Работена по текст на современиот венецуелски драмски писател Родолфо Сантана, овој петок, на 26 јануари во 20 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, ќе се случи премиерата на претставата „Тоалет за дами“, за која режисерот Деан Дамјановски во своето обраќање до публиката ќе напише: „Кога некој маж оди во тоалет, обично го прави тоа од една единствена причина. Жените го користат тоалетот како дневна соба или соба за психотерапија“.
Работена по текст на современиот венецуелски драмски писател Родолфо Сантана, овој петок, на 26 јануари во 20 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, ќе се случи премиерата на претставата „Тоалет за дами“, за која режисерот Деан Дамјановски во своето обраќање до публиката ќе напише: „Кога некој маж оди во тоалет, обично го прави тоа од една единствена причина. Жените го користат тоалетот како дневна соба или соба за психотерапија“.
Медиумите пишуваа за средбата во Давос за името, посетата на Нимиц на Скопје и Атина, враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за Законот за јазиците, судењето на случаите на СЈО, поразот на ракометарите.
НАТО ги повика САД и Турција да започнат директни преговори за решавање на проблемот со турската воена операција против курдските сили во Сирија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „ Во Мадрид, Столтенберг се сретна со шпанската министерка за одбрана Марија Долорес де Коспедал и ги поздрави плановите на земјата за значително зголемување на инвестициите во одбраната”, се наведува во соопштението на НАТО. Столтенберг го пофали значајниот придонес на Шпанија во Алијансата - за мултинационалната воена група во Летонија... Читать дальше...
Со преименувањата се прави првиот чекор, односно во пракса се применуваат изјавите за добра намера и волја за справување со иредентизмот, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос. Како што јавува МИА, Катругалос на денешниот брифинг со новинарите не сакал во детали да го коментира прашањето за името, ниту пак преговорите, изјавувајќи дека е тоа во надлежност на министерот за надворешни работи. Сепак, за одредени теми го изразил својот став. Според него, радикалните... Читать дальше...
Потребно е Европската унија да ја исправи неправдата нанесена на Западниот Балкан и да ги интегрира балканските земји, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос. “Државите од Западниот Балкан прават се што е потребно и се што е во рамките на нивните сили да одговорат на очекувањата од нив, а ние, нивните соседи, исто така треба да направиме се што можеме за да ја забрзаме нивната интеграција,” изјави Борисов. Бугарскиот премиер додаде дека сега... Читать дальше...
Научниците прв пат успеале да создадат здрави мајмуни со техниката за клонирање со која беше создадена овцата Доли. Ова се смета за важен чекор кон можноста за клонирање на луѓе, јавуваат агенциите. Од раѓањето на овцата Доли во 1996 година, научниците клонирале повеќе од 20 видови цицачи, вклучувајќи кучиња, мачки, свињи, крави и коњи, со истиот метод создадоа човечки ембриони, но досега не уапеаја да направат бебе во категоријатат на примати, во која спаѓаат мајмуните и луѓето, пренесува Асошиејтед Прес. Читать дальше...
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска побара НАТО да отвори дискусија за турската воена операција во северната сириска област Африн. “Побарав од генералниот секретар на НАТО да организира дискусија за состојбата во Сирија и во северна Сирија,” изјави Габриел. Армијата на Турција, која е членка на НАТО, во саботата започна операција во северна Сирија за потиснување на Силите за заштита на народот на сириските Курди од деловите допж границата меѓу двете земји, со цел... Читать дальше...
Белоруската влада делумно го блокираше пристапот до опозицискиот веб-сајт „Повелба 97”, потег што уредникот на сајтот го оцени како напад врз слободата на говорот. Министерството за информации го обвини сајтот „Повелба 97“за објавување на "информации за кои е забрането да се дистрибуираат со закон". Од министерството не соопштуваат за какви информации станува збор, но ги повика сите медиуми "строго да ги следат законите за медиумите". Главната уредничка на „Повелба 97”, Наталија Раџина, за РФЕ изјави... Читать дальше...
Соединетите Држави краткорочно не се загрижени поради ниската вредност на доларот, рече денеска американскиот министерза финансии Стивен Мнучин на Светскиот економски форум во Давос. Таквата ниска вредност има свои предности и недостатоци изјави Мнучин пред новинарите и додаде дека краткорочната вредност на доларот зависи од многу фактори на еден ликвиден пазар. „Не сме загрижени за вредноста на доларот краткорочно, се работи за многу ликвиден пазар и ние веруваме во слободниот девизен курс,“ изјави Мнучин. Читать дальше...
ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение ја поздравува средбата меѓу премиерите на Република Македонија и Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, оценувајќи дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји. Од партијата велат дека во овој момент ВМРО-ДПМНЕ нема никаква информација за процесот на преговори околу проблемот кој што соседна Грција го има со нашето име и како што наведуваат, не знаат дали најавите... Читать дальше...
