Протести против воведување на 5Г технологија се одржаа денеска во хрватските градови Загреб, Карловац и Риека. Во Загреб собирот се одржа на плоштадот „Бан Јелачиќ“ наречен „Стоп 5Г Хрватска“, и на него учествуваа собра десетици луѓе, меѓу кои и политичари од опозицискиот „Жив ѕид“, јавуваат хрватските медиуми. Учесниците носеа транспаренти на кои пишува: „Непроверено, несигурно, непотребно“ и „Ние не го даваме нашето здравје за концесија“, „Ние не сме експериментални зајаци“, „За здравје, а не за профит“... Читать дальше...
Папата Франциск и ирачкиот претседател Бархам Салих денеска во Ватикан се согласија дека мора да се почитува суверенитетот на Ирак, по нападот на ирачката територија овој месец. Салих разговарал и со државниот секретар кардинал Пејтро Паролини и надбискупот Пол Галагер, министер за надворешни работи на Ватикан. „Фокусот на разговорите беше на предизвиците со кои Ирак се соочува во моментов и на важноста за промовирање на стабилноста и процесот на реконструкција, дијалогот и процесот на барање соодветно... Читать дальше...
Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави видео во кое објавува документи и тврдења за експремиерот Зоран Заев кои, според весникот, покажуваат дека тој за време на изборите во 2014 година во Струмица купувал гласови, преку ангажирање градежна механизација и локалната администрација. Во видеото се гледаат делови од материјали, кои наводно, се поврзани со купување гласови на граѓани. Лидерот на СДСМ Заев денеска ги отфрли како неточни пишувањата на Ла Верита. Според него ако постоеле докази... Читать дальше...
Министерот за животна средина Насер Нуредини во изјава за МИА вели дека единствениот опасен отпад во земјата е комуналниот отпад. Тој уверува дека во земјава се увезува само отпад за рециклирање и за повторна употреба. „Единствениот опасен отпад што го имаме во нашата земја е комуналниот отпад. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува каков било отпад за депонии или некакво складирање. Единствениот отпад што се увезува е за рециклирање и повторна употреба, и ништо друго. Ако постои сомнение за какви било активности од тој тип... Читать дальше...
Човекот кој по грешка го собори украинскиот патнички авион недалеку од Техеран, сега е во затвор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Јавад Зариф. Тој го спореди овој случај со несреќата на иранскиот патнички авион, кој по грешка беше соборен од американските трупи во 1988 година. „Вашингтон никогаш официјално не се извини за инцидентот, па дури и еден офицер вклучен во нападот беше почестен“, рече Зариф. Украинскиот „Боинг 737“ се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари... Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, односно предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа, порача денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски. „ Апсолутно во сето она што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и тука сме да соработуваме. Следната недела ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин му наложил на јавниот правобранител да ја разгледа законитоста на изрекувањето казна на активист на опозицијата затворен за постојано учество во неовластени собири, јавуваат руските медиуми. Константин Котов беше осуден на четири години затвор во септември 2019 година според контроверзниот закон со кој се криминализира учеството во повеќе од еден протест во рок од 180 дена. Триесет и четиригодишниот компјутерски програмер Котов беше приведен на 10 август за... Читать дальше...
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека има шанса да се донесе Законот за јавно обвинителство до 11 ти февруари. Во одговор на новинарско прашање по средбата со претседателотна Европскиот совет Шарл Мишел, тој потврди дека една од темите на разговор бил и овој закон за кој пак, наредната недела ќе се одржи и јавна расправа. „Јас верувам дека постои шанса. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ напушти заради неприсуство наводно на јавниот обвинител којшто нема што да бара на партиски политички средби според мене. Читать дальше...
Околу 85.000 предмети што ја раскажуваат приказната за кинеските имигранти во САД, најверојатно се уништени вопожар што го зафатил музејот во кинескиот кварт во Менхетан, соопштија музејските власти. Претседателката на кинескиот музеј на Америка, Ненси Јао Масбах, за Њујорк Тајмс изјави дека голем дел од историјата и артефактите од колекцијата, најверојатно, се уништени во пожар што ја зафатил зградата каде што музејот чувал експонати. Противпожарната служба соопшти дека пожарот не бил локализиран и по 24 часа од првиот извештај. Читать дальше...
Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски истакнал дека неговата посета на нашата земја, има за цел да испрати силна порака дека иднината на Северна Македонија и на Албанија е во Европската Унија, како и да искаже пораки за охрабрување за континуирано спроведување на реформските процеси и имплементација на обврските на земјата од договорите со Грција и Бугарија. Како што соопшти владината прес служба, Спасовски му се заблагодарил на Мишел за... Читать дальше...
Кина денес објави дека го проширува санитарниот кордон што треба да го спречи ширењето на вирусот што прв пат се појави во Вухан. Според некои проценки, поради оваа мерка ќе бидат отсечени 56 милиони луѓе од светот. Новата мерка опфаќа пет града во централната провинција Хубеи, додека досега, 13 се веќе ставени во карантин. Во рамките на воведените карантински мерки, јавниот превоз кон овие градови е затворен, а затворени се иавтопатите што водат до нив. Кина соопшти дека досега починале 41 лице... Читать дальше...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во 2019 година се иселиле над 10.000 млади лица од нашата држава и за тоа ги обвини лошите политики на власта. „Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80 % во одредени региони од државата“, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на СДСМ пак Зоран Заев кој вчера се сретна со младите во Радовиш истакна дека младите ќе бидат во центарот на вниманието и во новата изборна програма на СДСМ. Читать дальше...
Белорускиот претседател Алeксандaр Лукашенка ја обвини Москва за притисок врз неговата земја да се спои со Русија и вети дека никогаш нема да дозволи тоа да се случи. Лукашенка ја обвиниРусија, главниот снабдувач на земјата за ефтина нафта и гас, дека го искористува Минск околуиспораката на нафтата принудувајќиго на тој начин да се спои со Русија. „Ние имаме своја земја, суверена и независна. Со нашите мозоци и раце, заработуваме што можеме, ние градиме своја земја. И, не можеме да бидеме дел од некоја друга земја. Читать дальше...
Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен коронавирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на европско тло, пренесува сгенцијата „АП“. Француските власти објавија дека тројцата болни луѓе патувале во Кина, а двајца од нив се од исто семејство, Претходно, француската министерка за здравство, Анјес Бизин, соопшти дека два случаи на вирусот кои потекнуваат од Кина, биле потврдени во Париз и Бордо.Според неа најверојатно ќе има повеќе заболени, но уверува дека властите ќе направат... Читать дальше...
Со 163 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициската Грчко решение и 121 „против“ од останатите партии, грчкиот парламент синоќа ги изгласа измените во изборниот закон, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека новиот закон не беше изгласан со зголемено, двотретинско мнозинство, промените нема да се применат на следните избори, туку на тие после нив. Новиот изборен закон предвидува укинување на едноставниот пропорционален систем и повторно воведување на бонус пратенички места за првата партија... Читать дальше...
Британија официјално ќе ја напушти Европската унија на 31 јануари по што ќе премине во период на транзиција што е предвиден да заврши на 31 декември 2020 година.
Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди источниот дел на Турција синоќа се искачи на 20, a над 1000 се повредени, соопштија официјалните лица. Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран. Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинале во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека спасувачите трагаат по 30 лица за кои се верува дека се под урнатините. Читать дальше...
Времето денеска во западните делови во земјата ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 5 до 13 степени. Во Скопје умерено облачно со сончеви периоди и максимална температура до 6 степени.
Француската министерка за здравство Ањез Бузина ги потврди првите два случаја на кинескиот коронавирус во Европа. Таа додаде дека „најверојатно има и други случаи на заразени во Европа“ и ги предупреди граѓаните кои патувале во Кина и на кои им се појавиле симптомите да ги избегнуваат чекалниците во амбулантите за итни случаи. Првите случаи на заразени во Европа доаѓаат откако кинеските власти воведоа ограничувања на движењето, затварајќи го јавниот превоз и регионалниот сообраќај во 13 градови во провинцијата Хувеј. Читать дальше...