Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Тереза Меј изразија несогласување со ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарниот договор со Иран. Според нив, договорот е најдобриот начин да се спречи Иран во развојот на нуклеарно оружје. Меј порача дека тие се посветени во зачувување на договорот. Макрон истакна дека Трамп има „сериозна криза на самодоверба“ со повлекувањето од договорот. Трамп во својот говор пред светските лидери на Генералното собрание на... Читать дальше...
Вклучување на деца од ранливи категории во градинка, вработување на еден од родителите, подобро образование, подобри услови за домување, ова се само дел од предлозите на невладините со кои ќе се избегне детското питачење.
Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти службата за информирање на косовското Собрание. Весели за време на престојот во Скопје ќе биде примен од претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери. На средбата, како што се наведува во соопштението, тие ќе разговараат за односите меѓу двете земји, за можностите за продлабочување на парламентарната соработка, како и за заедничките евроатлантски интеграции на Косово и Македонија.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска беше на распит во Јавното обвинителство во Скопје за злоупотребите со електронски систем за распределба на предмети (АКМИС). Тој по завршувањето на распитот за медиумите само кратко изјави дека во обвинителството бил како сведок во предистражната постапка. Министерството за правда претходно изготви извештај за бројни нерегуларности со распределбата на предмети во Врховниот, Кривичниот и Апелациониот суд.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе претстави мировен план за Израел и Палестина во наредните месеци, што предвидува заедничко постоење на две држави и што претставува прва јасна индикација за поддршката на неговата администрација за таков исход. Трамп говорејќи на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Њујорк порача дека е негов сон да постигне мирно решение за конфликтот на Блискиот исток. Позицијата на Нетанјаху е дека секоја идна палестинска држава треба да... Читать дальше...
Полицијата во рускиот регион Ингушетија уапсила неколку демонстранти кои се противат на предавањето на делови од територијата на регионот на соседна Чеченија врз основа на контроверзниот договор за воспоставување на границата меѓу двете републики во Северен Кавказ. Очевидци соопштија дека полицијата започнала да ги апси демонстрантите откако се собрала толпа од околу стотина лица во регионалниот главен град Магас пред потпишувањето на договорот. Ингушетија и Чеченија беа дел од иста земја до распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.
Од СДСМ денеска реагираа на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и соопштија дека надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум. „Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран. Како што се ближи датумот за референдум, станува се појасно дека Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани“... Читать дальше...
Косовскиот претседател Хашим Тачи кој ја предводи делегацијата на неговата земја на Генералното заседание на ОН во Њујорк, изјави дека од претставници на САД со кои се сретнал, добил уверување дека Вашингтон го поддржува дијалогот што го води со неговиот српски колега Александар Вучиќ и ќе го почитува тоа што Приштина и Белград ќе го договорат. Косовските медиуми го цитираат Тачи како тврди дека на средбите со високи американски претставници му е потврдено дека САД ја прифаќаат и корекцијата... Читать дальше...
Постојат сериозни сомнежи и индиции дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за референдумот, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. „Она што Заев го најави од Крива Паланка постојат индиции дека засилено го прават неговите локални пајташи на терен насекаде. Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат... Читать дальше...
Руската атлетска федерација соопшти дека започнала правен процес за поништување на тригодишната забрана за своите спортисти, која следеше по големиот допинг скандал. РУСАФ денеска соопшти дека поднеле жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС), денови откако Светската антидопинг агенција (ВАДА) условно ја прекина суспензијата на Руската антидопинг агенција и покрај противењето на бројни спортисти и спортски работници. Сепак, забраната на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) се уште е во сила. Читать дальше...
Девет мигранти од Иран се пронајдени во возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички на автопатот Скопје- Гевгелија, соопшти МВР. Оттаму наведуваат дека полицијата имала сознанија дека две патнички возила „опел зафира“ со скопски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ превезуваат мигранти. Од МВР соопштуваат дека полициските службеници дале знак за запирање на возилата, но тие не застанале, а возилото „опел“ продолжило кон Граничниот премин Богородица и набргу потоа удрило во метален столб. Читать дальше...
Референдумот за името е историски момент за Македонија насочен кон изборот за приклучување кон ЕУ, изјави поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски за бугарската телевизија „Блумберг ТВ.“ „За жал договорот со Грција беше единственото можно решение за да ја отвориме вратата на ЕУ. Јасно е дека над 700 илјади граѓани на Македонија ќе гласаат „за“, но засега не се знае дали ќе се обединат оние кои се против“, вели Бучковски. Тој рече дека во моментов во Македонија има од 1.300.000 до 1.350.000 гласачи... Читать дальше...
