Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија. “Денеска, околу 15:20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурувачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенергетскиот систем”, наведуваат во соопштението. Од компанијата... Читать дальше...
Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека откриле безбедносен проблем кој засегнал речиси 50 милиони корисници. Во текстот објавен денеска компанијата соопшти дека хакерите ја искористиле опцијата “погледни” која им овозможува на луѓето да видат како нивните профили му изгледаат на некој друг. Фејсбук соопшти дека презема чекори да го реши безбедносниот проблем и веќе пријавиле кај надлежните служби. Социјалната мрежа одјави околу 90 милиони корисници кои потоа требаа повторно да влезат на своите профили. Читать дальше...
Израелската војска уби шест Палестинци, меѓу кои две момчиња во појасот Газа, соопштија болнички извори. Илјадници Палестинци денеска се собраа на границата меѓу Израел и појасот Газа како дел од неделните протести кои се одржуваат половина година. Според здравствените власти 290 луѓе се повредени. Жртвите, како што се соопштува се мажи, едно од момчиња е на 12 годишна возраст, а другото на 14 годишна возраст. Досега, околу 190 Палестинци се убиени откако почнаа протестите на 30 март.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека ќе испрати протест до ОН поради присуство на членови на приштинската делегација во зградата на ОН за време на Генералното собрание, кои тоа го злоупотребуваат. Дачиќ во изјава за белградски медиуми вели дека делегацијата од Косово одделни билатерални состаноци одржуваат и во ходници и тврди дека добиле пропусници и оти тоа го „злоупотребуваат како во случајот со Мароко“. Шефот на српската дипломатија вели дека делегацијата од... Читать дальше...
Руската православна црква предупреди дека ќе ги прекине односите со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први ако и даде автономија на православната црква во Украина. Предупредувањето следува откако Вартоломеј Први вети дека ќе овозможи православната црква во Украина да добие автокефалност. Руската православна црква, која е најголема православна црква, жестоко се противи на таа одлука. Црквата во Украина пак стотини години беше поврзана со московската патријаршија иако многу парохии се одвоија во минатите две децении за да направат посебни цркви.
Српските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Москва информираат дека српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин. Според овие информации, двајцата претседатели по разговорите нема да даваат изјави за медиумите, што досега, според бројните меѓусебни средби беше правило, а не се најавени ниту темите на разговорите. Вучиќ и Путин последна средба имаа во мај годинава, за време на Воената парада во Москва. Рускиот амбасадор во Белград Алекандар Чепурин... Читать дальше...
Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Брисел се сретна со комесарката за правда, правата на потрошувачите и родовата еднаквост при Европската унија, Вера Јурова. Како што соопштуваат од владината прес служба на средбата Дескоска објаснила дека Македонија поминува низ процес на сериозни реформи во областа на судството и обвинителството и борбата против корупцијата. “Започнавме скрининг и за нас е многу важно да покажеме опипливи резултати, затоа што знаеме дека Поглавјето 23 се отвора... Читать дальше...
Во Македонија во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“, а состојбата и во земјава и во регионот и државите од западна Европа се следи во континуитет. Ова го соопштуваат од Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство која денеска одржа редовна работна средба, на која присуствуваа и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, а на која е разгледана состојбата со „мајмунски сипаници“ во Велика Британија. Со цел информирање на здравствените... Читать дальше...
Романскиот уставен суд одлучи геј двојките да имаат исти семејни права како и хетеросексуалците. Пресудата доаѓа пред одржувањето на референдумот на кој се предлага забрана на истополовите бракови. Уставниот суд одлучи дека истополовите двојки имаат исти права во приватниот и семејниот живот и треба да имаат придобивки од законските и судските признавања на нивните права. На 6 и 7 октомври ќе се одржи референдум на кој се предлага ограничување на уставната дефиниција за бракот. Романскиот устав... Читать дальше...
Повеќе од две третини анкетирани во Косово се против идејата за размена на територија, се вели во резултати од анкета во врска со процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград, спроведена од Демократскиот институт на Косово. Врз основа на анкетата, 77,6 отсто испитаници се противат на идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово. На прашање што ќе преземат граѓаните ако претставници на Белград и Приштина се договорат за размена на територии по етничка основа, 51,5 отсто анкетирани тврдат дека ќе протестираат против таков договор. Читать дальше...
Берлин и Анкара се партнери во многу сфери и поради тоа Германија се залага Турција да има стабилна економија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел ви германскиот главен град по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Германија има интерес за економски стабилна Турција“, нагласи Меркел додавајќи дека германскиот министер за економија и енергија Питер Алтмајер наскоро ќе ја посети Турција за да учествува во заедничката комисија за економска соработка. Весникот „Волстрит џурнал“... Читать дальше...
Словачкиот државен обвинител обвини тројца осомничени за убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница во февруари, соопшти денеска портпаролот на обвинителството. Тројцата осомничени беа уапсени при рација во куќа на 27 септември. Петмина други уапсени во истата рација беа ослободени. Јан Куцијак беше најден убиен заедно со неговата свршеница Мартина Куснирова во нивниот дом во близина на главниот град Братислава. Двајцата имаа по 27 години. Властите велат оти веруваат... Читать дальше...
