Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати за една недела. СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор. Одлуката на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата. Коронавирусот е опасен, брзо се менува Генералниот директор на СЗО... Читать дальше...
Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнс, вечерва изјави дека САД инсистираат предметите од СЈО да продолжат да се работат во ОЈО и да се донесе законот за Јавно обвинителство. Таа во интервју за ТВ Сител ги повика партиските лидери да најдат компромис за законот за јавното обвинитество и да овозможат да биде усвоен пред распуштањето на Собранието. Според Брнс, усвојувањето на новиот закон за ЈО ќе ги унапреди владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста, а многу е важно случаите... Читать дальше...
Комисија ќе ги рангира кандидатите за пратеници на СДСМ за престојните предвремени парламентарни избори, а во неа ќе членуваат и надворешни членови и експерти за да се изберат најквалитетните и најсоодветни кадри што ќе ги претставуваат СДСМ и коалицијата, изјави лидерот на социјал-демократите, Зоран Заев, по завршувањето на вечерашната седница на партискиот Централен одбор. Заев додаде дека намерата е половина од кандидатите на листите да бидат жени и да бидат застапени разни профили на кандидати. Читать дальше...
Централниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница на која се разговара за постапката за номинирање кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори и за утрешната средба за законот за ЈО. Портпаролот на партијата, Костадин Костадинов, изјави дека на оваа седница нема да се одлучува кои ќе бидат носители на листи на СДСМ во изборните единици. „Една од клучните теми ќе биде почнување на постапката за номинирање кандидати за пратеници за претстојните избори. Ќе се остави можноста на базата ... Читать дальше...
Германска медицинска сестра е уапсена под сомнение дека се обидела да труе пет предвремено родени бебиња со морфиум, објави денеска попладне јавниот обвинител во германскиот град Улм, пренесе германската новинска агенција ДПА. Медицинската сестра е задржана во полиција завчера, откако шприц во кој имало мешавина од морфиум и мајчино млеко било пронајдено во нејзиниот шкафче во Универзитетската болница во Улм. Таа е осомничена дека се обидела да ги труе бебињата за време на ноќната смена пред Божиќ. Читать дальше...
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува договор за законот за јавно обвинителство, затоа што, како што вели, на сите им еа јасно дека се работи за правно формално потребно решение за државата. Тој, како што рече, апелира, по одржаната јавна расправа во Собранието, во наредните три дена партиите да ги оформат сите предлози, тие во форма на амандмани да бидат вградени во законот и, како што вели, ако треба Владата во понеделник да го достави до Собранието и тој да биде изгласан до пред распуштање на Парламентот. Читать дальше...
Изградбата на објектот на капелата за православните гробишта во Тетово е завршена пред неколку месеци, но таа и натаму не е во функција. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Oпштина Тетово се сомневаат дека капелата не работи поради проблеми околу техничките стандарди, додека градоначалничката на Тетово Теута Арифи уверува дека комуналното претпријатие наскоро ќе го стави објектот во функција.
Драгана Ефтимова со песната „Белег“, Сузана Мицева со „Тефтер“, Давиде Роко Колокраи со „Ќе бидам моето убаво сонување“ и Игор Крајчев за песната „Победа“ се авторите добитници на наградите на третиот Mеѓународен конкурс за поезија ,,Антево слово".
Бојан Јовановски-Боки 13, првообвинетиот во случајот „Рекет“, денеска на судијката Васка Николовска - Масевска, на лист хартија ѝ предаде на рака напишано писмо адресирано до републичкиот обвинител Љубомир Јовески, во кое, според Боки, се наводите за кривични дела за кои тој зборуваше вчера. „Барам да бидам изведен пред републичкиот обвинител. Се работи за наводите за кривичните пријави што ги најавив вчера“, рече Јовановски потенцирајќи дека, меѓудругото, станува збор и за пријавата за обвинителката Вилма Русковска. Читать дальше...
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против поранешниот директот на Агенцијата за храна и ветеринарство З.П. (39) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. „Пријавениот, во периодот од декември 2016 година до мај 2017 година, додека ја извршувал функцијата, искористувајќи ја својата службена положба со пречекорување на своите службени овластувања постапил... Читать дальше...
Во име на македонското МНР, државниот секретар Зоран Попов денеска ги прими и им се извини на претставниците на невладина организација од Република Кореjа кои вчера беа вербално нападнати во центарот на Скопје. „Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот“, соопшти МНР. Корејци шират толеранција, добија... Читать дальше...
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска ја нарече владејачката комунистичка партија во Кина „централна закана за нашето време“, на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб. Помпеој додаде дека западните сојузници мора „да обезбедат наредниот век да биде управуван од западни демократски принципи“. Забелешките на Помпео дојдоа кога Вашингтон ги притиска Велика Британија и другите европски држави да го исклучат кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ од нивните 5G мобилни мрежи. Читать дальше...
Ако сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната средба со германскиот министер задолжен за Европа, Михаел Рот. Како што соопшти македонското МНР, на средбата во Берлин... Читать дальше...
