Јавноста се мобилизира да собира донации за рехабилитација на Леонид Индов во Виена. Тие кои го испратија пред камери не чувствуваат одговорност, a Фондот за здравство се повикува на закони и правилници. И за други пациенти не се одобрува рехабилитација, и покрај препораки од лекари дека ја има само во странство.
Матични броеви, фотографии, броеви на лични карти покажани во видеа објавени од министри. МНР вели дека ги коригирале пропустите, а МВР тврди дека е целосно посветено на заштитата на податоците. Молк од Владата, пак, објави лични податоци на 500 граѓани во „Службен весник“. Агенцијата за заштита на личните податоци констатираше прекршоци кај Владата, а за објавите на министрите ќе прави супервизија.
За термини за нов пасош се чека со месеци, фалат и обрасци, па за патување во странство ќе се чека долго. Функционерите се растрчаа, но се чини доцна. Министерот Тошковски добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблем доколку македонски граѓани патуваат со пасоши со старото уставно име, но нема да можат да излезат од земјата ако дојдат дома.
Тетовецот Алдин Шерифи има оштетен вид и желба да стане физиотерапевт, кој ужива во музицирање како хоби. Низ ходниците на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, каде учи, може да се движи сам. Но, на улица не е така. И покрај сите секојдневни предизвици со кои се соочува, вели - го сакам мојот живот!
Руската влада ја прогласи Радио Слободна Европа за „непожелна организација“, според регистарот што го води Министерството за правда на земјата. Со тоа, на РСЕ и се забранува да работи во Русија и го изложува секој што соработува со медиумот на потенцијално кривично гонење. Претседателот на РСЕ, Стивен Капус, рече дека овој потег покажува дека Москва смета дека независното известување е „егзистенцијална закана“.