Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со потпретседателот Мајк Пенс и кинескиот вицепремиер Лиу Хе, ја потпишаа денеска таканаречената „прва фаза“ од долго-преговараниот трговскиот договор со Кина, соопшти Белата куќа. Новиот трговски договор со Кина беше причина за таканаречената „трговска војна” меѓу Вашингтон и Пекинг. Иако има уште неколку области за преговарања, како на пример тарифите, за некои републикански коментатори денешното потпишување е „историски чин“.
Народната банка ја намали основната каматна стапка на 2 проценти, а како што оценил Комитетот на НБРМ, има простор и за натамошен пад на рефернетната камата, која е основа за формирање на каматите на деловните банки. „Одлуката за олабавување на монетарната политика се темели на поволните движења на девизниот пазар што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти“, стои во соопштението на НБРМ.
Римокатоличкиот поглавар, папата Франциск, ја именуваше Франческа Ди Џовани за прва жена директор во еден од најважните ватикански секретаријати. Ди Џовани (66) е именувана за потсекретар за мултилатерални работи во Државниот секретаријат, што значи дека ќе биде одговорна за водење на одделението што ги координира односите помеѓу Ватикан со Обединети нации и другите меѓувладини организации. Папата Франциск одлучи на жените да им даде поголема улога во донесувањето на големи одлуки во Ватикан и во Католичката црква... Читать дальше...
„Мали хумани иновации“ е насловена изложбата на студентите по Индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје што во рамките на манифестацијата „Роденден на уметноста“ ќе биде отворена во сабота, на 18 јануари, во Младинскиот културен центар.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнс, денеска имале средба на која разговарале за актуелната политичка ситуација во земјава и планираната динамика на работата на Парламентот во периодот до распишувањето на претстојните предвремени парламентарни избори. „На средбата беше потенцирана потребата од имање законски и фер изборен процес, со кој и понатаму ќе се потврди и зацврсти демократскиот капацитет на државата“, соопшти Кабинетот на Џафери. Во однос на НАТО... Читать дальше...
Да се укине фајсбукот за жените да не се прегледуваат меѓу себе, предложил жител на Пелагонија во истражување за правата на руралната жена. Истражувањето покажало дека жените се соочуваат со предрасуди, дека се дискриминираат, но ретко се зборува за тоа.
Австриската владејачка партија, Конзервативната партија, мора да плати казна од 800 000 евра бидејќи ги пречекорила законските лимити за трошење за време на изборната кампања во 2017 година. Партијата на канцеларот Себастијан Курц на изборите потрошила речиси 13 милиони евра, што е за шест повеќе од дозволените 7 милиони евра за изборна кампања. Како што јавува германската агенција ДПА, партијата е казнета и дополнителни 80 000 евра поради тоа што добила донации од две јавни компании, што е спротивно на законот. Читать дальше...
Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Скопје, на заедничката прес конференција со премиерот Оливер Спасовски, рече дека Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги почнат преговорите. За новата ЕК проширувањето не е табу тема, туку приоритет, порача тој.
Eврокомесарот за проширување, Унгарецот Оливер Вархеји, кој денеска е во посета на Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поранешпниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, рече дека ЕУ нема што многу да каже за враќањето на Груевски и оти тоа прашање треба да се упати до унгарските власти. „Не мислам дека Комисијата ја има поставено оваа цел, дека целта на реформите во судството во Северна Македонија е да се врати поранешниот премиер Никола Груевски од земја членка на Европската Унија. Читать дальше...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и германската канцеларка Ангела Меркел дискутирале за ситуацијата на истокот во Украина каде што сепаратистите поддржани од Русија се уште ги контролираат регионите Луганск и Донетск. На интернет страницата на украинскиот претседател во соопштението објавено денеска се наведува и дека Зеленски и се заблагодарил на Германија за учеството во мировниот самит кој се одржа во Париз на 9 декември. Зеленски изрази загриженост за неспроведувањето на договорот... Читать дальше...
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, на средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј, изјави дека Северна Македонија го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април. Тој ја информираше амбасадорката дека во меѓувреме се исполнуваат сите обврски и одговорностите за нашата партиципација во алијансата, вклучувајќи ја и модернизацијата на армијата и нејзиното финансирање согласно стандардите на НАТО. Спасовски нагласил дека паралелно со активности за организирање на предвремените избори во април... Читать дальше...
Албанија ги прогласи за непожелни иранските дипломати во Тирана, Мохамад Али Арц и Сеид Ахмад Хосеини, напиша на својот Фејсбук профил в.д. министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Чакај, објавија албанските медиуми, на кои се повикуваат новинските агенции. „Министерството за европски и надворешни работи денес донесе одлука дипломатските претставници на амбасадата на Исламската Република Иран во Албанија, Мохамед Али Арц и Сеид Ахмад Хосеини, да бидат прогласени за непожелни поради извршување... Читать дальше...
Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Скопје, на заедничката прес конференција со премиерот Оливер Спасовски, рече дека Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги почнат преговорите. „Имам добри вести, интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија ќе продолжи. За новата комисија проширувањетоне е табу тема, туку приоритет“ , рече Вархеји кој е во прва во регионот и прва официјална посета надвор од Европската унија. Тој додаде дека Северна Македонија веќе направила многу и го испорачала... Читать дальше...
Само неколку часа откако претседателот Владимир Путин во обраќањето до нацијата најави уставни измени, руската влада предводена од Дмитри Медведев си поднесе оставка.
Владата на рускиот премиер Дмитри Медведев денеска си поднесе оставка, јавуваат руските медиуми, кои наведуваат дека оставката Медведев му ја доставил на претседателот Владимир Путин.Како што јавува агенцијата Тасс, Путин му се заблагодарил на Медведев за неговата работа и ќе го именувал за заменик-секретар во претседателскиот совет за национална безбедност. Путин, како што јавува Интерфакс, побарал од кабинетот на Медведев да продолжи со работа додека се формира нов.
Деловникот за работа на Собранието ќе биде во фокусот на парламентарните политички партии на новата средба на процесот Жан Моне, која, како што потврдуваат за МИА од Собранието, е извесно дека ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Во Скопје се очекува да допатува новиот известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, како и двајца други европратеници за кои се уште се чека официјална потврда. Официјалните информации се дека форматот на средби останува ист, односно дека европратениците... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин во своето годишно обраќање до нацијата побара да се направат измени во Уставот со кои ќе се засили моќта на парламентот пред завршувањето на неговиот мандат во 2024 година. Во денешното обраќање во дводомниот парламент Путин рече дека треба да има амандмани на Уставот од 1993 година со кои на државната дума ќе и се даде право да ги именува министрите, моќ која сега ја има претседателот. Истовремено, тој рече дека Русија би требало да остане претседателска република... Читать дальше...
Британскиот амбасадор во Иран ја напуштил земјата откако беше притворен од иранските власти минатата недела, јавија денеска иранските државни медиуми. Роб Макер беше во притвор три часа на 11 јануари. Тој беше приведен откако отиде да запали свеќа за жртвите од урнатиот украински авион. Иранската агенција ИРНА јави дека дипломатот ја напуштил земјата откако му била дадена, како што опишуваат, „првична забелешка“ без да прецизираат детали што значи таа. Британското министерство за надворешни работи... Читать дальше...
Пожарникарите пронашле уште едно тело на втора жртва од силната експлозија која предизвика и пожар во хемиска фабрика во североисточна Шпанија, јавува агенцијата Ројтерс. Во експлозијата во Тарагона, која се случи вчера, покрај двајцата загинати има и осум повредени, соопштија спасувачки служби. Канцеларијата на премиерот Педро Санчес соопшти дека се во контакт со властите во Каталонија и дека Мадрид е спремен да ја обезбеди неопходната помош за овој сериозен инцидент. Цивилната агенција за одбрана,пак... Читать дальше...
Судењето за уривањето на комплексот „Космос“ е одложено за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба. Адвокатот на обвинетиот Трајковски, Јовица Страшевски на почетокот на денешното рочиште, реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта. Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите... Читать дальше...
Против еден државјанин од Германија и друг од Италија, а и двајцата со потекло од Република Гана, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе обвинителен акт дека сториле кривично дело Криумчарење на мигранти. Во соопштението на Јавното обвинителство, се наведува дека тие од користољубие заедно, по претходен договор, илегално пренеле мигранти преку нашата државна граница. Двајцата се обвинети дека месецов илегално пренесувале тројца мигранти од Гана... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата во парламентот се фокусираше главно на домашни прашања, вклучително и мерките за справување со нискиот наталитет во Русија. Во денешниот говор во дводомниот парламент Путин рече дека властите треба да направат повеќе за да го зголемат наталитетот и да ги поддржат младите семејства. Рускиот претседател рече и дека ниските приходи се пречка за зголемување на популацијата, додавајќи дека околу 147 милиони луѓе во земјата се соочуваат... Читать дальше...
Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица поради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември. ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти се трага по останатите 11 лица. Меѓу нив има општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници. Читать дальше...
Иранскиот претседател Хасан Рохани повика на национално единство додека продолжија протестите во земјата поради уривањето на украинскиот патнички авион. Повикот за смирување, кој тој го испрати во денешното телевизиско обраќање, доаѓа откако министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на прес конференција во Индија рече дека луѓето протестираат затоа што неколку дена беа лажени. „Луѓето сакаат да се уверат дека властите се однесуваат кон нив со почит, интегритет и доверба“, рече Рохани... Читать дальше...
Пет компании се пријавиле на тендерот за чистење на линданот во околината на фабриката Охис. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за РСЕ велат дека тендерот е завршен и наскоро ќе донесат одлука која од овие фирми ќе биде избрана да го направи чистењето.