Европската комисија својот предлог за нова методологија за процесот на пристапување во ЕУ ќе го претстави на 5 февруари во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград, повикувајќи се на информации на агенцијата Танјуг, која објавила дека еден ден подоцна, на 6 февруари, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лично ќе ги изнесе новите упатства за политика за проширување на ЕУ за време на посетата на Белград. Како што пренесува МИА, во Брисел оценуваат дека документот, кој треба да одговори... Читать дальше...
Италијанскиот премиер Џузепе Конте, на денешната средба во Софија со бугарскиот премиер Бојко Борисов, изјави дека Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ. Тој ја поздрави улогата и поддршката од Бугарија на процесот на проширување на ЕУ и за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана. Бугарскиот премиер Борисов посочи дека Бугарија и Северна Македонија годинава заеднички ќе копретседаваат со Берлинскиот процес. „Тоа е исклучително важен знак, а оценките... Читать дальше...
Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Македонскиот Олимписки Комитет и Град Скопје утре во 12 часот ќе организираат комеморативна седница за трагично загинатиот Благоја Георгиевски-Буштур. Настанот е закажан во салата „Платинум“ во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје. Македонската кошаркарска легенда го загуби животот во синоќешната сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода. Георгиевски загубил контрола врз возилото на лизгавиот коловоз, излетал од патот и удрил во бетонски блок при што починал на лице место. Читать дальше...
Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули денеска рече дека се анализира отпадот од камионите запрени на граничниот премин „Богородица“. „Камионите нема да се пропуштаат додека не стигнат анализите. И пред два-три месеца кога имаше контроли, не беа најдени неправилности. Но, во интерес на смирување и во општ инетерес на здравјето на граѓаните, ние сакаме да покажеме сигурност и капацитет на функционирањето на институциите“, рече Макрадули. Се анализира италијанскиот отпад наменет... Читать дальше...
Земјите членки на Европската унија го дадода финалното одобрување за британското напуштање на блокот со што се отвори патот за утрешниот Брегзит. Останатите 27 земји членки го одобрија договорот за повлекувањето на Британија во писмена форма, соопшти Европскиот совет денеска, ден откако Европскиот парламент со мнозинство гласаше за договорот за Брегзит. Излегувањето на Британија од ЕУ ќе стапи во сила утре во 23.00 часот по централно европско време. Преговорите сега ќе се фокусираат на идната соработка. Читать дальше...
Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, денеска изјави дека јавната расправа за тој предлог закон во голем дел дала потврда на многу забелешки кои претходно ги изнела опозицијата. „Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага“, рече Милошоски. За утре е закажана средба во поширок состав... Читать дальше...
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска се сретна со високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, со кого, како што изјави, разговарал за европската иднина на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. „Разговаравме за можноста за постигнување конечен договор со Србија. Борел има искуство во водењето политики и верувам дека со неговиот тим и државите членки ќе се заложи за транспарентен дијалог кој ќе ни донесе просперитетна иднина. Читать дальше...
Во руски воздушни напади во сириската провинција Идлиб, последното упориште на опозицијата, загинале најмалку десет цивили, тврдат активистите. Москва, пак, веднаш ги отфрли ваквите наводи. Сириската опсерваторија за човекови права и Сириската граѓанска одбрана денеска соопштија дека болница и пекарница биле погодени во ноќниот напад во градот Ариха. Според двете организации меѓу загинатите има жени и деца. Руското министерство за одбрана веднаш демантираше наведувајќи дека руски летала не извршувале никаква задача во таа област. Читать дальше...
Претставниците на сите пратенички групи в петок ќе се сретнат за да разговараат за Законот за Јавно обвинителство. Претходно два дена траеше јавна расправа за законот. Власта очекува тој да биде донесен, опозицијата вели дека е можен договор, ако во текстот се вметнат и забелешките на експертите. Ако партиите се договорат, предлогот ќе биде ставен на собраниска седница.
Русија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот додека повеќе земји ги изолираат во карантин своите државјани кои ги евакуираа од кинескиот град Вухан, од каде што и почна вирусот од кој досега починаа 170 луѓе. Рускиот премиер Михаил Мишустин рече дека неговиот кабинет денеска донел одлука веднаш да биде затворена границата меѓу двете земји која е петта најдолга копнена граница во светот. Тој додаде дека навремено ќе ги информираат сите за мерките поврзани со затворањето на границата... Читать дальше...
Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште за случајот „Рекет“ го повика првоосмничениот во тој случај Бојан Јовановски да ги пријави во полиција доказите за корупција кои тврдеше дека ги има за неа. „Го охрабрувам секој кој има за кого било да пријави во полиција. Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата“, рече Русковска. Јовановски вчера кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Русковска вреден четири милиони евра... Читать дальше...
Одлуката што ЕУ треба да ја донесе во март во однос на почнувањето преговори за членство, исклучиво можеме да ја гледаме низ призмата на иднината на оваа држава. Ако таа се поврзува и помеѓу политичките субјекти, партиите.., мислам дека не треба или тешко на тој политичар кој смета дека националните интереси број еден во државата не треба да се остварат. Едно е да имате декларација дека се залагате за ЕУ и за НАТО, а второ е нешто и да направите во однос на остварување на овие соништа. Ова денеска... Читать дальше...