Актриса Екатерина Молоховская заявила, что не интересуется сплетнями о коллегах

Mamba: весной россияне активнее регистрируются в дейтинг-сервисах

Большой успех оперы-олонхо «Ньургун Боотур» в Казахстане

Легенда хоккея и депутат Госдумы Вячеслав Фетисов празднует 66-летие

World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Сентябрь
2020

Новости за 09.09.2020

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски со три барања до власта на протестите

„Мафија на робија“ и „Оставка“ скандираа демонстрантите на денешниот протест против поскапувањето на струјата во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Протестниот марш стартуваше од пред министерството за правда во центарот на главниот град до седиштето на Регулаторната комисија од која демонстрантите бараат оставка. На протестот се обрати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека ова е првиот од серијата протести против како што вели „неправдите од Илинденска бр.2“ и детронизирање... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Каракачанов: Или решение за историските прашања или блокада на преговорите на Скопје со Брисел

Бугарскиот министер за одбрана Краснимир Каракачанов изјави дека Македонија цела година ги избегнува преговорите во заедничката историска комисија. Тој во телефонско интервју за ТВ 24 рече дека или ќе продолжат преговорите на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Скопје и Софија  или ќе следува блокада од Бугарија на првата меѓувладина конференција со Брисел, кога се очекува отпочнување на преговорите за пристап на Македонија во Европската Унија. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пентагон најави повлекување на војници од Ирак

Американската армија денеска соопшти дека ќе го намали бројот на војници во Ирак за околу 40 проценти до крајот на месецов. Се очекува да бидат повлечени околу 5 илјади американски војници оттаму. Присуството на американската војска во Ирак имаше за цел борба против милитантната група Исламска држава. Официјалните претставници на маринците велат дека ирачките воени сили се подготвени да се справат со таа борба, но и дека и натаму ќе работат со нив на проширување на нивните безбедносни капацитети. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Филипче на средба со претставници на здруженија за предлогот за враќање на работа на хронично болните

Министерстерот за здравство Венко Филипче утре ќе се  сретне со претставници на здруженијата на пациенти со ретки и хронични болести. Во соопштението на министерството е наведено дека на средбата ќе се разговара за предлозите кои ги имаат овие здруженија во врска со препораката на Комисијата на заразни болести за враќање на дел од хронично болните на работа, а во интерес на подобро услогласување на критериумите под кои ќе се спроведува одлуката. Пред два дена, како што истакнуваат од Министерството... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати во нападот на авганистанскиот потпретседател расте

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во Кабул, кој се случи денеска претпладне, а чија мета беше авганистанскиот потпретседател Амрулах Салех, се искачи на најмалку 10 лица загинати и над 30 повредени, соопшти Министерство за внатрешни работи на Авганистан, пренесе АП. Разван Мурад, портпаролот на потпретседател Амрулах Салех, рече дека потпретседателот имал само со полесни изгореници и дека биле повредени неколкумина од неговото обезбедување. Салех во своето прво телевизиско обраќање веднаш... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За 24 часа 793 тестирања, 72 нови корона позитивни и 3 починати

Министерството за здравство попладнево информираше дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19, 54 оздравени пациенти и тројца починати. Новите случаи со Ковид-19 се регистрирани во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3 и во Свети Николе-1. „Денеска Институтот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Талир: Силјан Мицевски тврди дека лично носел пари кај Груевски

Судењето за предметот „Талир”, за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, денеска продолжи со сведочење на бизнисменот Силјан Мицевски од Битола, на барање на Обвинителството. „Да, лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Норвешки пратеник го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир

Пратеник од норвершката екстремна десница денеска изјави дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир за неговите напори на Блискиот исток, јави агенцијата АП. Кристијан Тајбринг-Гједе, член на норвешкиот парламент од крајно десничарската Прогресивна партија, рече дека Трамп треба да се разгледа заради неговата работа „за мировен договор меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел, што се отвора за можен мир на Блискиот исток “. Израел и ОАЕ на 13 август годинава... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Потпишување на договорот на Израел и ОАЕ на 15 септември во Белата куќа

Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) планираат да потпишат договор за нормализација на односите во Белата куќа на 15 септември, соопштија американските власти, јави АП. Двете држави на 13 август се согласија да воспостават целосни дипломатски односи, потег што беше поздравен како историски чекор што ќе го унапреди мирот на Блискиот Исток. Со договорот, на кој посредуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, ОАЕ станува првата земја од Персискиот Залив која воспоставува целосни дипломатски... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Со камери и компјутери против кинењето сообраќајни казни

