На хартија актерите ги имаат сите права и се поделени во четири категории додека плата земаат како да се две категории, вели во неделното интервју за РСЕ актерката и директорка на Театарот за деца и младинци Катарина Илиевска - Силјановска
Министерот за спорт на Турција, Мухарем Касапоглу изрази разочарување што земјата не ја добила организацијата на Европското првенство во фудбал 2024-та година, но истакна дека „загубата не е за нашата земја, туку за ЕП 2024“. Извршниот комитет на УЕФА одлучи домаќин на шампионатот по шест години да биде Германија, откако трикратниот европски шампиони доби 12 гласа наспроти само 4 за Турција. Овие две земји беа и единствените кандидати за кои се гласаше во Нион, Швајцарија. Германија за последен... Читать дальше...
Кристин Бласеј Форд, која го обвини за сексуално вознемирување, кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за судија на Врховниот суд, Брет Кавано, денеска сведочеше пред комитетот за правда во американскиот Сенатот. Таа одговара на прашања поврзани со нејзиното обвинение. Бласеј Форд вели дека е апсолутно сигурна оти Кавано бил тој што сексуално ја нападнал и дека не го помешала со некој друг. Инцидентот се случил во 1982кога и Бласеј Форд и Кавано биле тинејџери. Кавано и негов другар... Читать дальше...
Автоматизирани налози на Твитер ги засилија активностите во насока на намалување на одѕивот на гласачите на претстојниот референдум, на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција за решавање на спорот за името, нагласува Трансатлантската комисија за изборен интегритет. Алатката на Трансатлантската комисија за мониторирање на активностите на социјалните медиуми детектираше зголемување на нови автоматизирани ботови во изминатите 50 дена... Читать дальше...
На лицата со посебни потреби во Куманово ќе им помагаат 10 млади невработени луѓе од нивната општина, во рамки на проектот Локална прегратка. Тие ќе им помагаат на лицата со попреченост во двата дневни центри и на ученици со попреченост. Искуството стекнато во рамки на овој проект ќе им помогне полесно да најдат работа.
Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Обединетите нации за време на говорот на претседателот Ѓорге Иванов. „Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации“, објави Жерновски на својот ФБ профил.
Граѓаните да го искористат своето со Устав гарантирано право и да излезат и учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на нашата држава, повика на последниот ден од кампањата за референдумот на 30 септември, претседателотна Собранието на Република Македонија Талат Џафери заедно со координативното тело, а во име на ситепратеници коишто водеа кампања „за“ или „против“. „Позитивната одлука на граѓаните на 30 септември за Македонија ќе значи отворање на вратите на НАТО и Европската унија. Читать дальше...
Медиумите известуваат за посетата на македонската делегација на Брисел со што се означува почетокот на маратонот кон ЕУ, а ги анализираат и пораките искажани во кампањата за референдумот.
Брисел драстично ја намали помошта за Турција, што беше наменета за подготовка за евентуалното присоединување на земјата кон Европска унија, поради недостиг на напредок од страна на Анкара во исполнување на критериумите, соопшти денеска Европската комисија. Европска комисија ја намали помошта за Турција за приближно 40 проценти за периодот од 2018 до 2020 година. Со таа мерка, Турција ќе добие 759 милиони евра помалку од предвиденото. Покрај недоволен напредок во исполнување на критериумите за членство... Читать дальше...
Дигиталната трансформација започнува со прифаќање на брзите промени. Покрај ова во Македонија предизвик се финансиите и соодветниот кадар, но позитивното е што има место за подобрување. Ова се дел од пораките на конференцијата на МАСИТ, „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“.
Решение за косовското прашање, кое подразбира и промена на границите, можно е единствено ако, освен Белград и Приштина, се согласат и ЕУ и Советот за безбедност на ОН, нагласи денеска известителот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер. Тој на прашање на Танјуг за ставот за можната корекција на границите како дел од решението за косовскот прашање одговори да „во ЕУ се свесни на можноста на размена на територии и промена на границите.“ Тој додаде дека за овој правец престои уште... Читать дальше...
Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини вели дека за време на заедничката вечера органзиирана на маргините на Генералното Собраниена ОН, лидерите на Западен Балкан потврдиле силна посветеност во напредокот со процесот на ЕУ интеграции преку забрзани реформи и добрососедски односи. Таа додаде дека на работни вечери во Њујорк се разговарало и за Преспанскиот договор што се однесува на решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за името како и за дијалогот Белград – Приштина. Читать дальше...
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации го посвети на објаснување на штетноста на Договорот за името со Грција и ги повика земјите членки кои веќе ја признале Македонија под уставно име да не ја менуваат својата одлука. Претседателот вели дека со Договорот се прекршува правото на самоопределување. „Грција со Договорот од Преспа и наметнува нов име и бара истото да се применува ерга омнес и за надвор и за дома. Предвидено е Македонија да го промени Уставот... Читать дальше...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во отворени писмо до граѓаните пред референдумот вели дека 30 септември е последна шанса да им се обезбеди сигурна иднина на новите генерации. „Нашиот глас на 30 септември е глас на секој од нас за мир, одржлива безбедност и стабилност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за постабилен регион, за владеење на правото и правна држава, економски развој, поголеми домашни и странски инвестиции, за општествена благосостојба“, наведува Ахмети во писменото обраќање на крајот од кампањата за референдумот. Читать дальше...
