Министерот за одбрана на Соединетите држави Марк Еспер изјави дека Вашингтон нема донесено одлука за повлекување на војниците од Ирак откако се појави писмо на еден американски генерал во кое се навестува заминувањето на американците од таа земја. Еспер додаде дека не знае ништо за такво писмо, но прецизира дека има извесно прегрупирање на американските сили. Ирачкиот парламент деновиве побара од владата да ги протера од земјата силите на меѓународната заедница на чело со САД. Тензиите во регионот... Читать дальше...
Ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието каде наместа ќе достигнува до околу 65 км/час. Утринската температура ќе биде од минус 10 до минус два, а дневната од нула до осум степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус четири, а дневната ќе достигне до пет степени.