Со ригорозно ограничување на брзините во населените места и со камери на опремата на самите полицајци, Министерството за внатрешни работи ќе ги лови неправилностите во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор во избегнувањето да не се казнува или да не се плати казната која ќе биде директно врзана со регистрацијата на возилото, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција. „Целта на овој проект е да се исфрли човечкиот фактор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

„Мој термин“ дише на шкрги

Поради пандемијата со коронавирус голем број хронично болни пациенти со месеци не направиле контроли и испитувања. По застојот од неколку месеци, матичните лекари велат дека системот „Мој термин“ почнал делумно да функционира, порачувајќи дека медицината не е само корона, туку и низа други болести




SlobodnaEvropa.mk 

AstraZeneca го паузира водечкото испитување за вакцина против ковид-19

AstraZeneca соопшти дека ги паузира глобалните испитувања, вклучувајќи го и големото испитување во доцна фаза, на својата експериментална вакцина за коронавирус, поради необјаснето заболување кај учесник во тестирањето.

SlobodnaEvropa.mk 

Копач: Верувам дека одлуката на РКЕ за струјата е правилна

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независен енергетски регулатор што работи транспарентно и професионално и се смета за најдобар регулатор две години по ред во рамки на сите девет договорни страни на Енергетската заедница (ЕЗ). Не можам да проценам дали зголемувањето на цената на електричната енергија од 7,43 отсто беше точно вистинското, но верувам дека независната РКЕ со своите познавања донела правилна одлука, порачува директорот на Секретаријатот на ЕЗ Јанез Копач во интервју за МИА. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Штајнмајер: Честит Денот на независноста, Германија е со вас

Оваа година вашата земја можеше да се радува не само на приемот во НАТО, туку и на одлуката на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори со ЕУ. Со историскиот договор за прашањето за името со Грција и важните реформи, Северна Македонија значително придонесе за тоа, се вели во честитката од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер испратена до македонскиот претседател Стево Пендаровски, а по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија. „Уште позначајно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Секоја осма смрт во Европа е поврзана со загадувањето, и Македонија на листата

Загадувањето на животната средина доведува до стотици илјади смртни случаи секоја година, а еден од осум смртни случаи во Европа има врска со загадувањето на животната средина, објави денеска Агенцијата за заштита на животната средина на Европската Унија во својот најнов извештај. Според податоците на Агенцијата, најтешка е ситуацијата на Балканот, а земјите со најголем процент на смртни случаи како резултат на загадувањето се Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора, Македонија и Србија. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ - „да и се спротивставиме на мафијата на власт“

ВМРО-ДПМНЕ протестира поради поскапената струја. Александар Кржаловски од МЦМС смета дека периодот по изборите треба да се искористи за внатрешна интроспекција, а не за протести, а аналитичарот Џељаљ Незири вели дека ова е најава и за жестока опозиција.

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ меѓу жестока опозиција и внатрешна консолидација

ВМРО-ДПМНЕ протестира поради поскапената струја. Александар Кржаловски од МЦМС смета дека периодот по изборите треба да се искористи за внатрешна интроспекција, а не за протести, а аналитичарот Џељаљ Незири вели дека ова е најава и за жестока опозиција.

SlobodnaEvropa.mk 

Бомбашки напад во Авганистан, цел бил потпретседателот Салех

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија на бомба покрај пат во Кабул, чија цел била првиот потпретседател на Авганистан Амрулах Салех, кој бил спасен без повреди, соопшти неговиот портпарол, Разван Мурад. Тој додаде дека меѓу повредените се и неколкумина од телохранителите на Салех, пренесе АП. Ослободени 100 талибанци во Авганистан Досега никој не презел одговорност за нападот, кој се случи пред почетокот на долгоочекуваните мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците во Доха. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Градинките отворени, да се алармира и при најмал сомнеж за корона

Детските градинки во државата денеска почнаа со работа според строги здравствени протоколи, а за згрижување се пријавени 14.555, за околу 19 илјади места. Министерката за труд и социјална политика утрово информираше дека отворањето ан градинките поминало добро. „Протоколот предвидува ограничен број на дечиња од група, посебен режим на исхрана, како ќе се одвива одморот, спиењето, играњето на децата во градинките. Апелот е повеќе настава на отворено. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Локализиран пожарот во Инспекторатот за животна средина, нема повредени

Пожарот кој утринава избувна во зградата во која се сместени Секретаријатот за европски прашања, Инспекторатот за животна средина и Македонската информативна агенција во центарот на Скопје, е локализиран. Пожарот бил во просториите на Инспекторатот, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Командантот информираше дека пожарот бил во просториите на Инспекторатот за животна средина, нема повредени и дека првичната проценка е дека причината за пожарот е електричната инсталација. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За 24 часа 485 прекршоци за неносење маска за лице

Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци. Казната за неносење заштита за лице во јавни простории, согласно утврдените мерки за заштита од Ковид-19, изнесува 20 евра. Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите.

