Матични броеви, фотографии, броеви на лични карти покажани во видеа објавени од министри. МНР вели дека ги коригирале пропустите, а МВР тврди дека е целосно посветено на заштитата на податоците. Молк од Владата, пак, објави лични податоци на 500 граѓани во „Службен весник“. Агенцијата за заштита на личните податоци констатираше прекршоци кај Владата, а за објавите на министрите ќе прави супервизија.