Ерменските власти денеска соопштија дека турски воен авион соборил еден од воени авиони на земјата. Анкара веднаш го отфрли тврдењето како невистинито. Борбите меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах се одвиваат трет ден по ред, а двете земји неколку децении се во спор околу територијата. Советот за безбедност на ОН се очекува да одржи вонредни разговори за борбите во кои може да се вовлечат и регионалните сили Русија и Турција, кои се блиски сојузници на Азербејџан. ... Читать дальше...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека постапката за спроведување на поранешната минситерка Гордана Јанкулоска во затворот Идризово била врз основа на наредба на судијата за извршување на санкции и врз основа на пресудата донесена од Врховниот суд. Според него, во наредбата било наложено веднаш да се приведе лицето кое треба да издржува казна затвор и така е постапено. Јанкулоска спроведена во затворот Идризово на издржување казна од 4 години „Од човечки аспект е оставен одреден простор... Читать дальше...
Канада и Велика Британија соопштија дека ќе воведат санкции за неколку високи функционери во Белорусија, вклучувајќи го и лидерот Александар Лукашенко, при што меѓународниот притисок врз властите продолжува да се зголемува по спорните претседателски избори минатиот месец и насилството на полицијата врз членовите на опозицијата, медиумите и демонстрантите. Стотици демонстранти приведени во Белорусија Двете држави објавија заеднички санкции, кои вклучуваат забрана за патување и замрзнување на средствата за... Читать дальше...
Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија на коронавирус и препорача строго почитување на мерките за заштита и на протоколот при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот, како што информираат оттаму, е обврска на вршителите на дејноста. Владата одобри кои училишта може да имаат настава со физичко присуство Владата одобри и организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата... Читать дальше...
„Револуција во живо“ е интернационален видео проект на режисерката Теа Беговска со актерска екипа од пет држави во кој се обработуваат пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина, а чија онлајн премиера е закажана за ова среда 30 септември.
Емирот на Кувајт, шеикот Сабах Ал-Ахмад ал-Сабах, почина на 91 година, објави кралскиот двор. Шпекулациите за здравствената состојба на емирот траеја со месеци, бидејќи тој беше примен во болница неколку пати од минатата година. Шеикот Сабах управуваше со арапскиот производител на нафта и сојузник на САД од 2006 година и ја водеше надворешна политика на земјата повеќе од 50 години. Наследник е неговиот брат, шеикот Наваф ал-Ахмад ал-Сабах. Најголемата криза во Кувајт се случи во 1990 година,... Читать дальше...
Француското обвинителство соопшти дека пакистанскиот државјанин кој е обвинет за нападот на две лица со нож во поранешните канцеларии на Шарли Ебдо на 25 септември не знаел дека сатиричното списание се преселил. Обвинителот Жан Франсоа Рикар изјави дека осомничениот за да го спроведе, како што рече француската влада, актот на „исламистички тероризам“ носел три шишиња со разредувач за боја со кои планирал да ги запали просториите на списанието. Истрага за тероризам по нападот со нож во Париз Според него... Читать дальше...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека македонската влада во наредниот период ќе ги интензивира контактите со Бугарија за да се изнајде решение за несогласувањата и да се избегне било каква блокада на преговорите за членство во ЕУ. Османи во дипломатска мисија во Брисел „Имајќи предвид дека Бугарија има голем дел од заслугите на враќање на европските перспективи на регионот, посебно преку софискиот самит во 2018, од интерес на Бугарија е да успее, и очекувам сите недоразбирања... Читать дальше...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека најмалку 145 милиони евра досега завршиле кај стопанството со претходните пакети со мерки за помош на Владата. Според него, од нив 79 милиони евра биле искористени за субвенции на плати кои одеа кај компаниите, а во пресметката се и бескаматните линии, односно траншата од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра. Во претходниот сет економски мерки преку мерката за плати, како што наведе, Битиќи, биле поддржани преку 20... Читать дальше...
Полските власти депортирале пет државјани на Таџикистан кои се осомничени дека имале врски со милитантната група Исламска држава и кои регрутирале државјани на Полска и Украина за да извршуваат терористички напади во Полска. Радио Полска јави дека четворица од осомничените биле уапсени во мај, додека петиот осомничен кој избегал од државата во декември, бил уапсен со меѓународна помош. Агенцијата за домашна безбедност соопшти дека петиот осомничен планирал да отпатува за Сирија за да и се приклучи... Читать дальше...
Бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Со нетрпение го очекувам усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција, му напишал денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во писмо до вицепремиерот задолжен за европски интеграции, Никола Димитров, информираше Кабинетот на македонскиот вицепремиер. Османи со Борел за дијалогот Приштина-Белград „Вашата улога во успешните преговори... Читать дальше...
