Премиерот Зоран Заев изјави дека е можно спорот за името да се реши преку компромис до крајот на првата половина на 2018 година, при што постои подготвеност кај двете страни суштински да навлезат во решавање на проблемот. Тој во интервју за порталот МКД.МК потенцира дека никој од него не побарал промена на имиња на патишта или аеродром. Според него, двете страни мора да направат отстапки, а со тоа да создадат придобивки, за на крајот да си подададат рака и да се видат како партнери под европското знаме. Читать дальше...
Американскиот претседател Доналд Трамп по објавувањето на книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ на Твитер напиша дека целиот негов живот, најдобрите особини кои ги имал се менталната стабилност и тоа што е многу паметен. „Почнав од многу успешен бизнисмен, преку телевизиска ѕвезда и до претседател на САД (од прв обид). Мислам дека тоа ме опишува не како паметен, туку како гениј… и тоа многу стабилен гениј!“, напиша Трамп на Твитер. Книгата на Мајкл Волф, според Трам е полна со лажни информации. Читать дальше...
Министрите за надворешни работи на Германија и на Турција, Зигмар Габриел и Мевљут Чавушоглу денеска остварија средба како чекор напред во подобрување на односите меѓу двете земји. Германија ја критикуваше Турција за затворањето на неколку германски и турски државјани, вклучително и на новинарот Дениз Јучел под сомнение за терористички активности. Габриел нотираше дека е направен напредок по прашањето. Според него, не може да се очекува земјите да се согласат за секое прашање и има разлики во мислењата... Читать дальше...
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за весникот „Курир“, говорејќи за надворешната политика, оцени дека официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, „не и чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во името на Стејт департментот“. „Ако ова е негово лично мислење, некој досега би го демантирал или би го сменил. Но досега никој не го демантира ниту го смени. Ји е суров професионалец и јас тоа го почитувам. Тој има свои ставови“, изјави Вучиќ на прашањето за ставот... Читать дальше...
Твитер соопшти дека нема да ги блокира постовите на светските лидери и кога нивните изјави ќе бидат контроверзни, бидејќи социјалната мрежа сака да ја промивира јавната дискусија за политички прашања. Твитер ја објави одлуката по неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп напиша статус за употребата на нуклеарно оружје што предизика критики дека социјалната мрежа дозволува закани за насилството. „Твитер е тука да служи и помога во развој на глобалната, јавна конверзација. Избраните... Читать дальше...
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека оваа година неговата земја ја очекуваат тешки разговори за трајно решение за Косово. Тој за Блиц посочи дека треба да се сочуваат државните и национални интереси во услови кога постојат големи притисоци, условувања и уценувања дека со тоа ќе се успори европски пат на Србија. Според него, ако нема почитување на српските интереси нема ни да има трајно решение за Косово. Ако некој мисли да се согласиме на едностран акт кој е веќе донесен... Читать дальше...
Судот во Бишкек го осуди киргистанскиот опозициски политичар Канатбек Исаев на 12 години затвор. Исаев беше обвинет дека нелегално им доделил државно земјиште на градежни фирми кога бил градоначалник на Токмок од 2008 до 2010 година. Двајца негови соучесници добија по 10 години казна затвор. Исаев ги негираше обвинувањата, кои според него биле политички мотивирани. Неговите адвокати најави жалба за судската одлука.
Рускиот Врховен суд ја потврди одлуката дека активистот за борба против корупцијата и опозициски политичар Алексеј Навални нема право да се кандидира на претстојните претседателски избори во земјата. Според судот, одлуката на руската централна изборна комисија била донесена согласно законот. Адвокатите на Навални соопштија дека ќе се жалат на одлуката на президиумот на Врховниот суд, а може случајот ако е потребно да го однесат и на Уставен суд. Претходно тие најавија дека ќе се жалат и во Европскиот суд за човекови права. Читать дальше...
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека планира да остане на неговата функција и во 2018 година и покрај шпекулациите дека ќе се повлече поради затегнатите односи со претседателот Доналд Трамп. Во интервју за СиЕнЕн, тој посочи дека администрацијата на Трамп имала многу успешна година и сега спроведува политики кои тој се надева оти ќе водат до уште поуспешна 2018 година. ЕнБиСи во октомври, минатата година јави дека Тилерсон го нарекол претседателот морон по средбата во Пентагон.
Српските медиуми јавија дека вооружен маж се заканува дека со бомба ќе разнесе зграда во белградската населба Раковица, а полицијата се сомнева дека држи и заложници. Во моментот се преговара со него. Околу зградата има големи полициски сили и блокиран е влезот, додека сообраќајот се пренасочува.
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека тој не е загрижен за одговорот на Исламабад за одлуката на Вашингтон за суспензија на околу две милијарди долари воена помош. Не сум загрижен, им рече Матис на новинарите во Пентагон на прашањето дека со таквата одлука САД може да ја приближат Пакистан до Кина или да ја поттикне земјата за отсекување на главната рута за набавка на американските сили во Авганистан. За време на големи тензии меѓу Пакистан и САД пред шест години, Исламабад... Читать дальше...
Повикот на САД за поддршка на протестите во Иран наиде на различни реакции во ОН, при што некои од сојузниците на земјата го покренаа прашањето дали меѓународна интервенција би била оправдана. Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли ја отвори итната седница на Безбедносниот совет на ОН со молба за иранските демонстранти, посочувајќи дека тие ги ризикуваат нивните животи за да ги остварат своите права со тоа што ја критикуваат власта во потрага по подобар живот. Според неа, иранскиот режим е во центарот на вниманието... Читать дальше...
Врховниот суд во Атина треба да ја разгледа и да донесе конечна одлука за екстрадицијата на поранешните разузнавачи на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија. Нивните адвокати поднесоа жалба на одлуката на судот во Солун за нивна екстрадиција. Дотогаш, Бошковски и Грујевски ќе бидат во затвор близу Солун, каде се во екстрадициски притвор речеси три месеци. Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на опрема за прислушување.
Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Манифестацијата ќе почне со бадниковата химна и со кревање на бадниковото знаме. Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно... Читать дальше...
Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер во југоисточните делови од земјата. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла. Температурата ќе се движи од 10 до 15 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.