SlobodnaEvropa.mk 

Новите мерки за пензиите товар или релаксирање на буџетот? 

Владата треба да излезе со план за тоа како мерките за пензиите ќе се одразат врз Фондот за пензиско осигурување кој во континуитет е се позависен од финансирањето на централниот буџет, велат експертите по најавите за укинување на можноста за останување на работа до 67 години.

SlobodnaEvropa.mk 

Додик бара селење на амбасадата на БиХ во Ерусалим

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик поднесе барање за вонредна седница на Претседателството заради преместување на амбасадата на БиХ од Тел Авив во Ерусалим, додека хрватскиот член на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ побара вонредна седница со предлог БиХ да ја признае независноста на Косово. Хоти: Косово ќе отвори амбасада во Ерусалим иако ЕУ реагира Членовите на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, веќе оценија дека предлогот на Додик за преместување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пожар во зградата на Инспекторатот за животна средина и СЕП

Рано утрово избувнал пожар во зградата во која се сместени Канцелариите на Министерството за животна средина и на Секретаријатот за европски прашања, на улицата Димитар Влахов во центарот на Скопје, во поранешната згрдата на Комерцијална банка. Противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот да не се прошири и на вториот кат. Се уште нема официјални информации кои простории се зафатени од пожарот. Од Инспекторатот за животна средина за МИА, чие седиште е во истата зграда... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Г7 ја повика Москва итно да ги изведе на суд виновните за труењето на Навални

Земјите од Г7 ја повикаа Русија денес „итно“ да ги изведе пред лицето на правдата извршителите на „потврденото труење“ на опозицијата Алексеј Навални. Во изјавата министрите за надворешни работи на Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија наведуваат дека се обединети „во најостра осуда за потврденото труење на Алексеј Навални“. Навални се разбуди од кома, рано е за прогнози за последиците Претходно и Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права ја... Читать дальше...


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Ru24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Ru24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Ru24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Единственная в России клоунесса рассказала о тайных обществах и запретах в цирке

Актриса Екатерина Молоховская заявила, что не интересуется сплетнями о коллегах

Суд арестовал четырех подозреваемых в убийствах в Белгородской области

Большой успех оперы-олонхо «Ньургун Боотур» в Казахстане

Музыкальные новости

В Гостином дворе прошел форум «Мы вместе. Спорт»

Собянин: на средства от реализации зеленых облигаций закуплен 451 электробус

Бастрыкин взял на контроль дело о калечащем пациентов нейрохирурге из Москвы

«Такое говорят только у гроба». Михалков назвал Евгения Миронова великим

Новости России

Большой успех оперы-олонхо «Ньургун Боотур» в Казахстане

Миллиардер Карл-Эриван Хауб инсценировал гибель и живет в Москве с русской возлюбленной

Миротворцы уходят из Карабаха. Считать ли это поражением России?

Суд арестовал четырех подозреваемых в убийствах в Белгородской области

Экология в России и мире

Like FM – федеральный партнер релиза «Идеальная зависимость»

Кампус «БИМ» станет драйвером работы по развитию экосистемы технологического предпринимательства в Ивановской области

Заражение крови и менингит: через популярные блюда в ЮВА можно заразиться инвазивной болезнью

Полное руководство по онлайн-покупкам на рынке ‘Садовод’: советы, рекомендации и секреты экономии

Спорт в России и мире

Соперница Арины Соболенко разрыдалась на плече белоруски

Сложнее некуда! Прямая трансляция и превью матча Рыбакиной против непобежденной чемпионки

Потапова победила Самсонову в первом круге турнира WTA в Штутгарте

Полина Кудерметова проиграла Плишковой в первом круге турнира WTA в Руане

Moscow.media

Axenix открыла офис в Санкт-Петербурге

Краски севера III

На строительстве моста на обходе Тольятти началась укладка асфальта

Сотрудники Росгвардии приняли участие в чемпионате Центрального округа по боксу.











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Суд арестовал четырех подозреваемых в убийствах в Белгородской области

Столичные парки возобновили работу после непогоды

Миллиардер Карл-Эриван Хауб инсценировал гибель и живет в Москве с русской возлюбленной

Путин готовится начать перестройку, которая продлится два года, считает Хазин