Даночните приходи во Македонија се реализирани со над 84 проценти и изнесуваат 1,430 милијарди денари, соопшти Министерство за финансии. Кај персоналниот данок на доход има натфрлање за 0,14 проценти во однос на предвиденото со ребалансот на Буџетот за 2017 година. Приходи по овој основ се прибрани во износ од над 15 милијарди денари. ДДВ нето износот изнесува над 47 милијарди денари и е реализиран со над 97 проценти, а бруто износот е 68,532 милијарди денари. Од акцизи во Буџетот се прибрани... Читать дальше...
Во изминативе неколку месеци владите на Република Македонија и Република Грција навистина воспоставија многу интензивен дијалог, со цел да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение и изгледа дека вчерашната средба меѓу двајцата премиери е темел за подобро разбирање што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој додаде дека средбата на пемиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест затоа... Читать дальше...
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се враќаат во Собранието за повторно гласање на законот за јазици, зашто сметаат дека е неуставен. Власта, пак, вели дека е во согласност со Уставот, но најави дека ќе го испрати на мислење во Венецијанската комисија, но откако ќе се донесе.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала го погоди источниот брег на Русија, соопшти денеска Геолошкото истражување на САД. Оттаму наведуваат дека епицентарот на земјотресот бил на 38 километри североисточно од градот Николскоје на Островот Беринг кај Полуостровот Камчатка, на длабочина од 8,8 километри. Руската новинска агенција РИА цитираше официјални претставници како велат дека немало извештаи за жртви или сериозни штети и оти немало закана за цунами.
Преговарачите денеска треба да се сретнат во Виена за деветтата рунда разговори на ОН, со цел да се најде политичко решение за скоро седумгодишната војна во Сирија. Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Сефан де Мистура вчера изјави дека дводневните разговори, во кои се вклучени „целосни“ владини и опозициски делегации, доаѓаат во многу критичен момент. Де Мистура треба да одржи одделни разговори со делегациите, кои треба да бидат фокусирани на уставните прашања, откако претходната рунда... Читать дальше...
Изградбата на нов Клинички центар во Скопје со години се најавува, но досегашниот резултат е само една ископана дупка. Лекарите велат дека таков објект е неопходен, владата најавува почеток на изградба.
Според упатените, со отстапките што ги најавија премиерите на Македонија и на Грција, ниту една земја не губи многу, а се знак за добрата волја на двете страни за решавање на спорот за името.
Парламентот на Бугарија денеска го отфрли гласањето за недоверба на Владата, откако барањето за гласање за недоверба го поднесоа опозициските социјалисти поради, како што наведоа, недостиг на напредок во борбата против корупцијата во државата. Во 240-члениот Парламент за недоверба гласаа 103 пратеници, додека против се изјаснија 131 пратеник. Бугарската Влада во моментов е претседавач со Европската унија.
Министерот за одбрана Радмила Шеќеринска за РСЕ говори за поинаквиот пристап на двете актуелни влади на Македонија и Грција во преговорите за името.
Мајка и четири малолетни деца најверојатно се жртви на пожар кој се случил утрово околу 3 часот и 30 минути, кога се запалила куќата во Тетово, велат соседи и членови на семејството. Мајката била на возраст од 39 години, а децата од четири до 13 години, три машки и едно женско. Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот. Во моментот јавен обвинител, лекар од судска медицина и екипа на СВР Тетово вршат увид на лице место. Командирот од тетовската протипожарна единица... Читать дальше...
Висок руски претставник вели дека продажбата на пиво ќе биде дозволена на сите стадиони ширум земјата за време на претстојното Светско првенство во фудбал. „Освен на стадионите, вака ќе биде и во зоните на навивачите“, рече денеска рускиот вицепремиер Виталиј Мутко. Русија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство од 14 јуни до 15 јули на 12 локации во 11 градови, вклучително Москва, Санкт Петербург и Сочи. Рускиот тим на 14 јуни во Москва ќе го отвори турнирот против Саудиска Арабија... Читать дальше...
Чешкиот претседател Милош Земан е во трка за уште пет години во Прашкиот замок. Неговиот противкандидат Јиржи Драгош предупредува дека тој може да ја повлече земјата кон Исток.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и утре ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија. Белата куќа соопшти дека тој планира учеството на Форумот да го искористи за промоција на американскиот бизнис и да ја потврди неговата заложба за глобален економски развој. Тој денеска ќе има неколку средби, меѓу кои со британската премиерка Тереза Меј и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Обраќањето на Трамп на Форумот е предвидено за утре. Повеќе од илјада луѓе... Читать дальше...
Шефот на грчката дипломатија Никос Козијас по завршувањето на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, како што јавува МИА, на Твитер оцени дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот. Тој и со критики до опозициската „Нова демократија“. „Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност... Читать дальше...