Не е во ред членки на Европската унија да и нудат финансиска помош на Турција, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во пресрет на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Германија, каде се очекува да се отвори прашањето за германската финансиска помош за Анкара. Турција се соочува со монетарна криза и пад на вредноста на турската лира во однос на доларот за 40 проценти од почетокот на годината, како резултат на тензиите во односите со САД. Хан рече дека оваа состојба... Читать дальше...
Обврзувачкиот референдум е задолжителен и за него мора да има цензус. Кај консултативниот, дури и кога не е постигнат цензусот, конечната одлука е на Собранието,односно пратениците кои одлучуваат во име на граѓаните, објаснуваат правните експерти.
Тимови на турската крајбрежна стража спасија 46 мигранти, меѓу кои 12 деца, од чамец кој почнал да тоне во морето во близина на одморалиштето Кушадаси, објави телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Според извештаите мигрантите се обиделе да стасаат од Кушадаси до грчкиот остров Самос, а турската крајбрежна стража го забележала бродот што тонел доцна синоќа. Сите мигранти што биле во чамецот се спасени. Нелегалните имигранти се Анголци, Ганци, Палестинци, Конгоанци и Сенегалци.
Мисијата на ОН во Авганистан изрази „силна загриженост“ поради растечкиот број на цивилни жртви предизвикани од воздушни операции, откако во два одделни воздушни напади за време на викендот беа убиени вкупно 21 цивил. Цитирајќи ги последните сознанија, Мисијата на ОН во Авганистан денска соопшти дека 12 жени и деца од исто семејство, кога при воздушен напад била уништена нивната куќа во провинцијата Маидан Варадак, западно од Кабул. Инцидентот се случил на 23 септември во селото Мулах Хефез за... Читать дальше...
Секој бизнис со отворањето на границите и со влезот во ЕУ ќе има позитивни и негативни страни, велат упатените. Но, според нив, ЕУ е единствеата опција за развој на бизнисот, оти значи пристап до европските фондови и до пазарот на 500 милиони потрошувачи.
Рекорден број домашни и странски набљудувачи ќе бидат на избирачките да го следат изјаснувањето на граѓаните на референдумот на 30 септември.Според официјалните податоци од ДИК, акредитирани се 11.907 домашни набљудувачи, а бројот на странските набљудувачи е 493. Меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи, а покрај домашни референдумот ќе го следат и 83 странски новинари од 32 медиуми. Најмногу набљудувачи акредитирало Здружението за граѓански политики и иницијативи 5.574, потоа... Читать дальше...
Турското Јавно обвинителство нареди апсење на 71 лице, од кои 61 офицери и војници, под сомнеж за поврзаност со мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за државен удар во јули 2016 година. Акциите за апсење се спроведуваат во 23 области ширум Турција, а повеќе од половина од осомничените веќе се уапсени. Уапсените офицери се припадници на трите рода на Вооружените сили на Турција, како и на турската жандармерија.
Македонија ќе мора да го промени Уставот, за Грција да го ратификува Договорот за името да ги усвои протоколите со кои ќе даде зелено светло Северна Македонија да стане членка на НАТО и да може да почне преговори со ЕУ. Потоа Северна Македонија ќе ги извести ОН и други меѓународни институции за промена на името. Ќе треба да се менуваат документи, ќе се преиспитува статусот на спомениците од античката историја, канцелариите за врски ќе прераснат во амбасади.
Од март догодина почнува либерализацијата на пазарот на струја за домаќинствата и за малите фирми. Власта уверува дека сметките нема да пораснат, барем во наредните пет години, кога сè уште ќе има некаква државна контрола врз цените.
Комитетот за правосудство на американскиот Сенат на 28 септември ќе гласа за кандидатот на американскиот претседател Донлад Трамп, Берт Кавано да биде член на Врховниот суд на САД. До ова ќе дојде ден откако ќе се одржи сослушува за сексуално злоставување против Кавано. Гласањето е закажано откако Трамп оцени дека обвинувањата од страна на две жени против Кавано било „игра на демократите“.
Поранешниот премиер на Франција Мануел Валс изјави во родната Барселона дека ќе се кандидира за градоначалник на тој град. 56 годишниот Валс добил француско државјанство кога имал 20 години. Според спогодбата од Мастрихт, секој граѓанин на ЕУ може да се кандидира на локалните избори во некоја друга земја на Унијата. Валс беше премиер на Франција од 2014 до 2016 година откако беше министер за внатрешни работи.
На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија (ДИК) денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде в сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот. Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани. Читать дальше...
ЕУ и ја откажа поддршката на Турција во процесот на нејзиното придружување кон Унијата во вредност од 70 милиони евра поради неуспехот на Анкара во јакнењето на владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Буџетската комисија на Европскиот парламент соопшти дека парите ќе бидат насочени на програми за мигрантите. Овој фонд, како што се прецизира, нема да биде трајно укинат, туку ставен во резерва, а повторно ќе биде активиран доколку Турција направи позитивни чекори во владеењето на правото.