Од 18 регистрирани пожари зимава во Тетово, над 10 биле запалени оџаци, вели командирот на тетовската Протипожарна единица. Од таму апелираат до граѓаните да ги чистат оџаците, оти последиците од неисчистени оџаци може да бидат катастрофални.
Токму во денот кога требаше да го прослави 48 роденден, овој вторник на 30 јануари, во неговиот вистински дом во Македонскиот народен театар, беше промовирана монографијата за актерот Васил Шишков насловена „Шиле“ чиј автор новинарот и театарски критичар Борче Грозданов. За објавата чиј издавач е „Феникс“ ќе биде забележано дека е „ода за едно вистинско пријателство“.
Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти на претстојните Зимски Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) денеска информира дека боите на Македонија на зимска олимпијада ќе ги бранат: Антонио Ристевски – Алпско скијање/дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма), Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма) и Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км. Македонската олимписка делегација за Пјонгчанг заминува на 7 февруари... Читать дальше...
Конференцијата за решавање на седумгодишната граѓанска војна во Сирија, која се одржува во руското одморалиште Сочи, денеска беше нарушена, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше прекинуван, а опозициската делегација одби да го напушти аеродромот и да присуствува на конференцијата откако пристигна во Сочи. Русија е домаќин на Сирискиот конгрес за национален дијалог, со надеж дека ќе поттикне преговори за нов устав на Сирија. Разговорите беа бојкотирани од раководството на сириската опозиција... Читать дальше...
Додека приватни концесионери се подготвуваат за отворање на рудници за злато и бакар во источна Македонија, Собранието ќе расправа за измени на Законот за минерални суровини чие донесување може да значи забрана на употреба на цијанид и сулфурна киселина во рударските процеси.
Ракети испукана од северна Сирија денеска паднала во турскиот пограничен град Килис, јавија исвестувачите на новинската агенција Асошиејтед прес, додавајќи дека нема повредени. Ракетата е испукана од областа Африн, каде што турската војска води офанзива против силите на сириските Курди, кои ги смета за безбедносна закана зашто соработуваат со курдските бунтовници во Турција. Жителите на Килис почнале панично да бегаат кога ракетата погодила една зграда. Во досегашните ракетни напади врз турските... Читать дальше...
Спогодбата нема да биде земи или остави. Другата страна ќе има можност да интервенира со свои предлози, вели шефот на грчката дипломатија, по работниот ручек со посредникот Метју Нимиц, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина, во однос на нацрт спогодбата што ја најави синоќа во интервјуто за ЕРТ. Никос Коѕијас вели дека македонската страна е запознаена со идејата, меѓутоа содржината ја разработува Атина, додека, пак, за временскиот рок кусо коментира „што е можно побргу“. За нацрт... Читать дальше...
Јавното соопштување крајни позиции може да го намали просторот за разговори, соопштуваат од Министерството за надворешни работи во пресрет на утрешната посета на Македонија на медијаторот Метју Нимиц. „Од наша страна има добра волја за заемно прифатливо решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна“, велат од кабинетот на Димитров. Реакцијата на македонското МНР доаѓа по синоќешното гостување... Читать дальше...
Постои моментум, време е за носење одлуки, изјави медијаторот Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас. Тие разговарале за идеите кои медијаторот ги достави и ги слушнал позициите на Владата. Постои волја за договор кај двете страни, рече Нимиц оценувајќи ја средбата како конструктивна, но и дека грчката Влада е активна во решавањето на проблемот. „Мислам дека постои моментум тука. Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Читать дальше...
Судењето за предметот на СЈО „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски, е одложен за 12, 13 и 16 февруари. Тие во случајот се обвинети за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра. Судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на адвокатот Богољуб Софрониевски за одложување на рочиштето, бидејќи немал доворно време за подготовка, имајќи предвид дека и вчера бил ангажиран како бранител на Ѓоко Поповски. Читать дальше...
Пентагон забрани објавување на клучна информација за воените напори на САД во Авганистан, вели независен федерален извор. Во својот последен квартален извештај објавен на 29 јануари Специјалниот инспекторат за реконструкција на Авганистан (СИГАР) соопшти дека било кажано да не објавуваат податоци за тоа колкава територија е контролирана или под влијание на Талибанците и од Владата. Армијата исто така ја класифицираше информацијата за големината на авганистанската армија и силите на полицијата. Овој развој е проблематичен од повеќе причини... Читать дальше...
Чуден начин и временски период, коментираат аналитичарите, откако грчкиот министер за надворешни работи најави дека кон средината на февруари Атина ќе достави нацрт спогодба до владата во Скопје.
Во акција на царинските служби на граничниот премин „Богородица“ запленети се 300 килограми марихуана со пазарна вредност од 800 илјади евра наменета за земјите во Западна Европа, информираше на прес-конференција директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. Тој посочи дека на 28 јануари осомничениот 36-годишен грчки државјанин управувал камион со грчки регистарски таблички, при влез пријавил за царинење дел од стоката натоварена во Атина и ориз од Камбоџа, а цариниците при претрес ја откриле марихуаната. Читать дальше...