На барање на одбраната за 29 октомври е одложено судењето за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, во случајот во кој обвинети се 12 лица за несовесно работење во службата. Судијата Марин Станевски денеска го одложи судењето поради непреведени докази на Обвинителството и наложи истите да бидат комплетирани за следното судење кога треба да почне главната расправа. Досега судењето беше одложувано три пати поради отсуство на дел од обвинетите. За случајот обвинети се членовите на Првостепената и Второстепената комисија кои го донеле... Читать дальше...
По повеќе од десет години пауза, од 1 ноември Скопје и Атина авионски ќе се поврзат со летови секој вторник и четврток преку грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“, потврдуваат за МИА од компанијата. Распоредот на летови е од 01.11.2018 до 28.03.2019 според зимската програма на компанијата, а дополнително ќе биде објавен летниот распоред. На сајтот на компанијата веќе има можноста за резервација на билети. Двета главни града ќе ги поврзе авион на „Olympic air“, подружницата на „Aegean airlines“... Читать дальше...
Капитал пишува за почетокот на скрининг процесот на Македонија, а Фокус пишува за новите предистражни постапки на СЈО.
Почетокот на подготвителниот скрининг со Македонија е знак за силната заложба на Европската унија кон земјата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан додавајчи дека оваа фаза со Македонија и Албанија очекува да заврши до следното лето за првата меѓувладина конференција да се одржи есента 2019 година и со тоа официјално да започнат преговорите за членство. Хан сепак истакна дека преостанува многу реформска работа до таа цел. „Нашите односи влегоа во одлучувачка фаза, ова е процес што ќе... Читать дальше...
Кампањата за парламентарните избори во Авганистан започна денеска и покрај бранот насилства низ земјата и наводите за измами. Повеќе од 2.500 луѓе, вклучително 418 жени, се борат за 249 места во Долниот дом на авганистанскиот Парламент. Банери и постери од кандидатите можат да се забележат низ главниот град Кабул и во други градови во земјата. Предвидено е кампањата да заврши на 18 октомври, според портпаролот на Независната изборна комисија на Авганистан, Мирза Мохамед Хакпараст. Изборите се закажани за 20 октомври. Читать дальше...
Додека Приштина и Белград не ги решат своите разлики, нема да дојде до членство во ЕУ на Косово, поради што е многу важно да се постигне правно обврзувачки договор со Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи за „Фајненшл Тајмс“, додавајќи дека за Приштина не постои план Б ниту алтернатива за членството во ЕУ и НАТО. Тачи вели дека постои голема можност други да ја искористат предноста на моменталниот вакуум, поради што тој и претседателот на Србија Александар Вучиќ повторно се ангажирале... Читать дальше...
Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГ) соопшти дека нивните припадници убиле четири милитанти на граничниот премин Сараван, во близина на Пакистан во југоисточната провинција Систан-Балучистан. Во соопштение објавено денеска на државните ирански медиуми, ИРГ наведува дека „иранските сили убиле четири терористи и раниле двајца.“ „Другите припадници на терористичката група избегаа во соседната земја“, се вели во соопштението во кое се додава дека групата била поврзана со „арогантна светска... Читать дальше...
И покрај тоа што македонското здравство е добро рангирано во последното истражување на странска организација, лекарите и пациентите се незадоволни и велат дека суштински е во здравството да има доволен кадар и добра дијагностика.
Најголемиот дел од граѓаните поддржуваат воведување повисок данок за оние со поголеми приходи, но мнозинството стравува дека тоа ќе има негативни последици, покажува анкетата на ИРИ.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу имаше средба со шефот на кинеската дипломатија Ван Ји, на која изразил надеж дека Турција ќе ја зајакне соработката со Кина во секторот на трговијата, енергетиката и борбата против тероризмот. „Турција дава големо значење на односите со Кина и се надева на зајакнување на контактите со Пекинг на високо ниво, како и на проширување на практичната соработка во секторот на трговијата, енергетиката, борбата против тероризмот и други сфери за успешен развој на соодветни проекти“... Читать дальше...
Со одлука на Министерството за финансии на Грција од 1 октомври без ограничувања ќе може да се подигнуваат готовина од банкоматите во земјата, со што по повеќе од три години се укинува ограничувањето за подигнување готовина, воведено со мерките за контрола на капиталот. Одлуката од грчкото Министерство ќе биде објавена во Службен весник. Таа се однесува на измени на ограничувањата во два конкретни случаи: секаков вид на подигнувања готовина без ограничување и движење на капитал во внатрешноста на земјата... Читать дальше...
Ние сме можеби единствениот театар во Македонија во кој нема чиги, но се снаоѓаме некако како да ги закачиме завесите, кулисите, сценографијата...да ја доловиме магијата, вели Катарина Илиевска Силјановска, актерка и директорка на Театарот за деца и младинци во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
САД се судрија со Кина и Русија во ОН во врска со нивниот повик за олеснување на санкциите против Северна Кореја. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на состанокот на Советот за безбедност на ОН изјави дека неодамнешниот „позитивен развој“ во односите меѓу Северна и Јужна Кореја, заедно со „потоплите“ односи меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, треба да водат кон ослободување од некои од строгите санкции донесени од Советот во минатата година, за да го притиснат Пјонгјанг во разговорите за неговата програма за нуклеарно оружје. Читать дальше...