Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе го посети градот Кеноша и покрај противењето на гувернерот на Висконсин каде се наоѓа Кеноша. Белата куќа соопшти дека причината за посетата на Трамп на Кеноша е да се сретне со локалната полиција и „да утврди штета од неодамнешните немири “. Гувернерот на Висконсин, демократот Тони Еверс, изрази страхување дека посетата на Трамп ќе разгори тензии, и го повика да ја откаже. „Се плашам дека вашето присуство само ќе им отежне на заздравувањето на раните... Читать дальше...
Стихозбирката „Двоумење“ на младата Ива Дамјановски, издание на ПНВ Публикации од Скопје, е годинашен добитник на поетската награда „Браќа Миладиновци“, што Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобро поетско издание меѓу два фестивала.
Францускиот претседател Емануел Макрон, престојува во посета на Либан со цел да ги предводи меѓународните напори да ги натера поделените лидери на таа земја да се справат со финансиската криза што ја уништи економијата дури и пред масовната експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август, при што загинаа околу 190 луѓе. Амбасадорот на Либан во Германија, Мустафа Адиб, треба беше назначен за премиер вчера пред посетата на Макрон на Бејрут. Адиб се најде како фаворит за премиерската позиција откако... Читать дальше...
Унгарија денеска ги затвори своите граници поради страв од ширење на коронавирус, со што стана првата земја на ЕУ која толку сериозно ги засили ограничувањата. Границите ќе бидат затворени цел септември. „Од 1 септември странските граѓани нема да смеат да влегуваат на територијата на Унгарија“, рече Гергели Гулиас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Унгарија, која има речиси 10 милиони жители, досега регистрираше околу 5.500 позитивни на Ковид-19 и 614 смртни случаи. Орбанизација на Европа или заштита на границите? Читать дальше...
Кандидатот за претседател на САД Џо Бајден го обвини претседателот Доналд Трамп за поттикнување на политичко насилство, во врска со повеќенеделните протести и немири околу расната нееднаквост и полициското дејствување. Во еден од неговите најостри напади врз претседателот Бајден синоќа во Пенсилванија, го опиша Трамп како „токсичен“ водач, неспособен да ја лекува нацијата. „Овој претседател одамна го загуби секое морално раководство во оваа земја“, рече поранешниот потпретседате, додавајќи: „Тој... Читать дальше...
На првиот работен ден како министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со Помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, соопшти МНР. Честитајќи му ја новата позиција на Османи, амбасадорот Рикер ја реафирмирал силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО. Рикер - нужни компромиси за европски... Читать дальше...
Ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Дневната температура ќе биде од 25 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 35 степени.