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска информираше дека од отворањето на градинките до сега само една ваква установа за згрижување е затворена поради Ковид-19, но дека и таа ќе биде отворена утре. „Од отворањето на градинките досега 47 деца и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19. Затворана е само една градинка во општината Чешиново - Облешево и таа ќе биде отворена утре“, изјави денеска министерката Шахпаска. Нелогични анти-корона одлуки на Владата? Со... Читать дальше...
Судијката Добрила Кацарска едногласно е предложена за нов судија на Уставниот суд на денешната седница на Судскиот совет. Предлогот ќе биде испратен во Собранието кое ќе гласа за нејзиниот избор на функцијата. Таа е преложена од Судскиот совет на местото на Владимир Стојановски, по истекот на неговиот мандат. Кацарска е судијка во Основниот кривичен суд Скопје од 1986 година. Ги судела и предметите „Тенк”, „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп” и „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”. Читать дальше...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, на денешната средба со белоруската опозиционерка Светлана Циханускаја во Вилнус, Литванија, вети помош од Европа во посредувањето на политичката криза во Белорусија. „Ќе дадеме се од себе како Европејци да помогнеме во медијацијата“, рече Макрон денеска пред новинарите во Вилнус, ветувајќи „прагматична“ европска поддршка за белорускиот народ. Тој повика на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да се справи со медијацијата за Белорусија... Читать дальше...
Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19, а починале осум пациенти. Новозаразените се регистрирани во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1. „Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти... Читать дальше...
Бојкот на онлајн наставата нема да донесе ништо добро на децата, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, при посетата на едно од училиштата во скопската општина Гази Баба, а во пресрет на почетокот на новата учебна година. Родители на деца речиси од сите делови на државата, револтирани од тоа што нивните училишта биле одбиени за настава со физичко присуство, на социјалните мрежи се организираат за бојкот на онлајн наставата. Тие велат оти се убедени дека така ќе издејствуваат дозвола за настава во училница. Читать дальше...
Германската канцеларка, Ангела Меркел, повика итно да се прекине огнот во Нагорно - Карабах, соопшти нејзиниот кабинет. Според соопштението, канцеларката имала одвоени телефонски разговори со лидерите на Азербејџан и Ерменија. „Канцеларката ја нагласи итноста за моментален прекин на огнот и враќање зад преговарачка маса“, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија. Тешките борби во сепаратистичкиот регион Нагорно - Карабах го зголемија стравот од тотална војна меѓу Азербејџан и Ерменија... Читать дальше...
На отчетно, одговорно, транспарентно и чесно работење денеска и официјално се обврзаа членовите на Владата, потпишувајќи го етичкиот Кодекс донесен на 22 септември годинава, соопшти владината прес-служба. Согласно Кодексот, функционерите, директорите и лицата на раководни позиции во институциите именувани од Владата, на секои шест месеци ќе треба да доставуваат извештај за направените трошоци во текот на нивното работење, кои, потоа, ќе се објават на владината алатка за отчетност. Кодексот ги обврзува... Читать дальше...
Северная Македония должна решить свой исторический спор с Болгарией, чтобы стать членом Европейского союза.
Читать дальше...Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер Миле јанакиески денеска се прогласени за виновни во случајот „Насилство во центар“. Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а Јанакиески на условна казна затвор. Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар. Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи уривање на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“... Читать дальше...
Коронавирусот во моментов најмногу се шири на семејни собири, прослави и свадби, според здравствените власти. Д-р Никола Пановски вели дека доколку се носат нови мерки, тоа треба да биде направено врз анализи за тоа како се шири вирусот.
Специјалните обвинители од поранешното СЈО добиле додатоци во 2015 година поголеми од нивните плати, а во период од јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност добиле вкупно 282.896.000 денари односно околу 4,6 милиони евра, за кои нема законско покритие, утвридил државниот ревиозор. Како што денеска соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР), ова било заклучено по извршената ревизија на усогласеност во СЈО во за периодот 2015 – 2019... Читать дальше...
Со идеја да се понудат можни начини на редизајнирање или ресетирање на нашиот однос кон природното и социјалното опкружување, на 2 октомври во МСУ ќе биде отворена групната изложба „Panic Room или скок во мислењето“ на која ќе бидат изложени дела на 11 македонски уметници и групата ОПА.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 593 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Над милион починати од коронавирус во светот МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. Казната за непочитување на протоколот и мерките за носење заштитна маска изнесува 20 евра.
Тестирањето на Националната платформа за учење на далечина, кое почна вчера кога беа најавени над 88 илјади корисници, ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Вчера повеќе илјади граѓани се пожалија дека не успеале да се уклучат на платформата, по што следуваа критики дека платформата паднала уште на првиот тест. МОН смируваше дека нема место за паника кај родителите, бидејќи сето тоа ќе биде средено. „Тоа придонесе за успешно... Читать дальше...