Словенија со сигурност треба да побара законска постапка против Хрватска во врска со нејзиното одбивање да ја спроведе одлуката на Арбитражниот суд за граничниот спор, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар. Обраќајќи се пред словенечките дипломати, Церар изрази задоволство од односите со соседите, но истакна дека односите со Хрватска претставуваат најголем предизвик. Двете соседни земји имаат спор за границата на неколку места, откако се одделија од Југославија во 1991 година. Најголемиот... Читать дальше...
Неделникот Капитал пишува за очекувањата на економски план годинава, посочувајќи дека бизнисмените и граѓаните очекуваат влез во НАТО, додека Фокус смета дека ни претстои „година на темелно чистење“.
Програмскиот совет на Македонската Радио-телевизија на последната седница пред новогодишните празници ја разрешил досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место ја избрал Смилка Јанеска-Саркањац, соопшти денеска Здружението на новинари на Македонија. Во него се наведува и дека професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Јанеска-Саркањац е член на Советот предложена од интеруниверзитетската конференција. “По изборот на Саркањац, досегашната... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека не е возможен напредок во обидите на Турција да се приближи до Европската унија по случувањата кои следуваа по неуспешниот обид за пуч во 2016 година и други прашања поврзани со човековите права во земјата. По обидот за пуч, околу 50 000 луѓе беа уапсени и чекаат судење, а околу 150 000 луѓе меѓу кои наставници, судии и војници беа отпуштени или суспендирани од работа. Макрон, ова го рече на заедничката прес конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата во Париз.
Во присуство на грчкиот премиер и претседател на партијата, Алексис Ципрас, политичкиот совет на СИРИЗА, денеска одржа состанок на кој членовите разговараа за последните случувања во прашањето за името, како и за подготовките за централниот комитет на партијата. СИРИЗА, преку соопштение испратено до медиумите, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го повторува ставот на владејачката партија во однос на спорот меѓу Македонија и Грција, односно, сложено име за севкупна употреба. “На политичкиот совет... Читать дальше...
Во неколку ирански градови денеска продолжуваат провладините маршеви додека се разгорува дипломатскиот спор за итниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради антивладините протести во земјата неделава на кои имаше и жртви. На неколку часа пред вонредниот состанок на Советот за безбедност, кој треба да се одржи денеска во Њујорк, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рибјаков ги критикуваше Соединетите Американски Држави за свикување на состанокот наведувајќи... Читать дальше...
Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец порача дека македонското малцинство е богатство за Албанија. Беше пречекан од заменик-градоначалник Андон Јани, членовите на Советот на општината Пустец и претставници на МАЕИ, предводени од генералниот секретар Васил Стерјовски, со кои се задржа во подолг разговор. “Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство, кое има прекрасни вредности и традиции. Читать дальше...
Извозот на стоки од Македонија од јануари до ноември 2017 година забележал раст од 18,6 проценти. Вредноста на извезената стока, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 5.175.429 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.977.194 илјади американски долари, што е за 13,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2017 година, изнесува 1.801.765 илјади американски долари. Читать дальше...
Град Скопје апелира до жителите да се воздржат од палење коледарски огнови со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух. Градоначалниците на сите скопски општини годинава донесоа одлука за забрана за доделување дрва од општините за таа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во целиот град. Граѓаните можат да пријават запален оган на отворено на телефонската линија 193.
Исламабад ги отфрли критиките на САД за пакистанската евиденција за верските слободи, велејќи оти од Пакистан се прави „жртвено јагне за неуспехот“ во Авганистан. Еден ден откако САД го означија Пакистан како „земја од посебен интерес поради ангажирање или толерирање на кршење на религиските слободи“, федералниот министер за религиски прашања Сардар Мухамед Јусаф денеска за РСЕ изјави дека потегот е уште еден удар врз билатералните односи меѓу двете земји. Забелешките на Јусаф исто така доаѓаат... Читать дальше...
Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија е ставен на дневен ред на 30. седница на македонското Собрание закажана на 15 јануари, откако предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика. Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерте на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов за унапредување на добрососедството и развивање сестрани меѓусебни односи согласно меѓународното право.
