Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди источниот дел на Турција синоќа се искачи на 20, a над 1000 се повредени, соопштија официјалните лица. Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.
Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинале во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека спасувачите трагаат по 30 лица за кои се верува дека се под урнатините.
Потресот е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг, а земјотресот се почувствувал и во околните градови Адана, Хатај и Османије, дури на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.
По овој земјотрес се регистрирани уште 60 дополнителни потреси со послаб интензитет, меѓу кои осум посилни со интензитет од 4.0 по Рихтер.