Техничкиот премиер Талат Џафери во овие дваесетина дена од мандатот посетува само места каде што албанското население е мнозинство. Џафери вели дека е премиер на сите и дека тоа што го прави не е предизборна кампања. Според аналитичарите, не само Џафери, туку сите министри 100 дена пред избори само мобилизираат гласачи.
Бројот на заболени од рак во Северна Македонија постојано се зголемува, а на Клиниката за онкологија во Скопје ниту има доволно лекови, ниту персонал. Регионални онколошки центри нема, па сите пациенти патуваат во Скопје. Истрагата на Јавното обвинителство за скандалот со злоупотреба на цитостатиците сеуште трае, но проблемите се со години наназад и наместо да се решаваат, стануваат уште поголеми.