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во Берлин, со што почна неговата тридневна посета на Германија. Ердоган пред поаѓањето за Германија изјави дека по неколкугодишните тензии сака „да сврти нова страница“ во билатералните односи. Тој и изминатите денови истакнуваше дека посетата на Германија е со цел да ги интензивира економските и политичките врски со Берлин. Турскиот претседател денеска ќе се сретне со претставниците на турската дијаспора во Германија, а потоа... Читать дальше...
Односите на Турција и Австрија во последно време не се најдобри и тоа треба да се промени, истакнаа австрискиот и турскиот претседател Александар ван дер Белен и Реџеп Таип Ердоган на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. „Дијалогот меѓу Турција и Австрија е важен посебно имајќи ги предвид економските односи“, се вели во соопштението од кабинетот на Велен. Тој во разговорот со турскиот претседател се осврна и на апсењето на австриските државјани и го замили Ердоган да најде решение. Читать дальше...
В недела ќе се соочите со историска одлука, треба да направите избор кој не е меѓу две политички партии, тоа е избор за вашата иднина, изјави премиерот Зоран Заев во видео обраќање за референдумот на 30 септември. „На 8 септември во 1991 година со глас на референдумот донесовме одлука за слободна, независна и суверена Република Македонија. Од тогаш наваму, не се остварија сите наши стремежи, нашиот сон за европска Македонија и земја членка на НАТО“, рече Заев, Тој додаде дека денес остварувањето... Читать дальше...
Поранешни пратеници од првиот парламентарен состав во независна Македонија денеска на прес конференција во Собранието ги повикаа граѓаните без разлика на партиската припадност да гласаат "за" на референдумот в недела.
Во недела македонскиот народ е соочен со историска одлука. Или ќе се самоизбрише и самоукине или ќе продолжи да се бори за се она за кое што се бореа генерации пред нас, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Во недела оваа генерација е соочена со изборот да потклекне на историскиот предизвик, да падне на коленици, да свитка кичма и да се откаже од сопствениот идентитет или да продолжи да се бори и гордо да им пренесе на идните поколенија пример како се чува тоа што е твое и како со ум и со храброст може секој да се спротивстави на неправда и апсурд“... Читать дальше...
Владата за време на молкот пред референдумското изјаснување на 30 септември ќе ги следи информациите што се пласираат на социјалните мрежи и доколку утврди дека тие претставуваат лажни информации и пропаганда, на своите официјалните комуникациски канали на социланите мрежи ќе соопшти дека се неточни со цел да спречи да влијаат манипулативно врз граѓаните, соопшти портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Бошњаковски вели дека за време на јавната кампања имало нагласено присуство на ширење на лажни вести... Читать дальше...
Претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели денеска се сретна со претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери. Весели порача дека е важно граѓаните да гласаат на референдумот за европска интеграција и мир во регионот. Џафери уште еднаш ги повика сите граѓани да излезат и да го дадат својот глас на референдумот.
Во првиот квартал од годинава дојде до значително подобрување на показателите преку кои се следи банкарскиот систем, меѓу другото и како резултат на стабилизацијата на очекувањата во домашното опкружување, констатира Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната 15-та седница на која беше разгледан Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во првиот квартал од 2018 година. „Во првиот квартал, кој вообичаено има помала сезонска динамика, вкупната актива... Читать дальше...
Амбасадата на САД во Република Македонија на својата веб страница објави соопштение во кое им порачува на американските државјани да ги избегнуваат местата каде што се можни собири на граѓани во пресрет на неделниот референдум, особено пред Собранието и плоштадот „Македонија“. Како места и термини кога особено треба да бидат внимателни се посочени 27 септември во 19 часот пред Собранието на РМ и 30 септември во 19 часот пред Парламентот и централниот плоштад во Скопје. „Различни групи имаат намера... Читать дальше...
На 1 октомври ќе биде сослушан последниот сведок и техничкото лице на одбраната во случајот на СЈО „Тенк“, како и изведувањето на дополнителни докази од двете страни, а завршните зборови судијката Кацарска ги закажа на 3 октомври. За случајот се води издвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес C-600“ во вредност од 600 илјади евра. Денеска во Кривичниот суд вештото лице за материјално и финансиско работење... Читать дальше...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД и Турција ќе го надминат сегашниот турбулентен период во нивните односи. „Нашето стратегиско партнерство со САД, кое преживеа многу потешкотии, ќе го преживее и овој турбулентен период, изјави Ердоган на конференција во Њујорк, каде учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. Односите меѓу Турција и САД се нарушени поради американското одбивање да го екстрадираат турскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање... Читать дальше...