За нас ЕУ е стратешка цел, но јас нема никому да му се додворувам и да зборувам против Кина и Русија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС, јави МИА од Белград. Шефот на српската држава вели дека на Самитот ЕУ - Западен Балкан, Србија ја потврдила својата заложба за членство во ЕУ. Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот Србија и Кина: „Челично пријателство“ во време на корона Вучиќ вели дека сака помалку да се зборува за перспективата, а повеќе за процесот на проширување... Читать дальше...
Рускиот милијардер Дмитриј Босов бил пронајден мртов во неговиот дом во московско предградие. Официјалните лица велат дека се работи за самоубиство. Истражниот комитет синоќа објавил дека Босов (52) починал претходната вечер од прострелна рана во главата. Покрај телото, наводно, бил пронајден пиштол. Новинската агенција РБК ги цитираше познаниците на Босов, кои велат дека неговите бизниси не оделе добро кога започнал да „го распределува имотот“ и да отпушта вработени. Босов беше главен акционер... Читать дальше...
Вкупно 40 лица во државата не ја почитувале забраната за движење во изминатите 24 часа, а 29 биле приведени, додека за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР. Кога ќе бидат отворени кафеаните и градинките? Во однос на мерките за изолација и самоизолација, според МВР, во текот на изминатото деноноќие на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација, а веќе евидентираните лица не ја прекршиле мерката.
Сè уште нема одлука кога ќе се отворат градинките, но властите велат дека децата нема да останат незгрижени. Нема одлука ниту за угостителите. Тие, пак, стравуваат дека дополнителите мерки ќе бараат и дополнителни инвестиции.
Вонредната состојба од коронавирусот да се искористи за да се воведат нови практики и секојдневие, предлагаат граѓански здруженија. Тие нудат нивни предлози за имплементација со смирување на состојбата со коронавирусот. Пандемијата од коронавирусот наложи полициски час, затворање на бизниси, односно „паузирање“ на секојдневието. Но, властите во Македонија и низ светот веќе се подготвуваат за олеснување на мерките и одново функционирање. Граѓански здруженија апелираат дека ова е шанса да се воведат нови практики за поздрав живот и околина. Читать дальше...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека неговата работна група за коронавирус ќе го насочи фокусот кон заживување на американскиот бизнис и социјалниот живот. Тоа предизвика лидерот на демократите во Конгресот Ненси Пелоси да предупреди дека игнорирањето на науката и на потребата од повеќе тестирања ќе ги стават Американците во ризик. Трамп ќе ја распушта работната група за коронавирусот Во серија твитови во средата, Трамп наведува дека заради неговиот успех „Работната група ќе продолжи на неодредено... Читать дальше...
Евро групата на денешната видео конференција ќе размени мислења за економската состојба во еврозоната, врз основа на пролетната прогноза на Европската комисија. Дискусијата ќе биде фокусирана врз напорите на Евро групата за решавање на кризата со ковид-19 и ќе го подготви теренот за закрепнување на економијата во еврозоната. Најголем економски пад во ЕУ во последните 25 години Евро групата ќе разговара за главните карактеристики на Европскиот механизам за стабилност кој е главна алатка за поддршка во пандемиската криза. Читать дальше...
Светската здравствена организација предупреди дека земјите кои ги укинуваат ограничувања за запирање на коронавирусот, мора да го прават тоа „крајно внимателно“ или ќе ризикуваат брз пораст на нови случаи. Генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека земјите треба да се осигурат дека имаат соодветни мерки за контрола на ширењето на респираторната болест ковид-19 како системи за следење и обезбедување карантин. Олабавување на мерките за коронавирусот - прерано или пребавно? Епидемиологот на СЗО... Читать дальше...
Лидерот на владејачката полска партија Закон и правда, Јарослав Качински, објави дека е постигнат договор за одложување на претседателските избори и дека допрва треба да се избере нов датум за нивно одржување. Избори во пандемија: Безбедност на гласачите или на гласот Претседателските избори беа закажани пред неколку месеци за 10 мај, но пандемијата на коронавирусот и забраната за движење ги наруши подготовките за нивно одржување. Партијата на Качински сакаше изборите да се одржат на 10 мај, но со гласање по пошта. Читать дальше...
Пратениците на српскиот Парламент синоќа го усвоија предлогот за укинување на вонредната состојба. За одлуката гласаа 155 пратеници, никој не беше против, а еден пратеник беше воздржан. Најголемиот дел од опозицијата ја бојкотираше седницата на собранието, аимаше и инцидент предизвикан од лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој беше исфрлен од седницата. Брнабиќ: Исполнети условите за укинување на вонредната состојба Вонредната состојба во Србија беше воведена на 15 март поради епидемијата на коронавирус... Читать дальше...
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по вчерашниот самит ЕУ-Западен Балкан рече дека биле донесени „некои многу важни решенија кои покажуваат солидарност“, вклучително и најавената одредба од 3,3 милијарди евра помош за регионот. На заедничката прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја моментно е претседател на Унијата, Мишел потсети и на одлуката за отворање разговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Читать дальше...
Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално над 70км/ч. Дневната температура ќе биде од 12 до 21 степен. Во Скопје и околината слично време со температура до 19 степени.