Не се знае кога Собранието ќе расправа за амандманите за Законот за јазиците во трето читање, поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, брифираше денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, наведувајќи дека од 35.569 амандмани досега на албански јазик преведени се само околу 17 илјади.
Има можност Република Македонија да го реши спорот со името и наскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ, оцени претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани. Тој рече дека земјата има направено значаен напредок и дека е оптимист во однос на спорот за името и можноста за почеток на пристапните преговори. Тајани во пресрет на утрешната негова официјална посета на Србија рече дека Србија и Црна Гора може да бидат подготвени во 2025 да станат дел од ЕУ како што предвидува Стратегијата за проширување во ЕУ... Читать дальше...
Потребни се мерки кои ќе се применуваат постојано, а не само кога состојбата е алармантна, велат екологисти, откако повторно стапија во сила владините мерки против загадувањето.
Не се знае кога Собранието ќе расправа за амандманите за Законот за јазиците во трето читање поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска претседателот на Парламентот Талат Џафери наведувајќи дека од 35.569 амандмани досега на албански јазик преведени се само околу 17 илјади. Според Џафери амандманите се политичко прашање, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се спречи носење на законот, истакнувајќи дека што и да се направи во оваа ситуација ќе се оспорува уставноста на законот. Во однос на тоа дали е можно амандманите да бидат повлечени... Читать дальше...
Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пјат пред денешните средби на медијаторот Метју Нимиц во Атина, изјави дека е оптимист оти ќе биде направен прогрес во преговорите за решавање на прашањето за името. Тој во интервју за грчката ТВ Скај вели дека Вашингтон целосно ги поддржува напорите на Нимиц и ОН за решавање на долгогодишниот спор. „Јас сум оптимист. САД ќе сторат се да ги поддржат напорите што ќе ги презема Нимиц во наредните денови и недели“, изјави американскиот амбасадор Пјат наведувајќи дека интерес и на земјите од Западен Балкан... Читать дальше...
Пакистанските власти соопштија дека најмалку шест членови на семејство се убиени во експлозија од автомобил во северозападен регион, во близина на границата со Авганистан. Експлозијата во момент кога семејството било на пат да присуствува на погреб во племенската област Курам, изјави денеска претставникот на локалната власт Акбар Ифтикар. „Три жени и тројца мажи загинаа на самото место“, рече Ифтикар додавајќи дека е нејасно дали експлозијата е предизвикана од нагазна мина или бомба покрај патот. Читать дальше...
Судење за предметот на СЈО „Топлик“ треба да се одржи денеска во Кривичниот суд, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопската населба Сопиште. Предметот му е доделен на судијата Осман Шабани, а според обвинението првоосомничениот Јанакиески како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере... Читать дальше...
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп немал ништо со оставката на заменик директорот на Федералното истражно биро Ендрју Мекејб. Портпаролот на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека Белата куќа не е вмешана во одлуката на Мекејб да поднесе оставка неколку недели пред неговото заминување во пензија. Таа додаде дека Трамп останува на неговите критики за Мекејб кој имаше клучна улога во истрагата за спорните мејлови на претседателската кандидатка на Демократската партија... Читать дальше...
„Москва веројатно ќе се обиде да влијае врз изборите за американскиот Конгрес на половината од претседателскиот мандат на Доналд Трамп во ноември 2018 година“. Ова го изјави директорот на ЦИА Мајк Помпео во интервју за Би Би Си, додавајќи дека не забележал значително намалување на руските активности. Помпео сепак изрази уверување дека САД ќе успеат да одржат фер и слободни избори. Американските разузнавачки служби дојдоа да заклучок дека Русија се мешала во претседателските избори во 2016 година. Читать дальше...
Вашингтон соопшти дека руски воен авион вчера бил во „небезбедна интеракција“, односно летал на оддалеченост од метар ипол од радарски авион на американската морнарица над Балтичко море. Рускиот авион, како што се наведува, директно летал пред американскиот. Стејт департментот ја повика Русија да ги спречи ваквите небезбедни акции кои ја зголемуваат „опасноста од воздушни судари“. „Времетраењето на најновата опасна интеракција траело два часа и 40 минути“, се наведува во соопштението на американската морнарица.
Во Сараево денеска ќе се одржи свеченост на која Aмериканската агенцијата за меѓународен развој, УСАИД, ќе презентира заедничка програма за помош на медиумите на Балканот, во чиј фокус ќе биде ставен развојот на онлајн медиумите во БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Амбасадорката на САД во БиХ, Маурин Кормак ќе одржи говор за витална важност на слободата на печатот и тековната поддршка на американската Влада за развој на медиумите во БиХ и регионот. Тригодишната програма во вредност од... Читать дальше...
Министерството за финансии на Соединетите држави ја издаде долгоочекувана листа на руски државјани кои имаат тесни врски со претседателот Владимир Путин. Станува збор за потенцијални цели за идните санкции на Соединетите држави врз Русија.