Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава тој.
Повисок пресметан паушал предизвика повисоки сметки за струја. Регулаторна комисија за енергетика ќе ги уважи жалбите таму каде што е пресметан повисок паушал и ќе спречи преминување во поскап тарифен блок, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.