Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека земјата ќе поддржи иницијатива за поставување спомен-плоча на револуционерот Гоце Делчев во селото Баница, местото каде загина тој во 1903 година, јави бугарската новинаска агенција БГНЕС. Радев по средбата со неговата колешка од Грција рече дека двете земји ги оставиле настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање. “Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава и се грижи за спомениците на нејзината територија... Читать дальше...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска изјави дека во рок од два-три дена ќе се расчисти прашањето за изборите на северот на Косово. Според неа, институциите прво треба да добијат оценка за состојбата на северот, а потоа да се консултираат со партиите дали изборите да се одложат или не. „Постојат правила и критериуми поставени од страна на Венецијанската комисија за прашањата за одложување на изборите. Во случаите кога законот изречно не предвидува право на одложување на изборите, како што е случајот во Косово... Читать дальше...
Портпаролот на Европската унија – ЕУ, Петер Стано потврди денеска дека наскоро ќе има средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од дијалогот за нормализација на односите. „Високиот претставник Жозеп Борел веќе ги покани да дојдат во Брисел. Точниот датум на средбата ќе го објавиме штом ќе се знае, како секогаш“, рече Стано на конференцијата за новинарите во Брисел. Имено, по средбата на главните преговарачи во Брисел кога беше постигнат договор за регистарските таблички... Читать дальше...
САД и Русија извршија размена на затвореници. Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер е разменета со рускиот трговец со оружје Виктор Бут. Ова е втора размена со затвореници во последните осум месеци и покрај заладените односи меѓу двете земји. Руското Министерство за надворешни работи во објава на Телеграм денеска соопшти дека размената се случила на аеродромот во Абу Даби. Американските власти допрва треба да коментираат официјално за размената, но медиумите цитираат извори дека Гринер повеќе не е во руски затвор. Читать дальше...
ЕУ денеска го потврди приемот на Хрватска во Шенген зоната, соопштија хрватските претставници на блокот. „Последниот чекор е завршен! Усвоена одлуката на Советот . Сега е официјално потврдено дека Хрватска се приклучува на Шенген зоната од 1 јануари 2023 година“, се вели во твитот на постојаното претставништво на Хрватска во ЕУ. За одлуката беше потребна согласност од сите земји на ЕУ кои се членки на Шенген зоната, додека четирите надворешни членки кои се надвор од блокот не одлучуваат за тоа. Читать дальше...
Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ денеска информираше дека Координативното тело на приватните превозници донело одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“. „Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл... Читать дальше...
Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ денеска на четвртиот ден од блокадите на приватните превозници на неколку улици низ Скопје, информира дека во саботата ќе одржат состанок на координативното тело на кој ќе треба да се одлучува за нивните понатамошни мерки. „Како што спомнав, бесот се повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбава – управата на Град Скопје. Не можам да кажам ништо пред време. Треба да е состане координативното тело на превозниците, но со оглед на тоа дека се повеќе се стеснува кругот... Читать дальше...
Во Лепосавиќ во северниот дел на Косово денеска имало обид за грабеж во претставништвото на Народната банка на Србија. Лепосавиќ е општина со српско мнозинство. За време на настанот повреден е вработен во фирмата „Хендерсон“ која превезува пари за потребите на банките, потврдија за Радио Слободна Европа - РСЕ од локалниот здравствен дом. Според известувачот на РСЕ од местото на настанот, при овој инцидент било употребено огнено оружје, а биле фрлени и димни бомби. Припадниците на српската заедница... Читать дальше...
Тим од Вашингтон „ќе лови“ корумпирани функционери во Македонија. Граѓаните со поделени ставови – едни се радуваат, други не веруваат дека ќе има вистинска борба против корупцијата, а трети велат дека штом друг ни ги решава проблемите, не сме ни држава.
Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Според министерството, одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија. „Стратешките планови за изградба... Читать дальше...
Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер изјави дека земјата ќе стави вето на членките на ЕУ, Романија и Бугарија за пристапување во Шенген зоната без пасоши. Тој ја даде изјавата додека пристигнуваше на состанокот на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ во Брисел. На состанокот се очекуваше да се одобри пристапот на Хрватска во Шенген зоната, која моментално вклучува 22 од 27-те земји-членки на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд кои не се членки на ЕУ. Читать дальше...
Иранските власти денеска соопштија дека егзекутирале едно лице осудено за кривично дело, наводно извршено за време на тековните национални протести во земјата, што е прва таква казна извршена од страна на Исламската Република. Иранската новинска агенција Мизан ја објави веста за егзекуцијата. Човекот идентификуван како Мохсен Шекари блокирал улица и нападнал припадник на безбедносните сили со мачета во Техеран. Најмалку десетина луѓе досега добија смртни казни поради нивната вмешаност во демонстрациите, велат активистите. Читать дальше...
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска изјави дека политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. „Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција“, порача таа на панелот на тема „Кревки демократии“, што синоќа се одржа во Рим, во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“... Читать дальше...
И денеска со блокади продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници на неколку сообраќајни точки во главниот град. Тие, како што изјави, Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата. Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите. „Макекспрес превоз не е организатор на протестите и не знаеме до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Читать дальше...
Со низа настани денеска се одбележува 8 Декември - Денот на Св. Климент Охридски. Собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје. Во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Во состав на владината делегација ќе бидат заменик министерот за правда Агим Нухиу, заменик министерот за финансии Филип Николоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска... Читать дальше...
Поранешни и актуелни функционери, иако обвинети или осудени се уште се на слобода, бидејќи процесите против нив траат долго. Меѓународната заедница повикува на позасилена борба против корупцијата. Владата ветува мерки. Но практиката засега не ги следи ветувањата и очекувањата на граѓаните.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, како што информираат од УХМР, ќе биде значително облачно со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.