Луиџи Ди Мајо поднесе оставка на местото претседател на италијанското „Движење пет ѕвездички“, наведувајќи дека и натаму ќе остане потполно посветен на партијата. Неговата оставка беше најавена денеска претпладне, но оставката Ди Мајо кој воедно е и министер за надворешни работи на Италија, ја даде вечерва на седница на партијата. Нов лидер на партијата би требало да биде избран во следните месеци, по Конгресот на „Движењето пет ѕвездички.“ Иако не се очекува неговата оставка да ја сруши владата... Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација планира да додаде „неколку“ земји на нејзиниот список за забрана за патување и дека конечната одлука ќе биде објавена „многу брзо.“ Зборувајќи денеска пред новинарите во Давос, каде присуствува на годишниот Светски економски форум, Тамп рече: „Гледате што се случува во светот, нашата земја мора да биде безбедна.“ Коментарите доаѓаат еден ден откако медиумите во САД објавија дека Вашингтон размислува на листата да ги додаде Белорусија... Читать дальше...
Власта обвинува дека сензорите што ги поставиле невладините во Битола се „Али Експрес“ сензори, кои не ја отсликуваат вистинската слика со загадувањето. Платформата „Земи здив“ реагира дека имаат доверба во нивните сензори. Во Битола има две државни мерни станици, од кои едната не работи.
Судот во Косово осуди осум етнички Албанци кои беа прогласени за виновни за обид за убиство на поранешен политичар и за заговор за убиство на претседателот и премиерот на земјата во 2017 година. Основниот суд во Приштина денеска им одреди затворски казни од две до 12 години на осудените, чија цел била сериозно да се дестабилизираат или уништат политичките, економските, уставните или социјалните структури на Косово, рече судијата претседавач Наиме Красниќи во пресудата. Во обвинението од 70 страници... Читать дальше...
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо денеска ијави дека сака Европската унија да ги прошири санкциите против членови не венецуелската Влада, како средство да се забрза одржувањето на слободни избори во земјата. Во изјава во Брисел за време на светската турнеја на која тргна и покрај тоа што против него во Венецуела е воведена забрана за патување, Гваидо рече дека бара поддршка од сојузниците за да се собори претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Гваидо за Асошиејтед Прес изјави дека... Читать дальше...
Илјадници жители и сопственици на фирми денеска протестираа на грчките острови кои најтешко се погодени од ситуацијата со преполните кампови за бегалци и мигранти, повикувајќи ја владата да го реши проблемот. Повеќето од продавниците денеска не работат, како и јавните служби на островите Лезбос, Хиос и Самос каде во некои од бегалските кампови има десет пати повеќе луѓе. Претставници на организациите за меѓународната помош исто така ги критикуваа условите во некои од камповите на грчките острови. Читать дальше...
На Скопскиот џез фестивал се создава некоја магија која мене ме тера да дадам најмногу од себе. Ме инспирира. Едноставно го живеам џезот како уметник, вели словенечкиот фотограф Жига Коритник, авторот на капиталното дело, фото-монографијата „Cloud Arrangers“.
Планираниот утрешен протест во црногорскиот град Цетиње против контроверзниот нов закон за слобода на вероисповест е откажан, откако локално население изрази неодобрување на собирот. Српската православна црква објави дека го одложила маршот закажан за 23 јануари, велејќи оти полицијата предупредила дека може да се случи „сериозно нарушување“ на јавниот ред за време на настанот. Денешното соопштение на црквата доаѓа откако неколку илјади луѓе кои се спротивставија на маршот, излегоа на улиците... Читать дальше...
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска одговорајќи на новинарско прашање дека во земјава во период од две години се увезени околу седум милиони тони отпад рече дека од она што го дознал од Министерството за животна средина, не станува за отпад што се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели. „Министерството за животна средина и просторно планирање ја има точната евиденција и на количините и на субјкетите и на бројот на дозволите што се издадени, меѓутоа по она што... Читать дальше...
Нема потреба од паника и воведување посебни мерки во државава во врска со новиот корона вирус, што се појави во кинескиот град Вухан, а заразени се регистрирани и во други земји. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, која се уште заседава, заклучи дека ќе се изготват дополнителни информативни материјали. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ќе достави информативни материјали до аеродромот во Скопје наменети за патниците во смисла кои превентивни мерки треба да ги преземат доколку патуваат во Кина... Читать дальше...
Во напад на американски дрон месецов во западната авганистанска провинција Херат чија цел била милитантна група загинале и десет цивили, меѓу кои три жени и три деца, соопштија денеска авганистанските власти. Според нив нападот се случил во областа Шинданад на осми јануари, а се повредени и пет други цивили, меѓу кои жени и деца. Член на советот на провинцијата пак вели дека во нападот загинале и 16 талибански милитанти меѓу кои и нивниот командант Мула Нангиалиа.
Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по тоа, информираат од Уставниот суд за МИА. Иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина е поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес , а иницијативата за членот 2 од истиот закон поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска. Меѓу амнестираните... Читать дальше...
Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Парламентот протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Владата на премиерот Педро Санчес побара од Парламентот протоколот да биде ратификуван по итна постапка имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено, јавува шпанската новинска агенција ЕФЕ, а пренесува МИА. „Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како... Читать дальше...
Вршителот на должност претседател на Врховниот суд Фаик Арслани денеска рече дека во моментот на примопредавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски затекол триесетина стари предметисо донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не. „На Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет донесовме одлука сите предмети да бидат пререферирани и така се случи. Дадов наредба, со оглед дека се работеше за постари предмети, да се стопира реферирањето... Читать дальше...
Горниот дом на рускиот парламент го назначи Игор Краснов за нов државен јавен обвинител. Тој на позицијата дојде по предлог на претседателот Владимир Путин. Гласањето следува два дена по номинацијата на Краснов кој доаѓа како наследник на Јури Чајка, кој беше јавен обвинител речиси 14 години. Предлогот на Путин следува неколку дена откако руските пратеници во државната дума со мнозинство гласови го избраа поранешниот шеф на федералната даночна служба Михаил Мишустин за нов премиер. Путин го предложи... Читать дальше...
Американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел ќе ги посети Приштина и Белград оваа недела, потврди Амбасадата на САД за Радио Слободна Европа. Гренел, кој е и специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Косово и Србија, в четврток во Приштина ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи. Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, најави дека ќе се состане со Гренел в петок наутро во Белград. Посетата на американскиот дипломат следува откако пред неколку дена во Берлин... Читать дальше...
Министерката за правда Рената Дескоска денеска рече дека шансите дали ќе се донесе или не законот за јавно обвинителство зависат од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање дали има опција законот да се донесе без најголемата опозициска партија, министерката Дескоска рече дека и тоа не е исклучено. „За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтеграција на нашата држава да го поддржат законот“, рече Дескоска. Таа додаде дека тоа... Читать дальше...
Зар е можно Институтот за хемија да моли за гол опстанок, се чудат професорите. До ова доаѓа откако на нивното барање за обновување на кадарот добија одговор дека буџетот за 2020 веќе е донесен. Во меѓувреме, јавноста е сведок за многу вработувања во државната администрација.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска рече дека нема штетен отпад што се увезува во државата. Тој додаде дека случувањата во Бугарија одблизу ги следат и апелираше да се проверуваат информациите посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство поведе постапка за испитување на наводите... Читать дальше...
Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не е завршен процесот околу забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците и оти најверојатно тоа ќе остане за по изборите. Венецијанската комисија препорача да се преиспитаат одредби од Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Правните експерти забележаа за неколку прашања меѓу кои и дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски... Читать дальше...
Задоволство од одличната соработка меѓу Северна Македонија и Израел на билатерален и мултилатерален план изразиле на денешната средба во Ерусалим претседателите на двете земји Стево Пендаровски и Реувен Ривлин. Притоа размениле информации и мислења за состојбите на Балканот и за блискоисточниот регион. Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, нагласил дека двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот во кој беа убиени илјадници Евреи од нашата држава, што претставува ненадоместлива загуба. Читать дальше...
Кинеските власти ги предупредија луѓето да не патуваат во и од Вухан, градот во кој изби епидемијата на короновирусот. Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои деветмина починале. "Не одете во Вухан, а тие што се таму да не излегуваат од градот“, рече денеска Ли Бин, заменик директор на здравствената комисија. Тој исто така додаде и дека на животните не им е дозволено да патуваат во Вухан, град во централна Кина кој има 11 милиони жители. Читать дальше...
Грчките пратеници денеска ја изгласаа Екатерини Сакеларопулу за претседателка на државата. За неа гласаа 261 пратеник од 300 пратеници колку што има грчкиот парламент. Сакеларопулу, која ќе биде првата жена претседател на Грција, ја предложи актуелниот премиер и претседател на Нова Демократија Кирјакос Мицотакис. Таа ќе ја преземе функцијата на 13 март 2020 година кога истекува мандатот на актуелниот шеф на државата Прокопис Павлопулос. Шеесет и три годишната Сакеларопулу е судијка која има искуство... Читать дальше...
Швајцарската полиција осомничила двајца Руси дека биле руски разузнавачи, објави швајцарскиот весник „Тагес Анцајгер“. Двајцата имале дипломатски пасоши и биле на почетна фаза од руската шпионска операција, односно инсталирање шпионска опрема во Давос. Руската амбасада во Берн оцени дека весникот се обидува да „направи скандал од ништо“ за време на одржувањето на Светскиот економски форум на кој учествува светската политичка и финансиска елита. Весникот наведува дека пред пет месеци во проверка на двајцата Руси тие покажале дипломатски пасоши... Читать дальше...
Донесовме одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“, кој по серијата меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории, објави на својот фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски. „Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, петчлената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест. Читать дальше...