Владата одлучила при паралелниот увоз на лекови увозникот да мора да има оригинален сертификат за квалитет на секоја серија лекови, соопшти владиниот портпарол, кој на прес-конференција информираше и за текот на разговорите со Грција и негираше дека се преговара за конкретни предлози
Судот во Солун денеска ја соопшти одлуката да бидат екстрадирани во Македонија поранешните разузнавачи на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлуката која беше донесена на 22 декември беше соопштена денеска, бидејќи во грчкиот суд немаше кој да ја прочита на македонски јазик поради неможноста да се најде преведувач. Грујевски и Бошковски во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на опрема за прислушување. Грчкиот портал „Вориа“ известува... Читать дальше...
Судот во Тбилиси го осуди во отсуство поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили на три години затворска казна за злоупотреба на службената должност во врска со случајот за убиство во 2006 година. Судијата Ѓорги Аревадзе денеска ја објави осудата против Саакашвили, кој беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година. Судот утврди дека Саакашвили е виновен за злоупотреба на неговите претседателски овластувања, бидејќи се обидел да ги прикрие доказите за убиството на грузискиот банкар Сандро Гирглијани... Читать дальше...
Граѓанската иницијатива „Стоп извршител“ веќе некое време собира потписи од граѓаните со цел да се измени Законот за извршители и да се направи ревизија на нивната работа. Извршителите, пак, сметаат дека ова е хајка против нивната професија и велат дека никој не смее да биде над законот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека билатералните правни договори со Соединетите држави ја „губат валидноста“, откако американскиот суд го осуди директорот на турската „Халк“ банка Мехмет Хакан Атила за кршење на санкциите кон Иран. Aко Американците вака ја разбираат правдата, тогаш светот е готов. Нека ми простат САД, но законите за нашите билатерални врски и билатералните договори меѓу нас ја губат својата валидност. Јас жалам за тоа, но така ќе биде од сега па натаму. САД вршат серија на заговори... Читать дальше...
Загадувачите на воздухот во Скопје, Тетово, Битола и другите градови да се детектираат со користење на дрон, предлага партијата Демократски сојуз (ДС). Оттаму наведуваат оти е очигледно дека малиот број на еколошки инспектори не можат да се справат со загадувачите на воздухот, посебно тие што користат искористено моторно масло или масло за јадење, пластика, гуми, стиропор и други недозволени средства за затоплување и производство. „Сугерираме Министерството за животна средина и просторно планирање... Читать дальше...
ЕК во февруари ќе ја објави Стратегијата за проширување на ЕУ. Според експертите, како ќе биде оценета Македонија во стратегијата зависи од сработеното дотогаш во однос на владиниот план 3-6-9.
Најновите масовни протести во Иран, според аналитичарите, претставуваат излив на незадоволство од економските тешкотии во земјата. Сепак, тие го истакнуваат и расположението кај повеќето Иранцит за мирни промени и реформи.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок поради уличните протести во Иран, на барање на САД, а со остро противење од Русија. Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли деновиве повика на итна седница велејќи дека тоа ќе биде обид да се засили пораката на антивладините демонстранти, додека Русија соопшти оти состанокот би бил штетен и деструктивен. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека тоа е внатрешно прашање на Иран и оти секаков обид на САД... Читать дальше...
По четири рочишта, од кои две одложени, а во кои беа сослушани двајца сведоци, поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски денеска ќе ја слушнат одлуката на Советот на судии во Солун, во однос на македонското барање за нивна екстрадиција. Одлуката е веќе донесена и откако конечно ќе се најде преведувач од грчки на македонски јазик, таа треба да им се соопшти на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање. Судот во Солун на 22 декември требаше да ја соопшти... Читать дальше...
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешната дебата на јавниот сервис МТВ рече дека едно од сценаријата во нивното идно делување ќе биде изготвување закон за амнестија за притворените за настаните во Собранието од 27 април. Тој најави дека наскоро ќе бидат објавени идните чекори на партијата, меѓу кои и делувањето на пратениците, потенцирајќи дека за ова има сериозна дебата. Мицкоски истакна дека конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде ставена под знак прашање и посочи дека таа треба да биде двонасочна. Читать дальше...
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Температурата ќе се движи од шест до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до шест степени. Следува период на стабилно и суво време. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика топење на снежната покривка. Читать дальше...