Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, шестмина починати и 251 оздравен пациент. Новозаразените се регистрирани во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1 и Кратово-1. „Починати се 6 пациенти, од Скопје на 73 години, Струга на 79 години, Гостивар на 55 години, Крива Паланка на 63 години, Делчево 86 години и од Кичево на 74 години. Читать дальше...
Академската година за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одвива со комбиниран модел, односно теоретската настава ќе биде онлајн, а практичната со физичко присуство во мали групи. Студентите се надеваат дека здравствените протоколи за Ковид 19 ќе се почитуваат.
Неидентификувани мажи облечени во црно денеска наутро ја грабнале Марија Колесникова, водечка белоруска опозициска фигура, и ја турнале во минибус, објави нејзиниот изборен тим, повикувајќи се на сведоци, јави АФП. Колесникова беше една од кампањските партнери на опозициската кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја. 38-годишната Колесникова е на чело на Координативниот совет кој повикува на мирен трансфер на власта среде повеќенеделните пост-изборни демонстрации во белорусија... Читать дальше...
Руски научници објавија резултати од раните тестови на нивната вакцина Спутник-V за коронавирусот, која беше одобрена од руската влада со многу помпа. Студијата во британското списание „Лансет“ наведува дека пациентите вклучени во раните тестови развиле антитела „без сериозни несакани дејства“.
Белорускиот народ е решен да ги искористи своите слободи, права и демократија. На Белорусија ѝ е потребен национален дијалог за надминување на актуелната криза, изјави првиот човек на европската дипломатија Џозеп Борел, коментирајќи ги тековните протести во оваа земја, пренесе АФП. Протестите во Белорусија продолжуваат и покрај апсењата демонстранти “Импресивните масовни демонстрации во Минск и другите градови уште еднаш ја покажаа решеноста на белорускиот народ да ги искористи своите слободи, права и демократија. Читать дальше...
Судиите или обвинителите што нема да постапуваат по предмети намерно, за тој предмет да застари, ќе бидат разрешени по автоматизам, соопшти денеска владејачкиот СДСМ, од каде најавуваат, како што велат, прочистување во правосудството за неселективна примена на законот. „Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции... Читать дальше...
Индија го мина Бразил по бројот на заразени со коронавирус и сега е на второто место во светот како најсилно зафатена земја од пандемијата, по САД, јави АФП. До овој момент во Индија се регистрирани 4.200.000 инфицирани лица, покажуваат најновите податоци на индиското Министерство за здравство, во споредба со 4.120.000 во Бразил и 6.250.000 во САД. Настава преку звучници на отворено Бројот на починати од Ковид-19 во Индија изнесува 71.642, што е помалку од Бразил и САД, но дел од експертите... Читать дальше...
„Доста лажете бееее....“ „Самите си го правиме ова“ - се само дел од вашите коментари на Фејсбук за интервјуто со министерот за здравство Венко Филипче.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера му рече на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, дека ставот на Европската унија кон турско-грчкиот спор за источниот Медитеран ќе биде тест за нејзината искреност и непристрасност, повикувајќи ја ЕУ да заземе непристрасен став во спорот на Турција и Грција, соопшти денеска Кабинетот на Ердофан, јави Ројтерс. „Провокативни коментари и чекори на европските политичари во врска со регионалните прашања нема да помогнат да се постигне решение“, објави Кабинетот на турскиот претседател. Читать дальше...
По истекот на рокот за поднесување на апанажа, темата за правото на апанажа на поранешните пратеници станува повторно актуелно.
Главниот британски преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост, изјави дека Лондон нема да се плаши да ги напушти преговорите со ЕУ доколку Брисел не попушти за клучните прашања. Пред клучната рунда преговори по Брегзит, Фрост рече дека Британија сака „да го поврати авторитетот за контрола на своите граници“ и додаде дека тоа е „најважната работа“. „Ние нема да правиме компромис за основните прашања за контрола со сопствените закони“, рече Фрост. Тој во Лондон ќе се сретне со преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние. Читать дальше...