Денеска и утре ќе се одржи 73 Светско здравствено собрание кое поради сегашната пандемија на ковид-19 ќе биде виртуелно. На собранието ќе се разговара за мерките за спречување на пандемијата, како и најновите случувања во Светската здравствена организација во светлината на критиките што доаѓаат од некои земји, главно од Соединетите држави, дека ова тело на Обединетите нации не ги исполнило очекувањата во борбата против коронавирусот. СЗО бара крајно внимателно да се олабавуваат мерките за коронавирусот... Читать дальше...
Намалена продажба и изградба на станови и куќи, отежнато работење, административни пречки се само дел од последиците што ги трпи пазарот со недвижнини поради коронавирусот. Последните податоци од Катастар покажуваат намалување на продажбата за станови за дваесет проценти помалку од лани.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во парламентот, пред да положи заклетва неговата нова влада, дека „е време“ за анексија на делови од окупираниот Западен Брег. „Време е да се примени израелскиот закон и да се напише ново славно поглавје во историјата на ционизмот“, рече тој. Врз основа на коалицискиот договор за поделба на власта помеѓу Нетанјаху и неговиот поранешен ривал, сега партнер Бени Ганц, за 1 јули е предвидена презентација на стратегија за спроведување на американскиот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Независна бугарска телевизиска станица го обвини премиерот Бојко Борисов за „ширење лажни гласини“, откако тој инсинуираше дека работи по наредба на прогонет олигарх. Борисов на 16 мај двапати ја нарече бТВ во американска сопственост како „ТВ Божков“, повикувајќи се на Васил Божков, најбогатиот бизнисмен воземјата, кој од јануари се наоѓа во самонаметнат егзил во Дубаи, по обвиненијата за даночна измама, обид за мито и организиран криминал. Компаниите кои припаѓаат на Божков, кои го граделе своето богатство на коцкање и лотарија... Читать дальше...
Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија најави секојдневни се национални протести против Владата на премиерот Еди Рама. Одлуката за тоа ја соопшти лидерот на Демократите, Љуљзим Баша по средбата со претставниците на другите партии, кои ја сочинуваат обединетата опозиција. Тој спомнувајќи го договорот со Рама постигнат пред три години пред парламентарните избори, истиот го нарече „грешка што нема никогаш да ја повтори“. Мета: во „државниот удар“ во Албанија се вмешани... Читать дальше...
На денешниот состанок на главниот кризен штаб, како што вчера најави премиерот Оливер Спасовски ќе се разговара за натамошниот тек на рестриктивните мерки. Според него, нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на коронавирусот, а одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести. Пендаровски: Потребни се уште 14 дена вонредна состојба „Најважно е не само да ги вратиме мерките... Читать дальше...
За денеска во 12 часот е најавена нова лидерска средба под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на која треба да се разговара за терминот за одржување на предвремени парламентарните избори. Што доколку лидерите не договорат датум за избори? Ова за Радио Слободна Европа го потврдија од Кабинетот на шефот на државата. На претходната средба што се одржа во вторникот лидерите се договорија со консензус дека здравјето на граѓаните останува приоритет и оти на почетокот на следната недела... Читать дальше...
Ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 30 степени.